Здрава исхрана за време на пандемијата COVID-19

Несигурноста која е присутна како последица на пандемијата со новото вирусно заболување COVID-19 може да се намали доколку некои работи ги преземеме во свои раце. Промената на начинот на работа и воопшто начинот на живот носи голем број на предизвици, но и предности. Веројатно трошите помалку време на превоз до работа, патувања и други активности, а повеќе време поминувате во својот дом. На тој начин вие имате повеќе време за избор на здрав начин на живот, при што со соодветна физичка активност, земање доволна количина на течности и здрава исхрана би го зацврстиле својот имун систем.
Здрава исхрана и дигестија за време на вирусните инфекции

Значи, да се погрижиме од сега да конзумирате само здрави оброци. Следуваат пет совети кои ги подготвивме за вас.

1.    Планирајте ги своите оброци

Повеќето луѓе размислуваат за храна тогаш кога ќе почувствуваат глад во стомакот. Дали сте и вие меѓу нив? Ако е така, тоа значи дека во вакви случаи го испразнувате фрижидерот и јадете нездрава храна. Затоа, ве советуваме да подготвувате месечно мени за себе и за вашето семејство, кое ќе содржи 3-5 оброци на ден. Идеи за здрави оброци можете да најдете во книгите за готвење и на интернет блоговите. Без грижи, има многу од нив дури и за почетници во готвење!

Потоа прилагодете го менито во список за купување во зависност од бројот на луѓе во вашето домаќинство. Проверете кои намирници од списокот веќе ги имате дома и што друго ви треба, и посетете ја продавницата само еднаш месечно или на секои 14 дена, вооружени со список за шопинг. Сепак, можете исто така да нарачате храна преку интернет и да избегнете ризик од инфекција со коронавирус и истовремено да заштедите пари затоа што ќе го избегнете купувањето непотребни производи што ви се нудат во продавниците.

2.    Почитувајте ги принципите на здрава исхрана

Половина од главниот оброк треба да се состои од зеленчук, четвртина протеини и четвртина јаглехидрати. Додадете салата и чаша вода и подготвен е вашиот здрав оброк!

Принципи на здрава исхрана

  • Изберете храна богата со хранливи материи како што се свежо сезонско овошје и зеленчук, како и интегрални производи.
  • Од храна богата со јаглени хидрати, изберете корисни производи како што се житарки, каша, интегрален леб и тестенини.
  • Свежо сирење, јајца и мешунки се протеинска храна што треба да се наоѓа на вашата чинија секој ден. Препорачуваме да конзумирате риба еднаш или два пати неделно, а месо без маснотии можете да си дозволите најмногу четири пати неделно.
  • Изберете  растителни масла во замена на оние маснотии од животинско потекло.
  • Избегнувајте ги грицките и претходно подготвената храна.

Нема докази дека новиот коронавирус се пренесува преку храна.

3.    Намалете ја веројатноста за инфекција со коронавирус преку храната

Во моментов нема докази дека новиот коронавирус се пренесува преку храна, што значи дека вирусот не се размножува врз или во храната. Сепак, постои теоретска можност дека заразен пациент може да го пренесе вирусот на пакувањето или врз храната преку кивање, кашлање и потоа допирање на производот, што потоа се пренесува на купувачот преку контакт на мукозната мембрана со заразениот производ.

Тој начин на пренесување може да го избегнете преку:

  • Правилно и често миење на рацете
  • Што е можно поретко допирање на производите
  • темелно миење на свежото овошје и зеленчук
  • термичка обработка на храната бидејќи коронавирусот е чувствителен на високи температури
  • соодветно складирање на храната

4.    Изберете храна што се одгледува локално

Конзумирањето храна произведена од локални производители, преработувачи и одгледувачи ви носи бројни придобивки. Покрај тоа што е похранлива за разлика од онаа која доаѓа во продавниците од подалечни места, купувањето храна што се одгледува локално, помага и во заштитата на животната средина и ја зголемува нутритивната вредност на храната, а создава и деловна можност за локалните земјоделци и производители.

Регулираната цревна микрофлора е клучна за силен имун систем затоа што дури 70% од клетките на имуниот систем се наоѓаат во цревата.

5.    Вклучете во вашата исхрана и додатоци во исхраната кои му се потребни на вашето тело

Ако се храните разновидно, во принцип, нема потреба да земате додатоци во исхраната. Сепак, препорачуваме да консумирате пробиотици кои обезбедуваат регулирана дигестија и урамнотежена цревна микрофлора. Балансираната цревна микрофлора е клучна за силен имунолошки систем, бидејќи дури 70% од клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат во цревата. Останете здрави!

Извор: NIJZ, Prehranski nasveti, namenjeni posameznikom in družinam v času nove virusne bolezni COVID-19, 2020
www.nijz.si/sites/www.nijz.si/files/publikacije-datoteke/prirocnik_koncni_1.pd

back to top