Како да го изберете вистинскиот пробиотик?
Пробиотиците се додаваат во храната, на пример во јогуртот, односно во производи од јогурт или како додатоци на исхрана се нудат во аптеките во форма на таблети или капсули. Сите пробиотици се со ветување дека ќе бидеме повеќе или побрзо поздрави.
Содржат различни пробиотски култури или се комбинација од неколку бактериски култури. И како да се одлучиме кој пробиотик е вистинскиот за нас? Дали сите пробиотици се соодветни за секого и за секој вид на дигестивно нарушување?
При изборот на пробиотик, прво треба да се земе во предвид дека секоја бактерија не е пробиотик. Јогуртот, на пример, се добива со ферментација на млекото со помош на млечно-киселинска бактерија, но секоја млечно-киселинска бактерија не е пробиотик.
На што треба да внимавате при изборот на пробиотик?
За да може да се тврди дека некоја бактерија има пробиотски својства, постојат многу строги и јасно дефинирани правила. Пробиотиците се дефинирани како специфични микроорганизми кои можат позитивно да влијаат на нашето здравје доколку ги земеме во доволна количина. Мораат да бидат означени со точна ознака која гo одразува специфичниот вид и сој на бактериите во микробиолошкиот систем. Мора да се обезбеди безбедноста на пробиотиците, која е дефинирана со строга регулатива во однос на тестирањето и редовното следење на безбедноста на одреден производ.
За да еден пробиотик е ефикасен, бактеријата мора да преживее во цревата и да ја има во доволна концентрација во производот до неговиот рок на траење. За секој пробиотик мора да се направени соодветни научни испитувања и да се потврдени позитивните ефекти врз здравјето, односно превентивните и здравствените ефекти на одредени болести.
Lactobacillus rhamnosus GG е најистражуваниот пробиотски сој
Бројни клинички испитувања ги потврдија позитивните ефекти на одредени пробиотски бактерии врз здравјето на одредени пробиотски бактерии. Од сите пробиотици најиспитуванa е пробиотската бактерија Lactobacillus rhamnosus GG. Докажано е ефикасен кај акутна дијареа (кај децата го скратува времетраењето на акутната дијареа на еден ден) и спречува појава на гастроинтестинални нарушувања поради земање на антибиотици. Покрај Lactobacillus rhamnosus GG, висок степен на препораки од страна на експертите во лечење на акутна дијареа кај деца и спречување на дијареа предизвикнана од третман со антибиотици има и пробиотската габи Saccharomyces boulardii.
За пробиотската бактерија Lactobacillus rhamnosus GG има голем број на препораки за третман и превенција на атопичен дерматитис поради алергија на кравјо млеко, а ова исто така се однесува и за Bifidobacterium lactis. Има и други пробиотици з кој е докажано дека:
- имаат позитивни ефекти во зајакнувањето на имунолошкиот систем,
- во третман на улцеративен колитис,
- кај синдром на нервозни црева и во многу други состојби.
Пред да одлучите кој пробиoтик ќе го одберете, добро е да знаете какви ефекти врз здравјето можете да очекувате од него и да се потрудите да изберете производ кој е докажано ефикасен за вашите проблеми и можете да го земете во доволни количини за да биде ефикасен.
Ако не сте сигурни, посоветувајте се во вашиот лекар или фармацевт кој пробиотик да го изберете.