Зошто и кога е важна пробиотската култура?

Проф. д-р Ирена Рогељ
Пробиотиците мора да имаат посебни својства за да можат да се натпреваруваат со штетни бактерии во дигестивниот тракт, да одржуваат правилно варење и да го зајакнат имунитетот.
Зошто пробиотици за правилно варење?

Кој нѐ следи во гастроинтестиналниот систем?

Човековото општество станува сè повеќе урбано и напредно. Во развиените земји, развојот се манифестира преку квалитетот на животот, повисокиот животен стандард и сè подолгиот животен век.

Меѓутоа, во карактеристиките на современиот начин на живот спаѓаат и нередовната исхрана и нерегулираните оброци, консумирањето на стерилни/проварени продукти, стресните ситуации и консумирањето на лекови, што брзо предизвикува слабеење на отпорноста на организмот. Прва цел на погоренаведените карактеристики се: микроорганизмите во гастроинтестиналниот систем. Иако, веќе подолго време знаеме дека тие се корисни, сепак во последно време сме сосема свесни дека за нас имаат животно значење.

Ако сакаме да одговориме на прашањето зашто пробиотиците се потребни и кога, мораме најпрво да ги запознаеме.

Тоа не е лесна задача бидејќи ги има десет пати повеќе отколку сите клетки од кои сме составени. Освен тоа, микроорганизмите живеат во цревата во одлично организирана заедница и тесно соработуваат меѓусебно и со нас. Вршат многу корисни задачи наместо нас и за нас. Поголемиот дел од храната која што ќе ја изедеме, тие ни помагаат да ја разградиме и од неа да ги добиеме потребните хранливи материи, нѐ штитат од штетните материи и патогените микгроорганизми, ги поттикнуваат нашите клетки на обновување и зачувување на цврст цревен ѕид.

Покрај разградувањето на храната, што е нејзина најважна задача - цревната микрофлора делува врз развојот и работата на имунолошкиот систем. Од сето ова набројано јасно е дека здравата цревна микрофлора е неопходна за добрата општа состојба на организмот, односно за нашето здравје.

Што е тоа цревна микрофлора?

Цревна микрофлора е заедница на сите микроорганизми во цревата. Секако, веднаш се поставува прашањето што е тоа здрава цревна микрофлора? Научниците сè почесто ја споредуваат со еколошката стабилност. Значи, здравата микрофлора е стабилна и успешно се спротиставува на штетните надворешни фактори, а покрај тоа, таа е прилагодлива и способна е брзо да се врати на основната состојба после промената која ја предизвикал стресот. Нејзината способност за прилагодување е ограничена.

Ако стресните фактори се пресилни (на пр. лечење со антибиотици), нејзината стабилност може така да се наруши да таа не може сама брзо да воспостави стабилна состојба. Во сите такви случаи можат да помогнат пробиотиците. Што значи пробиотиците помагаат во одржување на стабилната состојба или придонесуваат за брзо прилагодување и враќање на нормалната и здрава состојба на цревната микрофлора.

Пробиотиците помагаат при одржувањето на здравата цревна микрофлора и нејзиното брзо обновување.

Која е задачата на пробиотските бактерии?

Пробиотските бактерии мора да имаат посебни карактеристики за да можат да се натпреваруваат со штетните бактерии, да ги разградуваат состојките од храната, да ја поттикнуваат работата на гастроинтестиналниот систем и да пружаат помош во јакнење на природниот имунитет.

Погрешно е мислењето дека една пробиотска бактерија ги има сите набројани поволни ефекти бидејќи тие меѓусебно се разликуваат. Можеме да кажеме дека едните завршиле превентивна школа, а другите се способни терапевти. Некои се успешни во борбата против штетните бактерии, а другите ја поттикнуваат работата на гастоинтестиналниот систем и/или регулирањето на имунолошкиот систем.

Пробиотикотможе да биде ефикасен помошник или „терапевт“ на цревната микрофлора, само доколку внимателно се избере, проучи и тестира.

back to top