5 критериуми за избор на квалитетен пробиотски производ

Проф. д-р Ирена Рогељ
Бројот на научни докази за корисните ефекти на пробиотиците врз здравјето на луѓето постојано расте. Меѓутоа, и покрај најновите клинички испитувања, многу производи од овој тип се со сомнителен или непроверен квалитет, а сепак остануваат на пазарот, каде пробиотиците најчесто се наоѓаат во форма на додатоци во исхраната.

Дали сакате да изберете квалитетен пробиотик за себе и за вашите најблиски, но тешко ви оди при изборот меѓу полните полици на производи на пазарот што се еднакви на прв поглед и се прашувате кој е најдобриот? Прочитајте и ќе дознаете што науката во моментов вели за пробиотиците и за она што најмногу ве интересира - кои критериуми ќе ги земете во предвид при изборот на пробиотик со највисок квалитет на пазарот.

Пет карактеристики на квалитетен пробиотски производ 

Првичните параметри за квалитетот на пробиотскиот производ веќе се наведени во дефиницијата за пробиотици, бидејќи тие ја нагласуваат виталноста на микроорганизмот и дозата потребна за дејство. Меѓутоа, кога зборуваме за пробиотик, наидуваме на дополнителни барања затоа што мора да биде - без разлика дали станува збор за додаток во исхраната или лек - правилно деклариран, функционален и безбеден.

Фокусирајте се на петте карактеристики на квалитетен пробиотски производ за да знаете како соодветно да изберете.

1. Пробиотскиот производ содржи проверени пробиотски соеви наменети за целната популација и се продава во аптеките.

За да се дефинира како пробиотик по in vitro испитувањата, тестовите на клеточни линии или ткива и на различни животински модели, потребна е и потврда за ефикасност и безбедност од клинички испитувања во кои учествувале луѓе. Стручната препорака е клиничките испитувања да се спроведуваат во повеќе центри, а резултатите мора да бидат објавени во признати научни списанија.

Се препорачува купување на пробиотски производи во аптеките или преку проверени интернет аптеки, бидејќи тие професионално ги проверуваат производите пред да ги додадат на своите залихи. Покрај тоа,  во аптека на располагање ви се стручна помош и совет од фармацевт.

Пробиотиците припаѓаат на новата генерација производи кои ги замаглуваат границите помеѓу исхраната, додатоците во исхраната и лековите, за што законодавството сè уште се подготвува, а контролата на квалитетот и квалитетот на пробиотските производи се оставени на совеста на производителот.

2. Пробиотскиот производ содржи деклариран број на живи пробиотски соеви.

Правилното обележување на производот мора да вклучува ознака на родот, видот и сојот во согласност со признатата научна номенклатура, опис на сојот и минималниот број на живи клетки на секој пробиотски сој на крајот на рокот на траење.

3. Ефикасноста на пробиотскиот производ е докажана со соодветни клинички испитувања.

Клиничките испитувања во кои се вклучени луѓе се фокусирани на проучување на различните ефекти на пробиотскиот сој, како што се статистички и биолошки подобрувања на симптомите, помал ризик од заболување, подолго време до повторна појава  и побрзо закрепнување.

4. Препорачаната доза

Препорачаната доза е јасно наведена на пробиотскиот производ, што обезбедува ефикасност на пробиотикот во согласност со здравствените тврдења.

Пробиотиците се живи микроорганизми кои, доколку се применат во доволни количини, имаат корисен ефект врз здравјето на домаќинот.

5. Контролата на квалитетот на пробиотските производи ја вршат надворешни специјализирани лаборатории со акредитирани методи за пробиотски производи.

При избор на пробиотик за себе и за вашите најблиски, проверете дали производот ги исполнува сите пет горенаведени критериуми и сигурно ќе го изберете вистинскиот пат кон регулирано варење.

Извори: 

  1. European Commission. EU register on nutrition and health claims. ec.europa.eu/food/safety/labelling_nutrition/claims/register/public/. Pristupljeno: 10. 7. 2020.
  2. WGO Global Guideline Probiotics and prebiotics. World Gastroenterology Organisation, 2017. 35 str.
  3. FAO/WHO. 2001. Health and nutritional properties of probiotics in food including powder milk with live lactic acid bacteria. Report of a Joint FAO/WHO Expert Consultation on Evaluation of Health and Nutritional Properties of Probiotics in Food Including Powder Milk with Live Lactic Acid Bacteria. Rome, FAO – Food and Agriculture Organization of the United Nations: 34 str.
  4. FAO/WHO. 2002. Guidelines for the Evaluation of Probiotics in Food. Report of a Joint FAO/WHO Working Group on Drafting Guidelines for the Evaluation of Probiotics in Food. London Ontario, Canada, s. 1-11.
  5. European Food Safety Authority (EFSA). 2007. Introduction of a Qualified Presumption of Safety (QPS) approach for assessment of selected microorganisms referred to EFSA. The EFSA Journal, 587, 1‐16.
  6. EFSA FEEDAP. 2018. Guidance on the characterisation of microorganisms used as feed additives or as production organisms. EFSA Journal 16(3):5206, 24 pp. doi.org/10.2903/j.efsa.2018.5206
  7. Fenster, K. et al. The Production and Delivery of Probiotics: A Review of a Practical Approach. Microorganisms, 2019, 7, 83; doi:10.3390/microorganisms7030083
  8. Nivoliez, A. et al. Influence of manufacturing processes on cell surface properties of probiotic strain Lactobacillus rhamnosus Lcr35®. Appl. Microbiol. Biotechnol. 2015, 99, 399–411
  9. Grześkowiak, Ł. Et al. Manufacturing process influences properties of probiotic bacteria. Br. J. Nutr. 2011, 105, 887–894.
  10. Kiekens, S. et al. Impact of spray-drying on the pili of Lactobacillus rhamnosus GG. Microbial Biotechnology, 2019, 12, 849–855.
back to top