Зошто педијатрите препорачуваат додавање на витамин Д по првата година од животот?

Славка Брајовић Хајденкумер
Познато е дека витаминот Д се препорачува кај сите деца по една недела од раѓањето и се советува да се зема најмалку една година по препорака на педијатар во доза од 400 IU на ден, бидејќи неговата функција е од голема важност. Што е со препораките и мислењата на педијатрите во врска со земањето по првата година и зошто?

Витамините се додаваат кога има докази дека нивните вредности се намалени и/или поради одржувањето на одредено ниво на витамини кое е важно за нашето здравје.

Педијатри ендокринолози, кои професионално се занимаваат со потребните количини на витамин Д и последиците од неговиот недостаток, препорачуваат негова употреба до зрелост во иста доза како кај најмладите, со можно прилагодување на телесната тежина или кога детето има болести кои можат да ја зголемат потребата за овој витамин (повеќе подолу во текстот) и кога тестовите покажуваат дека нивото во крвта е помало од препорачаното.

Неколку помали студии од различни европски земји покажале релативно чест недостаток на витамин Д кај децата и со оглед на многубројните предложени позитивни ефекти од додавање на витамин Д, потребно е да се разгледа предлогот од педијатарите да се додадава витамин Д барем до шестгодишна возраст или уште подобро до зрелост.

Со денешениот начин и темпо на живот, тешко е да се постигнат соодветни нивоа на витамин Д само со храна, затоа се препорачува додавање на додатоци во исхраната.

Неколку помали студии од различни европски земји покажале релативно чест недостаток на витамин Д кај децата и со оглед на многубројните предложени позитивни ефекти од додавање на витамин Д, потребно е да се разгледа предлогот од педијатарите да се додадава витамин Д барем до шестгодишна возраст или уште подобро до зрелост

Здравствените установи со години предупредуваат на опасноста од прекумерно изложување на сонце како резултат на зголемениот ризик од развој на рак на кожата; поради тоа потребно е на повеќе начини да ги заштитиме децата од ефектите на штетните зраци, истовремено намалувајќи ја изложеноста на ултравиолетовите Б-зраци (УВБ), кои го обезбедуваат производството на витаминот Д во кожата. Интензитетот на УВБ зрачење варира во текот на денот. Најсилно е од 10 до 16 часот, а на географски широчини над 40 степени, УВБ зраците се најсилни помеѓу април и октомври. Во нашата земја, нивоата на витамин Д се уште пониски во есен-зима месеците.

Неколку европски студии ја испитувале состојбата со витаминот Д во детството во земјите во развој и развиените земји и откриле повторен пораст на бројот на деца со рахитис во последните две децении во Северна Америка и Европа. Студија од Италија открила голема фреквенција на недостаток на витамин Д кај деца, особено кај новороденчиња (до 46,3%) и деца од предучилишна возраст (помеѓу 6 и дури 20%). Студија за преглед, во која биле вклучени повеќе од 1.000 деца од девет европски земји на возраст од 12,5 до 17,5 години, покажала дека дури 80% од овие тинејџери имале нивоа на витамин Д под оптималното (под 75 nmol/l).

Поради ниските нивоа на витамин Д кај новороденчињата, кои зависат од нивото кај мајката за време на бременоста, препорачливо е да се даваат додатоци на витамин Д на бремената жена, а потоа и на новороденото дете по една недела од раѓањето. Позната е поврзаноста помеѓу нивото на витамин Д во крвта на папочната врвца и ризикот од инфекции и алергиски болести во раното детство, појавата на егзема и атопичен дерматитис и астма; резултатите од испитувањата сè уште не се доволни за да се потврди оваа поврзаност.

Нивото на витамин Д кај децата не се проверува рутински, бидејќи во моментов нема докази за рационалност за истото, додека пак нивото се утврдува кај деца со фактори на ризик како рахитис, хронично заболување на бубрезите и црниот дроб, малапсорпција (на пр. Цистична фиброза и хронично воспалително заболување на дебелото црево), гојазност, третман со одредени антиепилептични лекови или глукокортикоиди, а исто така и кај бремени жени и доилки (бидејќи вредностите кај новороденчињата зависат од достапните резерви кај мајката), како и кај луѓе со мало изложување на сонце и луѓе со темна боја на кожата

Поради ниските нивоа на витамин Д кај новороденчињата, кои зависат од нивото кај мајката за време на бременоста, препорачливо е да се даваат додатоци на витамин Д на бремената жена, а потоа и на новороденото дете по една недела од раѓањето.

Зошто витаминот Д е толку важен?

Витаминот Д игра важна улога во правилниот развој на коските и доколку го нема во доволни количини, може да се развие рахитис. Недостаток на витамин Д (под 50 nmol/l) е директно или индиректно поврзан со многу акутни и хронични болести, како што се забен кариес кај децата, автоимуни заболувања, кардиоваскуларни болести, заразни болести, детски онколошки болести, дијабетес тип 2 и невролошки заболувања.

За правилен раст на коските, би било соодветно децата да примаат витамин Д до крајот на растот. Мета-анализа на неколку студии со вклучени 7.400 деца со ниско ниво на витамин Д открива дека децата кои примаат додаток на витамин Д имаат помала веројатност на потреба од третман во единицата за интензивна нега кога би развиле некое сериозно заболување на долните дишни патишта како што е воспаление на белите дробови. Нема доволно истражувања за да недвосмислено се потврди влијанието на витамин Д врз здравјето на децата, но засега се претпоставува дека одржувањето на доволна количина на витамин Д кај децата може да го намали бројот на инфекции и затоа додавањето на витаминот Д би имало смисла во време кога респираторните инфекции се почести.

Се смета дека витаминот Д влијае на функционирањето на имунолошкиот систем, со што ја подобрува природната отпорност кај акутни вирусни (и други) инфекции на респираторниот систем и го олеснува нивниот тек со забавување на прекумерниот воспалителен одговор.

Една мала студија во која деца со различен степен на атопичен дерматитис во времетраење од три месеци добивале додаток на витамин Д покажала дека кај деца со лесен и умерен дерматитис, состојбата донекаде се подобрила, веројатно како резултат на пониско ниво на имунолошки клетки во крвта. Студиите откриле дека недостаток на витамин Д е чест кај деца со астма и дека може да има значителен ефект врз регулацијата на имунолошките клетки кај младите астматичари. Дали додатокот на витамин Д може да го намали бројот на влошени состојби на астма во пракса, сè уште не е познато.

Неодамна се појавија неколку помали студии кои ги истражуваат врските помеѓу менталното здравје на децата и адолесцентите и нивото на витамин Д, но сепак не нудат доволно значајни резултати за да се потврдат позитивните ефекти на витаминот Д.

Често се поставува прашањето дали е можно предозирање или хипервитаминоза поради додавање на витамин Д. Студиите покажаа дека витаминот Д е безбеден доколку се додава.

Постојат препораки за додавање на витамин Д за целото население, кои претпоставуваат превентивна доза за деца до првата година од 400 IU, а од првата година па натаму, превентивната доза е 600 IU на ден. Кај деца со докажана хиповитаминоза, се дава до 1000 IU дневно, но родителите треба да се консултираат со педијатар или специјалист кој ќе го следи детето поради можна хронична болест. Исто така е важно да се биде свесен дека потребите од витамин Д кај деца со прекумерна тежина се уште поголеми.

Резиме

Според истражувањето, многу деца во Европа имаат ниво на витамин Д под оптималното. Витаминот Д е важен за правилен развој на коските, а има и значително влијание врз функционирањето на имунолошкиот систем. Во моментов се испитуваат потенцијалните позитивни ефекти врз намалувањето на зачестеноста на респираторни инфекции, астма, атопичен дерматитис, автоимуни болести, ефекти на менталното здравје, кариес на забите, кардиоваскуларни болести, детски онколошки заболувања, дијабетес тип 2 и многу други.

Литература:

  1. Callaghan AL, Moy RJ, Booth IW, Debelle G, Shaw NJ. Incidence of symptomatic vitamin D deficiency. Arch Dis Child 2006;91 606–7.
  2. Vierucci F, Del Pistoia M, Fanos M, Gori M, Carlone G, et al. Vitamin D status and predictors of hypovitaminosis D in Italian children and adolescents: a cross-sectional study. Eur J Pediatr 2013;172:1607–17.
  3. Hribar M et al. Nutrihealth Study: Seasonal Variation in Vitamin D Status Among the Slovenian Adult and Elderly Population. Nutrients 2020; 12, 1838; doi:10.3390/nu12061838.
  4. González-Gross M, Valtueña J, Breidenassel C, et al. Vitamin D status among adolescents in Euro-pe: the Healthy Lifestyle in Europe by Nutrition in Adolescence study. Brit J Nutr. 2012; 107(05): 755–764.
  5. Holick MF, Binkley NC, Bischoff-Ferrari HA, Gordon CM, Hanley DA, Heaney RP et al. Evaluation, treatment, and prevention of vitamin D deficiency: an Endocrine Society clinical practice guideline. J Clin Endocrinol Metab 2011; 96: 1911–30.
  6. Martineau AR et al. Vitamin D supplementation to prevent acute respiratory infections: individual participant data meta-analysis. Health Technology Assessment 2019; 23(2), 1-43.
  7. Evgen Benedik, Nataša Fidler Mis. Nova priporočila za vnos vitamina D. Zdrav Vestn 2013; 82 supl 1: I-145–5.
  8. Holick M et al. Evaluation, Treatment, and Prevention of Vitamin D Deficiency: an Endocrine Society Clinical Practice Guideline, J Clin Endocrinol Metab 2011; 96: 1911–1930.
  9. J. Peček, A. Soltirovska Šalamon. Vloga vitamina D: od ploda do dojenčka. The role of vitamin D: from the foetus to infancy. Slov Pediatr 2018; 25: 367-376.
  10. Föcker M, Antel J, Ring S, Hahn D, Kanal Ö, Öztürk D, Hebebrand J, Libuda L. Vitamin D and mental health in children and adolescents. Eur Child Adolesc Psychiatry. 2017 Sep;26(9):1043-1066. doi: 10.1007/s00787-017-0949-3. Epub 2017 Feb 8. PMID: 28176022.
  11. Michael F. Holick, Neil C. Binkley, Heike A. Bischoff-Ferrari, Catherine M. Gordon, David A. Hanley, Robert P. Heaney, M. Hassan Murad, Connie M. Weaver, Evaluation, Treatment, and Prevention of Vitamin D Deficiency: an Endocrine Society Clinical Practice Guideline, The Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism, Volume 96, Issue 7, 1 July 2011, Pages 1911–1930.
back to top