Дејството на витаминот Д на имунолошкиот систем кај децата

Славка Брајовић Хајденкумер
Во последните години е зголемен интересот за витаминот Д и неговото додавање во исхраната, бидејќи е познато дека витаминот Д во телото се претвора во хормон кој делува скоро на сите случувања во нашиот организам.
Дејството на витаминот Д на имунолошкиот систем кај децата

Витаминот Д делува на:

  • зачувување на здрави коски и заби,
  • нормална апсорпција на калциум и фосфор,
  • нормална работа на мускулите,
  • делба на клетките и
  • имунолошкиот систем

Дејство на витаминот Д на имунолошкиот систем

Едноставно можеме да кажеме дека витаминот Д делува на реакцијата на имунолошкиот систем кога тоа е потребно и ја спречува неговата прекумерна работа кога не е потребна. Затоа, ова дејство на витаминот Д се проучува веќе неколку години.

Како витаминот Д делува на имунолошкиот систем?

Витаминот Д во својот активен облик е сигнален молекул кој се врзува за посебен рецептор и преку него може да делува на имунолошкиот систем на човекот.

Сигналот на зголемениот активен облик на витамин Д може да делува на зголемување на вродениот имунитет на патогените микроорганизми од бактериско или вирусно потекло и на зголемување на стекнатиот имунитет.

Витаминот Д делува на реакцијата на имунолошкиот систем кога тоа е потребно и ја спречува неговата прекумерна работа кога не е потребна.

Сигнализација на витаминот Д исто така го спречува воспалителниот имунолошки одговор кој се темели на автоимуни процеси и ги регулира алергиските одговори. Во тек се различни испитувања кои ја проучуваат врската помеѓу витаминот Д и инфекциите, автоимуните состојби и алергиски болести, но точната поврзаност сеуште не е позната.

Рецептори за кои се врзува активниот облик на витамин Д се наоѓаат во тенкото и дебелото црево, клетките одговорни за изградба на коските, во одредени клетки на имунолошкиот систем, во одредени клетки на панкреасот кои учествуваат во регулирање на нивото на шеќер во телото и во други органи како што се мозокот, срцето, кожата, половите органи, простатата и дојките, како и некои крвни клетки.

Имунолошкиот систем на детето

Имунолошкиот систем на детето сеуште не е зрел после раѓањето, бидејќи делумно мора да се развие во контакт со надворешните фактори, а делумно детето е заштитено со антитела кои ги добило од мајката во текот на бременоста. Поради тоа созревањето на имунолошкиот систем се одвива цело време и слично е како кај возрасните и трае се до третата година. Многу инфекции на респираторниот и гастроинтестиналниот систем се дел од природното зајакнување на детскиот имунолошки систем, па затоа децата во предшколска возраст се често болни, а инфекциите можат да траат подолго и да имаат потежок тек.

Многу инфекции на респираторниот и гастроинтестиналниот систем се дел од природното зајакнување на детскиот имунолошки систем, па затоа децата во пред школската возраст се почесто болни.

Инфекции и витамин Д

Во мета анализа на повеќе испитувања во кои учествувале повеќе од 7400 деца, утврдено е дека децата со сепса имаат многу ниско ниво на витамин Д. Кај децата кои во текот на испитувањата добиваат додаток на витамин Д не е забележана помала зачестеност на болестите на долните респираторни патишта, меѓутоа, децата кои се примени на одделот на интензивна нега поради такви инфекции имале пониско ниво на витамин Д од оние на кои не им било потребно интензивно лекување. Овие резултати ја потврдуваат хипотезата дека одржувањето на доволна количина на витамин Д кај децата може да го намали бројот на инфекции. Истите тие испитувања исто така покажале дека помало дневно дозирање на витамин Д е поефикасно од еднократни големи дози.

Алергиски болести и витамин Д

Помало испитување во кое деца со различен степен на атописки дерматитис добивале додаток од витамин Д во периодот од три месеци, покажало дека кај децата со слаб и умерен дерматитис лесно се подобрила состојбата, најверојатно поради намалување на бројот на имунолошките клетки во крвта.

Со испитувањата е утврдено дека недостатокот на витамин Д е почест кај децата заболени од астма и дека тоа значително би влијаело на регулирање на имунолошките клетки кај млади луѓе со астма. Сеуште не е познато дали со додавање на витаминот Д може да се смали бројот на компликациите во пракса.

Алергија на храна

Теоретски модели го поврзуваат недостатокот на витамин Д со појава на алергија на храна, бидејќи би требало соодветниот надомест на витамин Д во тек на бременоста и раното детство да влијае на зголемување на толеранцијата, зголемување на имунитетот на цревната слузокожа, да помогне при воспоставување на така наречени добри цревни бактерии, намалување на зачестеност на цревните инфекции и исто така влијае на смалување на зачестеност на алергии на храна кај децата.

Pomanjkanje vitamina D in alergija na hrano

Во 2022 година би требало да биде завршено австралиското испитување кое треба да ја покаже врската помеѓу појавата на алергија на храна и додавање на витамин Д кај децата кои добиваат додаток на витамин Д од возраст на доенче до возраст од една година во споредба со деца кои не добиваат додаток на витамин Д. Кога децата ќе имаат една година, се зголемува зачестеност на алергија на храна, а истовремено ќе добиеме податоци за зачестеност на инфекции и други алергиски болести.

Невролошки болести и витамин Д

Рецепторот за кој се врзува активниот облик на витамин Д е чест и е во различни делови на мозокот. Помеѓу останатото, неколку испитувања покажале дека витаминот Д спречува создавањена ензим кој се создава во нервните клетки кога им недостасува кислород или кај болести како што се Паркинсонова и Алцхајмерова, како и кај Мултиплекс склероза.

Автоимуни болести и витамин Д

Одредени испитувања докажале дека смалена вредност на витамин Д кај лабораториски животни е поврзана со симптоми кај автоимуни заболувања како што се ревматски артритис, системски еритематозен лупус, дијабетес тип 1 и воспалителни болести на цревата, како и да се зголеми и ризикот од вирусни инфекции како туберкулозата, но веројатно и грипот. Испитувањата на луѓе сé уште траат и сé уште не ги потврдиле горенаведени теории.

Заклучок

Познато е дека недостатокот на витамин Д подеднакво често се јавува и кај возрасните луѓе, затоа децата на возраст од една недела и понатаму добиваат додаток на витамин Д. Освен за повеќестрано делување на витаминот Д на процесите во нашето тело, со години се истражува како со додавање на витамин Д во исхраната може да се подобри нашиот имунолошки систем и со тоа да се намали бројот на инфекции, да се спречи или да се влијае на алергиските и автоимуните заболувања. Точната врска и ефектите помеѓу горенаведените болести и витаминот Д се сеуште непознати, повеќе информации можат да се очекуваат во следните години, но е сепак е јасно дека потенцијалот на витаминот Д во оваа област е доста голем.

Литература

  1. Vassallo, M. F., & Camargo, C. A. (2010). Potential mechanisms for the hypothesized link between sunshine, vitamin D, and food allergy in children. Journal of Allergy and Clinical Immunology, 126(2), 217–222. doi:10.1016/j.jaci.2010.06.011

  2. The impact of vitamin D deficiency on immune T cells in asthmatic children: a case-control study Haïfa Maalmi, Anissa Berraïes, Eya Tangour, Jamel Ammar, Hanadi Abid, Kamel Hamzaoui, Agnes Hamzaoui, J Asthma Allergy. 2012; 5: 11–19. Published online 2012 May 9. doi: 10.2147/JAA.S29566

  3. Yakoob MY, Salam RA, Khan FR, Bhutta ZA. Vitamin D supplementation for preventing infections in children under five years of age. Cochrane Database of Systematic Reviews 2016, Issue 11. Art. No.: CD008824. DOI: 10.1002/14651858.CD008824.pub2

  4. Michael F Holick, Sunlight and vitamin D for bone health and prevention of autoimmune diseases, cancers, and cardiovascular disease, The American Journal of Clinical Nutrition, Volume 80, Issue 6, December 2004, Pages 1678S–1688S,doi.org/10.1093/ajcn/80.6.1678S

  5. Fernandes de Abreu, D. A., Eyles, D., & Féron, F. (2009). Vitamin D, a neuro-immunomodulator: Implications for neurodegenerative and autoimmune diseases. Psychoneuroendocrinology, 34, S265–S277. doi:10.1016/j.psyneuen.2009.05.023

  6. Agmon-Levin, N., Theodor, E., Segal, R. M., & Shoenfeld, Y. (2012). Vitamin D in Systemic and Organ-Specific Autoimmune Diseases. Clinical Reviews in Allergy & Immunology, 45(2), 256–266. doi:10.1007/s12016-012-8342-y

back to top