ГЛАВЕН СИМПТОМ НА РЕФЛУКС НА КИСЕЛИНА: НЕПРИЈАТНА ГОРУШИЦА И НЕЈЗИНИ ПРИЧИНИТЕЛИ

Во западниот свет дури четвртина од жителите имаат тегоби поради непријатното чувство во градите кое е нарекува горушица. Кај повремени, кратки епизоди тоа е потполно нормална појава која може секој да ја почувствува и не предизвикува проблеми. Доколку повеќе пати чувствувате горушица, тоа може да биде рефлукс на киселина, честа болест на западниот свет.
[Translate to Macedonian:] Neprijetna zgaga in vzroki

Што претставува рефлекс на киселина?

Рефлукс на киселина (гастроезофагеален рефлукс) значи враќање на желудочната содржина од желудникот горе во хранопроводот. Тоа се случува поради ослабена функција на долниот мускул затворач на хранопроводот (сфинктер) кој го спречува истекувањето на желудочната киселина во хранопроводот.

Притоа може да се осети жарење и гребење во хранопроводот, познато како горушица, исто така може да биде проследено со кисел или горчлив вкус во устата, повраќање, ранички во устата, жарење на јазикот, лош здив и во некои случаи, враќање на храната во уста.

Што предизвикува горушица?

Горушица е најчест симптом на рефлукс на киселина. Во текот на денот чувството може да биде потполно нормално, но може постепено да се зајакнува и може да стане неподносливо до вечерните часови. Често е последица на распоред на оброци во текот на денот, бидејќи повеќето луѓе го консумираат својот најголем оброк во предвечерието. Бидејќи проблемите со горушицата можат да се влошат поради некои намирници, добро е да се знае како да се прилагоди исхраната и да се намали непријатното чувство.

Најчеста храна и напитоци кои предизвикуваат горушица:

  • домат
  • кромид
  • лук
  • праз
  • напитоци со кофеин
  • газирани напитоци
  • чоколада
  • гума за џвакање
  • аргуми и нивни сокови

Освен храна, на развојот на горушица можат да влијаат и многу други причинители:

  • Неактивен начин на живот – поголем ризик од појава на горушица имаат луѓе кои лошо се хранат во текот на денот, а по враќање од работа имаат доста обилна вечера и потоа одмараат во лежечка положба. Лежењето по обилен оброк создава дополнителен притисок на мускулот затворач, а истовремено на него влијае и одредена храна и го поттикнува неговото отворање, што предизвикува враќање на содржината од желудникот во хранопроводот.
  • Бременост – за време на бременост хормоните и физичките промени во организмот на мајката ја ослабуваат работата на мускулите затворачи и предизвикуваат горушица. Повеќе за горушица во бременоста прочитајте во нашата втора статија.
  • Прекумерна тежина – прекумерна телесна тежина може да ја зголеми можноста за настанок на горушица. Зголемена тежина, посебно во подрачјето на стомакот, може да предизвика дополнителен притисок на желудникот, што доведува до можност на враќање на киселина во хранопроводот.
  • Лоши навики – пушење, консумирање на газирани напитоци или големи количини на кафе и алкохол може да ја зголеми можноста за појава на горушица.

Кај горушица помогнете си со производот WAYA StopReflux

Производите за ублажување на горушица на база на алгинат како што е WAYA StopReflux може да Ви помогнат да ја спречите горушицата во бременоста. Производот ја ублажува горушицата со механичко спречување на рефлукс за помалку од три минути, ја заздравува и штити слузницата.

Пред употреба на производот во бременоста, разговарајте со Вашиот лекар или гинеколог. Производот едноставно се користи – само 1 кесичка после оброк или навечер пред да легнете во кревет, односно пред да одите на спиење.

back to top