Да ги срушиме митовите за варењето

Во врска со варењето на храната постојат многу митови, невистини и заблуди. Сигурно веќе сте слушнале да ако варењето е во ред се има дефекација еднаш во текот на денот, да граот предизвикува гасови и надуеност, дека варењето се одвива во желудникот, за здраво варење треба да се конзумира пробиотски јогурт итн.
Митови за варењето

Тоа се некои од најчестите заблуди, но ако сакате Вашето варење да биде здраво, важно е да бидете запознаени со правите информации и само така ќе го сочувате здравото варење и ќе се погрижите за општа добра состојба и здравје на целото тело. Регулирано варење е од исклучителна важност. Дали веќе сте се сретнале со запек, дијареа, надуеност, болки во стомакот... Што и да ни се случува, најпрво ни е непријатно, а дури од после се прашуваме дали да тргнеме на пат, дали ќе има тоалет во близина...

1. Варењето се одвива во желудникот

Дел од варењето навистина се одвива во желудникот, но храната до него поминува неколку станици. Процесот на варење почнува во устата и хранопроводот, а потоа доаѓа до желудникот, а варењето потоа продолжува во тенкото црево и завршува во дебелото црево. Целиот процес на варење е прилично комплициран и многу поголем од она што се случува во желудникот.

2. Дијареата е знак на инфекција, затоа е најдобро да сама го реши проблемот во нашето тело.

Причините за дијареа може да бидат различни: од бактерии, вируси, расипана храна, примање на антибиотик па се до стрес и алергии. Каква и да е причината, стручњаците препорачуваат брзо лечење поради што дијареата може да предизвика дехидратација, а од телото се отстрануваат и бројни важни елетролити. Кога ќе се појави дијареа се препорачува внес на што повеќе течности и посебно припремени рехидратациони раствори кои можат да се купат во аптека, вода, незасладен чај или употреба на пробиотик.

Кога ќе се појави дијареа, стручните лица препорачуваат веднаш да се превземат мерки, бидејки може да дојде до дехидратација.

3. Правилен ритам на дефекација е еднаш дневно

Нема правила за ритамот на дефекација. Повеќето луѓе имаат дефекација еднаш дневно, некои и повеќе пати во текот на денот, а некои и поретко, два-три пати неделно. Да знаете дека единствен правилен ритам е оној на кој Вие сте се навикнале. Ако ритамот на дефекација Ви се поремети земете пробиотик.

4. Проблемите со варењето се нешто од што би требало да се срамите

86% од сите возрасти се сретнуваат со проблеми со варењето, а барем половина од нив често ги мачи пореметено варење. Тоа е толку чест проблем што нема потреба да се срамите. Проблемите со варењето се секојдневни, а за ефикасна помош тука се пробиотиците.

5. Многу течности е добро за отстранување на запекот

Причината за запек се крие на друго место. Секако дека треба да се погрижиме за доволен внес на течности, но ни два до три литри на течност во текот на денот не може да го излечат запекот. Запекот може да настане и како последица на примање на разни лекови, стрес, промена на средината... Многу важен фактор е и квалитетот на исхраната.

6. За здраво варење треба да се испие што повеќе пробиотици

Редовно конзумирате јогурт со пробиотици или други пробиотски производи поради што сте слушнале дека е добро за варењето на храната? Некои пробиотски соеви докажано помагаат припроблеми со варењето, но не е е вистина дека баш сите пробиотици помагаат. Секогаш распрашајте се кој пробиотски сој содржи пробиотици и распрашајте се колку се истражени. Пробиотиците WAYA Biotic содржат еден од најистражуваните пробиотски соеви на светот – Lactobacillus rhamnosusGG, кој е крал на пробиотиците. Тоа е »влакнест« пробиотик кој со флекцибилните влакненца се врзува за цревната слузокожа и успешно се »бори« против штетните бактерии.

Докажано е дека некои пробиотски соеви помагаат при дигестивни нарушувања, но не сите. Проверете кои!

7. Слепо црево не е важно

Во минатото се сметало да слепото црево не е важно. Но денес е докажано дека слепото црево служи како инкубатор за пробиотици. Кога ќе се појават разни болести , слепото црево ослободува пробиотски бактериии така допринесува во лечењето. Тоа е причина што и слепото црево се отстранува само во неопходни случаеви.

8. Пробиотиците се во стомакот

Делумно е точно. Не е точно! Пробиотици – добрите бактерии се присутни во целото тело, каде што се грижат за воспоставување на рамнотежа помеѓу добрите и лошите бактерии. Милиони на број ги има во устата, носната шуплина, хранопровод, околу белите дробови. Секако, се наоѓаат и во желудникот, цревата, вагина, анус, зглобови, под пазувите, под ноктите, помеѓу прстите, мочните канали и многу други места во нашето тело. Најмногу ги има во дебелото црево кадешто е и најповолна средина за нив – има доста храна, а средина не е кисела како во желудникот.

back to top