6 чекори до здраво варење

Славка Брајовић Хајденкумер
Бидејќи здравото варење е вистинско олеснување, во следниве 6 чекори ќе поминеме низ едноставни мерки кои можат многу да ни помогнат при гастроинтестинални проблеми.
Ослободете се од дигестивните проблеми како дијареа, гасови, болки во стомакот.

Секој од нас се нашол во непријатна ситуација како испуштање на гасови, непријатности при пролив, болен запек или постојан притисок при празнење на цревата, кој на крај не можеме да го направиме и не зборуваме за тоа.

Овие гастроинтестинални тешкотии најчесто се резултат на исхраната кој е сиромашна со влакна, недоволен внес на течности, постојано седење, стрес, задржување на столицата, нарушена цревна микрофлора и некои други болести.

Знаејќи дека дури 70% од клетките на имунолошкиот систем се во цревата, не сме далеку од заклучокот дека за добар имунолошки систем и за здравјето на целото тело, неопходно е и здраво варење на храната. Охрабрувачка вест е дека за регулираното варење и доброто здравје можеме и сами да се погрижиме. Ајде да видиме како.

1. ДА за течности

За содржината на цревата да биде мека и влажна, внесот на течности во доволна количина е исклучително важен. Затоа, треба да пиеме барем два литри на течности на ден, а најмногу се препорачува вода и незасладен чај, кои не треба да се консумираат со храна бидејќи пиењето за време на хранењето го забавува варењето на храната. И уште ова: бидејќи ние често не ја препознаваме жедта и ја мешаме со гладта, добро е секогаш да имате шише свежа вода.

2. ДА за овошје и зеленчук

»Тоа што ќе посееш, тоа ќе жнееш,«, се вели во народната поговорка. Тоа е многу точно кога станува збор за здравото варење на храната. Колку повеќе влакна од свежо овошје и зеленчук, особено кајсии, смокви, јаболка, круши, свежа и кисела зејка, кељ, зелен лиснат зеленчук, семе и житарки внесуваме во организмот, толку повеќе го активираме варењето на храната.

Ако јадеме умерено и бавно, добро ја џвакаме храната, одвојуваме време за јадење и уживаме во оброкот, варењето кое започнува уште во устата значително ќе се забрза.

3. ДА за редовно движење

Начинот на живот со многу седење, неправилната и нездравата исхрана, предизвикуваат многу здравствени проблеми, вклучително и лошо варење на храната. Редовното и умерено движење ја поттикнува перисталтиката, го забрзува варењето и потрошувачката на калории и допринесува до подобро здравје и поквалитетен живот. Ајде, да се движиме!

4. ДА за своето чувство

Потпрете се на своето чувство. Што ви одговара, а што не, која храна и како приготвена ви создава чувство на надуеност, предизвикува гасови или пак треба често да користиме тоалет? Тоа е многу едноставно – се што не делува добро на варењето на храната, не е добро и за здравјето.

5. ДА за производите со млечно – киселински бактерии

Млечно – киселинските бактерии создаваат здрава рамнотежа помеѓу корисните и штетните бактерии во цревната микрофлора, со што ги зајакнува имунолошкиот систем и цревната слузница, се забрзува разградувањето на храната и апсорпцијата на хранливите материи. Во исто време овие бактерии го инхибираат растот на штетните бактерии и на тој начин се спречуваат проблемите при варењето на храната.

Затоа производите кои во својот состав имаат млечно – киселински бактерии се препорачана содржина во домашната и патната аптека, бидејќи при патување доаѓа различни промени во храната и водата за пиење, со што нарушувањето на рамнотежата на цревната микрофлора е почесто.

6. НЕ за задржување на столицата

»Повикот на природата« бара моментално дејство затоа што задржувањето на столицата и одложувањето на потребата за празнење на цревата предизвикува непријатен запек и неактивност на дебелото црево. Затоа и се вика природата повикува и мораме да реагираме пред нејзиното “најавување”.

back to top