Акутна дијареа

Акутната или ненадејна дијареја е дигестивно нарушување кое се карактеризира со мека и течна столица, често празнење на цревата (≥3 пати во рок од 24 часа), и поголема количина на столица од вообичаено.
[Translate to Macedonian:] Vse o akutni driski: simptomi, ukrepi

Најчеста причина за акутна дијареа се инфекции предизвикани од вируси, особено од рота вирусот, а во помала мера од бактерии и паразити.

Често е придружена со висока температура, стомачни грчеви, губење на тежината, главоболка и повраќање. Тоа обично трае од неколку дена до две седмици.

Вирусна дијареа

Рота вирусните инфекции може да се појават во текот на целата година, но најчести се во периодот од ноември до мај. Може да се заразиме повеќе пати во текот на годината. Кај децата инфекцијата предизвикана од рота вирусот е поопасна, особено доколку се прв пат заразени. Инфекциите можат да се спречат со вакцинирање. Со рота вирусот до петтата година од животот се заразуваат дури 95% од децата.

Дијареата предизвикува тешко дехидрирање кое може да го загрози животот, особено кај децата и постарите лица. Денеска, дехидрацијата сè уште е причина за смртност кај децата, а истовремено е поврзана и со хоспитализација и зголемени трошоци за здравствена заштита. Според истражувања направени во Европа, годишно од дехидрација поради дијареа умираат дури 231 дете, што претставува застрашувачки податок.

[Translate to Macedonian:] Z rotavirusom se do petega leta starosti okuži kar 95 % otrok.

Дали сте знаеле?

Со рота вирусот до петтата година од животот се заразуваат дури 95% од децата.

Инфекцијата предизвикана од рота вирусот се шири многу брзо особено во затворени простории каде се задржуваат многу луѓе. Поради високата заразност и едноставното ширење, рота вирусот е често причина за појава на епидемија на дијареја во градинките, во домовите за стари лица и болниците. Доколку детето се разболи, голема е опасноста дека ќе се пренесе и на другите членови од семејството (податоците покажуваат дека најмалку 33% од возрасните се разболуваат од гастроинтестинални болести).

Како да препознаеме инфекција предизвикана од рота вирусот?

Првите знаци на инфекцијата се јавуваат од 12 часа до 4 денa по контакт со вирусот. Симптоми се:

  • повраќање,
  • болки во стомакот,
  • може да се појави и зголемена телесна температура,
  • ретко знаци на настинка,
  • Потоа следува дијареата, која е главен знак на болеста.

Повраќањето и дијареата може да предизвикаат опасен губиток на течности и електролити, односно дехидрација, која се манифестира со:

  • зголемена жед,
  • сува уста и испукани усни,
  • воспалени очи, бледа и ладна кожа,
  • детето уринира помалку отколку вообичаено, урината е со потемна боја и може да има непријатен мирис.

Driska hitro povzroči dehidracijo

Бактериска дијареа

Дијареата предизвикана од бактерија најчесто настанува поради труење со храна или вода. Дигестивните нарушувања може да бидат предизвикани од променетата, но безопасна бактериска флора во животната средина. Дијареата може да се јави во домот, меѓутоа најчесто се заразуваме на патувањата, каде сме изложени на промени на храната и околината. Дијареата на патувањата може да се појави веднаш по инфекцијата, а кај некои лица дури седмиот ден по патувањето.

Патниците најчесто се заразуваат од:

  • сирово, неизмиено овошје и зеленчук,
  • млечни производи,
  • сирово месо или
  • конзумирање пијалок со коцки мраз.

Дали сте знаеле?

Дијареата предизвикана од бактерија најчесто настанува поради труење со храна или вода.

Кога да го посетите вашиот доктор?

Општа препорака е да се посети доктор доколку во рок од два до три дена не се смири дијареата, односно ако се забележат првите знаци на дехидрација. Кај децата треба да се земе предвид и возраста: колку е детето помало, толку побрзо треба да се посети лекар.

Driska: kako ukrepati?

Спречување на ширење на инфекцијата

  • Исклучително е важно редовно и темелно миење на рацете. Дезинфицирајте ги рацете неколку пати на ден.
  • Внимавајте на чистотата во вашиот дом! Редовно проветрувајте и дезинфицирајте ги санитарните и другите потенцијално заразени простории и површини. Ако во семејството веќе имате некој со вирусна дијареја, користете различен прибор и крпи.
  • Ако детето повраќа, потребно е сè добро да исчистите, провриете или фрлите во ѓубре. Валканите пелени мора што побрзо да се фрлат, а облеката и постелнината што побрзо да се исперат на висока температура. Се препорачува чистење на површините, играчките и предметите кои детето често ги допира.
  • Останете дома ако сте болни! Децата и возрасните кои повраќаат или имаат дијареја се исклучително заразни, бидејќи преку столицата се исфрлаат најштетните микроорганизми.

Дали сте знаеле?

Ако имате дијареа останете дома, бидејќи тогаш сте исклучително заразни!

Исто така, како резултат на тоа што може да сме заразени и ден или два пред појавата на симптомите или да сме само носители на вирусот, не е реткост и цели групи во градинките, училиштата и домовите за стари лица да бидат заразени со вирусна дијареа.

Итни постапки кај дијареа

  1. Надоместување на изгубените течности и електролити

    Надоместувањето на течностите е прва и најважна мерка кај дијареата и повраќањето. Се препорачува често конзумирање на течности во мали количини. Најдобри се рехидрациските раствори, а може конзумирање и умерено засладен чај. Со внесување на редихидрациски раствори во телото покрај течности внесуваме и електролити. Рехидрацискиот раствор ја спречува дехидрацијата, но не влијае на намалувањето на дијареата. За совет контактирајте педијатар или фармацевт во аптека.
  2. Начин на исхрана за време на дијареа

    Кај дијареата не е потребна никаква посебна диета. Се препорачува колку што e можно повеќе внесување на течности, како и храна шест часа од почетокот на рехидрирањето. Ако детето сè уште се дои, треба да се дои што почесто, кога и да посака. Тоа важи и за децата кои конзумираат адаптирано млеко.

    Кај повозрасните деца и возрасните исто така се препорачува брзо воведување на стандардна исхрана без диетални ограничувања. Ако детето долго време ја одбива храната, а особено ако одбива течности и притоа ги забележите првите знаци на дехидрација, потребно е да се обратите кај лекар.
  3. Надомест на „добрите‘‘ бактерии во цревата и регулирање на варењето

    Кај дијареата се препорачува што е можно поскоро воведување на пробиотски култури со корисни млечно-киселински бактерии. Треба да се изберат докажано ефикасни пробиотски култури (Lactobacillus rhamnosus GG) и да ги има во доволна количина. За совет контактирајте педијатар или фармацевт во аптека.
  4. Значењето на хигиената

    Пациентите инфицирани со рота вирусот се исклучително заразни. Рота вирусот се шири преку воздухот (при повраќање, кивање и дишење), при допир на заразени површини (играчки, постелнина, крпи...) како и со консумирање на инфицирана храна и пијалоци (ако на пр. јадеме со истиот прибор или од истата чинија).

    ​​​​​​​Рота вирусите се стабилни на собна температура и може да се задржат на детските игралишта, столчињата и масичките и по неколку месеци, па затоа се препорачува дезинфекција на тие површини. Дури и по завршување на инфекцијата причинителите уште долго се излачуваат со столицата.

Литература:

  • Floch et al: Recommendations for probiotics use – 2015 update, Proceedings and Consensus Opinion. J Clin Gastroenterol. 2015; 49:S69-73
  • Guarino et al: European Society for Pediatric Gastroenterology, Hepatology, and Nutrition/ European Society for Pediatric: Infectious Diseases evidence-based guidelines for the management of acute gastroenteritis in children in Europe update 2014. J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2014;59:132–152.
  • Guarner et al: World Gastroenterology Organisation Global Guidelines: probiotic and prebiotics. February 2017.
  • Soriano-Gabarro et al: Burden of rotavirus disease in European Union countries. Pediatr Infect Dis J. 2006 Jan;25(1 Suppl):S7-S11.
  • Hodges et al: Infectious diarrhea: Cellular and molecular mechanisms. Gut microbes. 2010; Jan;1(1):4-21.
  • Allen et al: Probiotics for treating acute infectious diarrhoea. Cochrane Database Syst Rev. 2010 Nov 10;(11).
back to top