Надуеност
Што е надуеност
Надуеност е една од најчестите гастроинтестинални тегоби и може да се појави кај мажи и жени од сите старосни групи. Најчесто најпрво ќе приметите благо надуван стомак, пропратен со гасови и болки. Исто така може да осетите непријатност и чувство на полн стомак, а некои можат да почувствуваат и грчеви. Причината на сите овие непријатни сензации е задржување на гасови во гастроинтестиналниот тракт, но можат да бидат предизвикани и од други болести и нарушувања.
Надуеноста може да се појави сама од себе, а понекогаш е придружена со други проблеми како што се дијареа, синдром на иритабилни црева или функционална диспепсија.
Чувството на надуеност може да се менува од изразено јако до слабо и тоа е една од најнепријатните појави кои во голема мера влијае на животот на секој човек. И покрај зачестеноста на појавата на надуеност, таа се уште не е во потполност истражена, а причинителите се комплексни и разновидни.
ПРОСЕЧЕН ЧОВЕК ОБИЧНО ИСПУШТА ГАСОВИ ДО 20 ПАТИ НА ДЕН
Надуеноста може да се појави сама од себе, а понекогаш е придружена со други проблеми како што се дијареа, синдром на иритабилни црева или функционална диспепсија.
Причини за надуеност − како да ги препознаеме
Надуеност најчесто се јавува веднаш по оброк или малку покасно. Овие два вида на надуеност не треба да се мешаат бидејќи нивните причинители се потполно различни. Доколку веднаш по оброкот се чувствувате надуени, најверојатно станува збор за стомачни тегоби, но доколку се јави малку покасно, станува збор за цревни нарушувања.
Зголемено задржување на гасовите во гастроинтестиналниот тракт е можно поради неколку причини:
- зголемен внес на гасови со голтање на храната или консумирање на газирани напитоци
- зголемено создавање на гасови во гастроинтестиналниот тракт поради бактерии во цревата
- хормонални промени кај жените пред и за време на менструалниот циклус
- зголемена телесна тежина
- земање на храна на која сте нетолерантни или алергични
Како да се спречи надуеноста
Со одредени промени во животот надуеноста може да се намали или сосема да се спречи. Најважно од се е да го слушате Вашето тело и да се обидете да сфатите што му одговара, а што не. Притоа водете грижа за следново:
- ХРАНА: Јадете пополека и џвакајте добро; намалете ја големината на оброците. Проверете дали сте нетолерантни или алергични на одредени намирници и избегнувајте храна која дуе (мешунки, зелка и грашок). Исто така избегнувајте шеќер и намалете го внесот на сол.
- ГОЛТАЊЕ ВОЗДУХ: Потрудете се побавно да пиете и јадете, не пијте газирани напитоци, не употребувајте сламка и намалете го стресот во животот.
- ВЕЖБАЊЕ:Редовната физичка активност го подобрува варењето и го зголемува ослободувањето на гасовите.
- ПРОБИОТИЦИ:Ја регулираат микрофлората во гастроинтестиналниот тракт и го подобруваат варењето.
Извори
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3816178/
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3264926/
- https://www.prvalekarna.com/blog-posts/clanki-seznam/napihnjenost-in-vetrovi
- https://www.donat.mg/sl/kako-odpravimo-napihnjenost/
- https://vizita.si/zdravje/7-preverjenih-nacinov-kako-zmanjsati-napihnjenost.html