Имуниот систем и цревата – што им е заедничко?

Славка Брајовић Хајденкумер
Имуниот систем не заштитува од штетни материи и бактерии, вируси, како и други микроорганизми. Гастроинтестиналниот систем е особено изложен заради тенката и пропустлива слузокожа. Во заштитата на гастроинтестиналниот систем учествуваат клетки на имуниот систем кои го препознаваат и онеспособуваат напаѓачот и комензалните односно добри бактерии во цревата, кои спречуваат раст на штетни бактерии и габички, на тој начин учествуваат и во создавањето на некои витамини и останати хранливи материи. Меѓутоа, имуниот систем доколку не функционира правилно може и да предизвика различни болести.
Добар имунитет започнува во цревата.

Имуниот систем и слузокожата

Имуниот систем не штити од напад на штетни материи, бактерии, вируси и други микроорганизми. Имуниот систем мора да биде активиран во ситуации кога постои голема веројатност за продор на микроорганизми.

Кожата е прилично непропустлива, има голема површина која е во контакт со надворешниот свет, а нејзината површина се состои од мртви клетки и излачува масни материи.

Меѓутоа поради својата улога (премин на гасови, сетилна функција, апсорпција на хранливи материи, размножување) слузокожата на респираторните, гастроинтестиналниоте и половите органи мора да биде пропустлива. Заради таа пропустливост големи површини од респираторниот и гастроинтестиналниот систем се многу изложени и често доаѓа до појава на респираторни и гастроинтестинални инфекции, но тие сепак се со слаб интензитет што се должи на имуниот систем.

Слузокожата на носот исто така помага при создавање на слуз и влакненцата се еден вид на препрека, а слузокожата на долните респираторни патишта помага при рефлексна кашлица. Покрај сето ова, слузокожата на респираторните патишта исто така има голем лимфен систем со имуни клетки кои се активираат по потреба.

Гастроинтестинален систем

Гастроинтестиналниот систем има важна улога во рамнотежата на имуниот систем. Заради големата површина која е во контакт со надворешноста низ цревата поминува се што ќе проголтаме, а освен храна и течности тоа може да бидат и штетни материи и микроорганизми како бактерии, паразити, габи и вируси.

Нашиот гастроинтестинален систем со состои од голем број имуни клетки, лимфни фоликули и антитела кои заедно го сочинуваат нашиот имун систем, сето ова ни укажува на тоа колку е важен нашиот гастроинтестинален систем.

Дури 70% од клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат во цревата.

Добри и лоши дразби

Задачата на имуниот систем е да ги препознае добрите и лошите дразби и доколку има потреба да превземе мерки. Во ситуации кога има продор на бактерии, вируси, паразити, габи или отровни материи, се активираат различни имуни клетки кои користат различни начини на одбрана о д напаѓачот. Имуните клетки пропознаваат и страни тела, а при тоа можат меѓусебно да комуницираат и да излачуваат кои му оневозможуваат на напаѓачот да предизвика воспаление.

Секако, многу е важно имуниот систем да може да препознае што навистина му претставува закана. Кога имуниот систем реагира погрешно може да направи повеќе штета отколку корист.Кога имуниот систем ги препознава како штетни оние материи кои всушност не се (како хранливи компоненти) и активира инфламаторен одговор може да дојде до алергија на храна.

Кога имуниот систем ги напаѓа сопствените клетки може да дојде до развој на автоимуна болест. Клетките од имуниот систем на цревата можат преку крвта и лимфата да патуваат и во други органи – како респираторниот систем, уринарниот систем и половите органи – и можат да влијаат на имуните процеси во нив.

Добри бактерии

Освен клетките на имуниот систем кои ги напаѓаат микроорганизмите и другите страни материи во организмот, дел од нашата одбрана се состои и од комензалните бактерии, т.н. добри бактерии во нашиот гастроинтестинален систем кои се натпреваруваат за храна и простор со патогените/штетни организми.

Соработката на имуниот систем и добрите бактерии ја смалува веројатноста да дојде до развој на штетни организми во толкава мера што би предизвикало болест. Добрите бактерии исто така помагаат во синтезата на витамин К и некои од Б витамините, а учествуваат и во варење на храната, на тој начин обезбедувајќи дополнителни хранливи материи.

Кога ќе се роди, новороденчето нема скоро никакви бактерии во гастроинтестиналниот систем; ги превзема од својата мајка и околината. Всушност секој од нас има единствена колекција од повеќе стотини бактерии во цревата, а нивната заедничка тежина може да надмине 1 килограм. Распределбата на овие бактерии влијае на имуниот систем и неговата функција.

Зајакнете го својот имунитет со употреба на пробиотски бактерии.

 

Пробиотици

Кога користиме антибиотици, тие ги уништуваат и добрите и лошите бактерии, но не делуваат на габичките, што може да предизвика габична инфекција и раст на лоши бактерии. Цревните микроорганизми се особено важни и за функцијата на имуниот систем.

Кога користиме антибиотици, тие ги уништуваат и добрите и лошите бактерии, но не делуваат на габичките, што може да предизвика габична инфекција и раст на лоши бактерии. Цревните микроорганизми се особено важни и за функцијата на имуниот систем.

Голем број истражувања укажуваат дека рамнотежата на цревните бактерии и нивната улога во варењето, искористувањето на хранливите материи и стекнувањето на имунитетот, а нивната нерамнотежа е поврзана со состојби како: синдром на иритабилни црева, воспалителни болести на цревата, целијакија, па дури и дијабетес тип 2, дебелина и алергии. Најновите истражувања покажуваат дека некои видови на пробиотици заедно со промени во исхраната имаат потенцијал да помогнат и во лекување на депресија.

Извори:

  1. Charles A Janeway, Jr, Paul Travers, Mark Walport, and Mark J Shlomchik. Immunobiology, 5th edition; The Immune System in Health and Disease, New York: Garland Science; 2001.
  2. Shi, N., Li, N., Duan, X. et al. Interaction between the gut microbiome and mucosal immune system. Military Med Res 4, 14 (2017). https://doi.org/10.1186/s40779-017-0122-9
  3. Andrew M. Platt, University of Glasgow, UK. Immunity in the gut. www.immunology.org/public-information/bitesized-immunology/organs-and-tissues/immunity-in-the-gut. Dostopno 20. 12. 2019
back to top