Пробиотици, пребиотици и симбиотици за оние кои не знаат

Асс. Таја Железник Рамута, мр микробиолог.
Пробиотските бактерии стануваат се повеќе попопуларни поради корисните ефекти врз здравјето на луѓето. Дали позитивните ефекти на пробиотиците се неодамна откриени или наодите датираат подлабоко во историјата? Што значат често споменуваните термини пробиотик, пребиотик и симбиотик?
Се за пробиотиците, пребиотиците, синбиотиците

Позитивните ефекти од ферментацијата на бактериите на млечната киселина врз здравјето се познати од древните времиња. Римјаните и Грците знаеле различни рецепти за ферментација на млекото, Египќаните приготвувале кисело млеко од кравјо и козјо млеко, а во Индија ферментирани млечни пијалаци биле употребувани векови пред нашата ера.

Бактериите кои живеат во гастроинтестиналниот тракт влијаат на здравјето на поединецот. Пробиотици се живи микроорганизми кои земени во доволни количини имаат позитивен ефект врз здравјето, на пример позитивно влијаат врз варењето и подобрувањето на имунолошкиот систем. Терминот пребиотик означува нерастворливи влакна кои создаваат услови за подобар опстанок и раст на пробиотиците и други безопасни микроорганизми во телото. Кога комбинираме пробиотици и пребиотици во еден препарат, добиваме симбиотик.  Употребата на правилно избрани пробиотици, пребиотици и симбиотици придонесува за подобрување на здравјето.

Со користење на правилно одбрани пробиотици, пребиотици и синбиотици придонесуваме кон подобрување на здравјето.

На приобиотиците им се препишуваат други бројни корисни ефекти, како што:

  • се подобрување на метаболизмот на лактоза,
  • зајакнување на имунолошкиот систем,
  • третирање на заболувања на дигестивниот систем (на пример хронично воспалителен процес на цревата),
  • алергии (на пример атопичен дерматитис),
  • губење на телесна тежина,
  • намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол.

За оптимален ефект на пробиотиците, од клучно значење е да го избереме вистинскиот пробиотик, на пример, за превенција на дијареа не се употребуваат исти пробиотски бактерии како и за зајакнување на имунолошкиот систем. Исто така од клучно значење е да ги земаме во доволна количина. Стручните лица тврдат дека вкупната количина на пробиотици кои треба да ги земеме зависи од типот на прибиотикот, но генерално се смета дека препорачаната дневна доза е најмалку една милијарда (109) пробиотски бактерии.

Се за пробиотиците, пребиотиците, синбиотиците

Пробиотиците се микроорганизми кои позитивно влијаат на нашето здравје

Зборот пробиотик потекнува од грчкиот јазик и значи за (pro-) живот (-bios). Терминот е создаден од страна на германски истражувач Фердинанд Вергин 1954 година, кој го користел за да ги опише негативните ефекти на антибиотиците и другите антимикробни средства врз цревниот микробиот (микроорганизми кои живеат во одредена средина, во овој случај цревата). Во исто време истакнува дека земањето на пробиотски бактерии позитивно влијае на дебелото црево.

Нашата исхрана има клучен ефект врз составот на цревниот микробиот и неговото здравје можеме да го одржиме со земање на пробиотски бактерии. Пробиотиците се внесуваат преку ферментирана храна, како на пример јогурт, кефир или кисела зелка, но може и во форма на додатоци во исхраната.

Клиничките испитувања покажаа дека пробиотиците играат важна улога вотретманот на акутна дијареа и ја спречуваат нејзината појава послетретман со антибиотици или при патување.

Пребиотиците се влакна кои го стимулираат растот и активноста на пробиотиците

Пребиотиците се посебен вид на прехранбени растителни влакна кои го стимулираат растот и/или активноста на некои микроогранизми во цревата, со што влијаат на подобрување на нашето здравје. Така, пребиотиците се храна за одредени безопасни микроорганизми во цревата (вклучувајќи пробиотски микроорганизми) и може да се употребуваат како алтернатива за пробиотици или како нивна дополнителна поддршка.

Сите пребиотици се влакна, но сите влакна не се пребиотици. Влакната се сметаат за пребиотик доколку не може да бидат деградирани од ензимите во желудникот и не се апсорбираат во тенкото црево. За пробиотиците е карактеристично дека тие можат да бидат разградени само од микроогранизмите во цревата кои имаат позитивен ефект на нашето здравје.

Пробиотиците ја намалуваат фреквенцијата и времетраењето на дијареата, го намалуваат воспалението и другите симптоми поврзани со хронично воспалителни процеси на цревата и штитат од развојот на рак на дебелото црево. Покрај тоа придонесуваат за зголемена апсорпција на минералите во храната, го намалуваат ризикот од развој на кардиоваскуларни болести, го зголемуваат чувството на ситост и придонесуваат за одржување на нормална телесна тежина.

Пребиотиците можат да се внесуваат преку храна или во вид на додатоци во исхраната. Во пробиотици спаѓаат на пример фруктоолигосахариди, кои се составен дел на црвениот и белиот кромид, аспарагус и артичок; галактоолигосахариди кои се составен дел на брокули, зелка, карфиол, мед; ксилоолигосахариди кои се наоѓаат во мед и бел шеќер (ксилитол). Меѓу пребиотици спаѓаат и полисахаридите, на пример инулин, кој е составен дел од банана и артичока, како и скроб, кој се наоѓа во компир, ориз и зелени банани. Со цел пробиотикот да го постигне позитивниот ефект врз здравјето, треба да се зема неколку грама влакна дневно.

Пребиотиците можеме да ги внесеме преку храната или во облик на додатоци во исхраната.

Симбиотици се комбинација од пробиотици и пребиотици

Препаратите кои содржат мешавина од пробиотици и пребиотици се нарекуваат симбиотици. Терминот прв пат го употребиле истражувачите Гибсон и Роберфтоид во 1995 година, кој на пробиотикот додале пребиотик за да го помогне неговиот опстанокот и преживувањето на во цревата.

Пребиотиците се извор на храна за пробиотските бактерии во цревата, што им го олеснува преживувањето, а пробиотиците во присуство на пробиотиците имаа поголема отпорност на различни фактори на животната средина.

Зошто е сè уште добро да се земе синбиотика?

  • придонесува за балансирана цревна микрофлора,
  • спречува запек и дијареа,
  • влијае на имунолошкиот систем,
  • придонесува за намалување на канцерогените супстанции во цревата,
  • исто така имаа и антиалергично дејство и придонесуваат во спречување на остеопорозата,
  • како и намалување на количината на масти и шеќери во крвта.

Со цел да се обезбеди позитивен ефект од употребата на симбиотици, потребно е да содржат најмалку неколку грама пребиотици и докажано ефикасни концентрации на пробиотици.

Симбиотиците во однос на пробиотиците и пребиотиците се релативно нови, поради што се малку истражувани. Спроведени се неколку клинички истражувања кои го покажуваат позитивниот ефект од употребата на симбиотиците врз здравјето, но потребни се дополнителни истражувања за да ги прикажат позитивните придобивки од употребата на симбиотици во однос на другите додатоци во исхраната.

Извори:

  1. Gurry T., 2017. Synbiotic approaches to human health and well-being. Microbial Biotechnology, 10(5): 1070-1073.
  2. Pandey K.R. in sod., 2015. Probiotics, prebiotics and synbiotics – a review. Journal of Food Science and Technology, 52(12): 7577-7587.
  3. Markowiak P. in Slizewska K., 2017. Effects of probiotics, prebiotics and synbiotics on human health. Nutrients, 9(9): 1021.
  4. Zielinska D. In Kolozyn-Krajewska D., 2018. Food-origin lactic acid bacteria may exhibit probiotic properties: Review. BioMed Research International, 5063185.
  5. Panigrahi P. in sod., 2017. A randomized synbiotic trial to prevent sepsis among infants in rural India. Nature, 548: 407-412.
  6. Islam S.U., 2016. Clinical uses of probiotics. Medicine (Baltimore), 95(5): e2658.
  7. Wang L. in sod., 2018. The effects of probiotics on total cholesterol: a meta-analysis of randomized controlled trials. Medicine (Baltimore), 97(5): e9679.
back to top