Запек и исхрана кај децата
За разлика од возрасните, кај кои зачестеноста на столиците е од 3 пати дневно до 3 пати неделно, кај децата, посебно во помалата возраст, бројот на столици е значително поголем. Така на пример кај новороденчињата нормален број на столици е околу 4 дневно, кај децата на возраст од 1 до 3 години е околу 2 пати на ден, а кај деца над 4 години бројот на столици се стабилизира и е како кај возрасните.
Проблемот со запек кај децата многу често се поврзува со промените како што е премин од исклучиво млечна исхрана на цврста храна, одвикнување од пелени, одење во градинка или училиште и избегнување на одење во тоалет надвор од својот дом. Запекот дури може и да започне кога детето го потиснува нагонот на празнење на цревата додека си игра, а кај постарите деца, запекот може да се појави поради значајни промени во нутритивните навики како што се нередовни оброци и смален внес на овошје, зеленчук и диетални влакна.
Запек или опстипација кај детето не се ретка појава и се јавуваат дури кај повеќе од три проценти од децата. Запекот најчесто подразбира смалување на бројот на столици, односно продолжување на периодот помеѓу столиците. Столицата тогаш е тврда и сува па детето потешко ги празни цревата.
Доколку се појави проблем со запек, најдобро е да се реагира веднаш, бидејќи секое одложување на третманот може да направи хроничен запек. Кога станува збор за краткотраен запек, најдобро е да се воведат диетални мерки. Пред се треба да се зголеми внесот на течности, најдобро вода, но на детето можат да му се дадат и чаеви кои „отвараат„ како што се камилицата и копривата како и компоти од суви сливи, смокви и крушки.
Многу e важно детето да има редовни и урамнотежени оброци. При тоа се става акцент на многу овошје и зеленчук (често се препорачува избегнување на банани и моркови), секако се советува избегнување или во поголемиот дел замена на рафинирани житарки и производи од рафинирани житарки, како што е белиот леб и останатите производи од бело брашно (тестенини, пекарски производи и бисквити) но и да се замени рафинираниот ориз со интегрални варијанти и мешавина на житарки.
Поголема количина на слатки, грицки, чоколади, но и млеко предизвикува појава на запек. Денес постојат и препораки од Европското друштво за детска гастроентерологија, хепатологија и исхрана, кои советуваат да му се обезбеди на детето нормален внес на диетални влакна и нормален внес на течности, како и да се поттикне детето на физичка активност.
Доколку се појави проблем со запек, најдобро е да се реагира веднаш, бидејќи секое одложување на третманот може да направи хроничен запек. Кога станува збор за краткотраен запек, најдобро е да се воведат диетални мерки.
Добар внес на диетални влакна најдобро се постигнува со консумирање на интегрални житарки и производи од брашно од полно зрно од различни житарки. Овошје, зеленчук и мешунки се извор на нутритивни влакна растворливи во вода, кои воедно имаат и пробиотско дејство, ја обложуваат цревната слузокожа и го олеснуваат празнењето на цревата. Од млечните производи најчесто се советува да се користат ферментирани млечни производи како извори на пробиотска култура.
Всушност, хроничниот запек може да предизвика дисбиоза во цревата. Оваа појава дополнително ја зголемува и медикаментозното лекување, поради што денес се повеќе се истражува давањето на пробиотици како дополнителна терапија. Пробиотиците ја регулираат нарушената цревна микрофлора и со тоа можат да го забрзаат лекувањето на хроничниот запек.
Интересно е дека физиолошкиот импулс на празнење на цревата е најјак отприлика од 15 до 30 минути после поголем оброк, поради што кај децата со запек се препорачува да се практикува така наречен тоалетен тренинг. Тој тренинг вклучува носење на детето во тоалет кога е тоа физиолошки оптимално и очекувано.
Пробиотиците ја регулираат нарушената цревна микрофлора и со тоа можат да го забрзаат лекувањето на хроничниот запек.
Покрај диететските мерки, физичката активност и тоалетниот тренинг, понекогаш во лекување на запекот потребна е и медикаментозна терапија, каде најчестиот пристап е давање на лактулоза, дисахариди кои не се варат и делуваат хиперосмоларно (привлекуваат вода во цревото) и со тоа ја омекнуваат столицата.
Кај детето кое има запек најважно е да се постигне и промена во однесувањето. Детето треба да биде релаксирано, без притисок и казнување за да може да дојде до редовна столица, при тоа не придавајќи голема важност на оваа нормална функција на организмот.