6 митови поврзани за појавата на дијареа

Себастјан Розман, м-р. фарм.
Дијареа претставува често празнење на цревата проследено со ретка столица. Може да биде акутна или хронична. Дијареата е непријатна појава и ретко е предмет на отворен разговор и поради тоа присутни се доста митови, дезинформации и совети од нашите баби како да си помогнеме. Иако на сметка на појавата на дијареа најчесто се шегуваме и не посветуваме внимание, треба да се нагласи дека може да се работи за сериозна здравствена состојба. Затоа Ве покануваме заедно да ги решиме шесте најчести митови кои се однесуваат на појавата на дијареа.
Mитови i дијареа

1. мит: Појавата на дијареа не може да биде резултат само на стрес.

Факт: Верувањето дека дијареата е секогаш заразна (бактериска или вирусна) е погрешно. Покрај централниот нервен систем постои и периферен нервен систем чиј поголем дел, како мрежа од нерви, се наоѓа во гастроинтестиналниот систем, познат и како втор или абдоминален мозок. Овие два системи се тесно поврзани и влијаат еден на друг. Стресот, дефиниран како акутна закана на рамнотежата на организмот, предизвикува промени при интеракцијата во т.н. церебро-интестинална оска, што може да резултира со различни гастроинтестинални нарушувања, често појава на дијареа.

Затоа и нѐ изненадува кога се соочуваме со стресни ситуации и најчесто се осврнуваме кон изреката: Самата помисла на тоа лошо влијае на мојот апетит!“ Дијареата поврзана со стрес, особено кога се јавува во наизменични интервалисо запек или силна болка во стомакот, може да биде показател за други, сериозниздравствени проблеми, најчесто синдром на иритабилни црева (IBS) или воспалителна болест на цревата (IBD). Ако препознаете вакво гастроинтестинално нарушување како резултат на стрес, консултирајте се со вашиот лекар.

2. мит: Дијареата нема значајно влијание врз имунолошкиот систем.

Факт: Најновите истражувања откриваат исклучителна важност на цревата, односно здравата цревна микрофлора во одржување силен имунолошки одговор, затоа што скоро 80% од клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат во цревата. За време на еволуцијата нашиот имунолошки систем се развивал во симбиоза со разновидната цревна микрофлора. Бројни корисни микроорганизми обезбедувале и сè уште обезбедуваат молекуларни сигнали кои го подржуваатразвојот и созревањето на клетките на имунолошкиот систем и придонесуваат во регулацијата на имунолошкиот одговор во телото.

Појавата на дијареа значи појава на цревна дисбиоза (нарушен однос помеѓу „добри“ и „лоши“ бактерии), што за возврат пак го ослабнува нашиот имунолошки систем и нѐ прави чувствителни на причинителите на заразни болести. Токму поради таа силна врска помеѓу здравите црева и имунолошкиот одговор, клучно е во случај на дијареа да се погрижите за обновување на здравата цревна микрофлора. Препорачуваме употреба на капсули WAYA Biotic затоа што ја содржат најинтензивно и најтемелно истражуваната корисна пробиотска бактерија Lactobacillus rhamnosus GG. Како резултат на времето во кое живееме, каде нашиот секојдневен живот е во постојана опасност од можна зараза со новиот вирус, одржувањето на имунолошкиот одговор на високо ниво е многу важно.

Најновите истражувања откриваат исклучителна важност на цревата, односно здравата цревна микрофлора во одржување силен имунолошки одговор, затоа што скоро 80% од клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат во цревата.

3. мит: Патувачкадијареа не постои или се јавува многу ретко.

Факт: Акутна, т.н. „патувачка“ дијареа е најчестата болест која се јавува кај патници кои патуваат во земјите во развој каде заостанува соодветно ниво на хигиена (поголемиот дел од Африка, Јужна и Источна Азија, како и Јужна Америка). Стратегијата за избегнување на ризичната“ локална храна како превенција од појавата на дијареа ечесто неуспешна затоа што уживањето во добра, интересна и разновидна локална кујна е една од главните желби на посетителите. Поради ова препорачливо е да се понесе со себе сет за симптоматски третман на дијареа при патување во помалку развиените делови на светот. Пример за тоа што би требало да содржи таквиот сет:

  • орална рехидратациона сол
  • препарати кои ја намалуваат цревната иритација (консултирајте се со вашиот фармацевт)
  • соодветен пробиотик чија терапија започнува една недела пред планираното патување

4. мит: Од лековите само антибиотиците може да предизвикаат дијареа.

Факт: Покрај штетните бактерии, антибиотиците ги уништуваат и добрите бактерии во нашата цревна микрофлора и така го менуваат нејзиниот состав. Овој научно докажан факт генерално е добро познат меѓу луѓето. Сепак, помалку сме информирани за сите останати групи на лекови кои може да предизвикаат дијареа. Дијареата е всушност релативно честа несакана појава која зазема околу 7% од сите несакани последици како резултат на ефектите на лекот. Во останатите групи на лекови кои предизвикуваат дијареа спаѓаат:

  • лаксативи
  • антациди (препарати за неутрализација на желудочната киселина) кои содржат магнезиум
  • нестероидни антиинфламаторни препарати (на пр. ибупрофен)
  • препарати кои влијаат на функционирањето на кардиоваскуларниот систем
  • антидепресиви
  • некои антинеопластични препарати (антиканцерогени лекови)

Ако добиете дијареа по започнување на третман со нов лек или по промена на доза со веќе познат лек, се препорачува да се консултирате со вашиот доктор.

Покрај штетните бактерии, антибиотиците ги уништуваат и добрите бактерии на нашата цревна микрофлора и така го менуваат нејзиниот состав.

5. мит: За најбрзо елиминирање на дијареата ќе се погрижиме со пост, односно намален внес на храна, бидејќи на овој начин ќе му овозможиме на гастроинтестиналниот систем да се одмори и регенерира.

Факт: За жал, ваквиот пристап на самолекување на дијареата е чест во пракса, наспроти истражувањата кои покажуваат дека постот предизвикува одредена регенерација на цреватанамалена гастроинтестинална активност и појава на потенцијална неухранетост. Иако не во целосна мера, апсорпцијата на хранливи материи се одвива и за време на дијареата и затоа треба да внимаваме да нема преголеми промени во количината и разновидноста на храната.

Препораките вклучуваат променаво временскиот и количинскиот распоред на одредени оброци. Се препорачува хранење шест пати во текот на денот затоа што иритираните црева полесно поднесуваат таков начин на исхрана отколку ретки и обилни оброци. Во секој случај, треба да се обезбеди соодветна хидратација со доволен внес на вода и надополнување на изгубените електролити, по можност со орални рехидратациони раствори.

6. мит: За време на дијареа се препорачува диета која се состои исклучиво од банани, ориз, пире од јаболка и двопек.

Факт: Погоре споменатата диета, т.н. BRAT (banana, ориз (анг. rice), пире од јаболка (анг. apple), toast), која без сомнение е дел од многу „бабини совети против дијареа“, стручната јавност денес повеќе не ја препорачува. Некои намирници од ваквите диети, особено бананите кои содржат пектин (полисахарид корисен за гастроинтестиналниот систем) и калиум (ја подобрува апсорпцијата на вода и електролити), докажано имаат корисен ефект врз цревата.

Иако диетата BRAT на почетокот реално го смирува желудникот и ја намалува дијареата, таквиот рестриктивен пристап на исхрана за време на дијареата не го обезбедува организмот со доволно макронутриенти (протеини и масти) и микроелементи (витамини и минерали) кои се од витално значење за нормална работа на организмот и клучни во процесот на закрепнување по дијареата. Новите насоки препорачуваат што порано да преминеме на здравабалансирана и разновидна исхрана со избегнување на неколку групи на надразнувачка храна (зачинета храна; пржена храна; слатка храна; вештачки засладувачи; храна богата со влакна).

Дијареата често може да ја совладаме и самостојно, а посетата на доктор се препорачува:

  • кога дијареата се повторува
  • ако вашата состојба не се подобри во рок од 48 часа 
  • столицата е крвава
  • столицата содржи слуз
  • покрај дијареата присутни се и силни болки во стомакот

Извори:

  1. Sullivan PB. Nutritional management of acute diarrhea. Nutrition. 1998 Oct;14(10):758-62. doi: 10.1016/s0899-9007(98)00078-1. PMID: 9785356.
  2. World Health Organization. (‎2005)‎. The treatment of diarrhoea : a manual for physicians and other senior health workers, 4th rev. World Health Organization.
  3. https://www.healthline.com/health/brat-diet#effectiveness (Accessed: 29. 1. 2020)
  4. Abraham B, Sellin JH. Drug-induced diarrhea. Curr Gastroenterol Rep. 2007 Oct;9(5):365-72. doi: 10.1007/s11894-007-0044-x. PMID: 17991336.
  5. Steffen R, Hill DR, DuPont HL. Traveler's diarrhea: a clinical review. JAMA. 2015 Jan 6;313(1):71-80. doi: 10.1001/jama.2014.17006. PMID: 25562268.
  6. Konturek PC, Brzozowski T, Konturek SJ. Stress and the gut: pathophysiology, clinical consequences, diagnostic approach and treatment options. J Physiol Pharmacol. 2011 Dec;62(6):591-9. PMID: 22314561.
  7. Shi N, Li N, Duan X, Niu H. Interaction between the gut microbiome and mucosal immune system. Mil Med Res. 2017;4:14. Published 2017 Apr 27. doi:10.1186/s40779-017-0122-9
  8. https://neurohacker.com/how-the-gut-microbiota-influences-our-immune-system (Accessed: 30. 1. 2020)
back to top