Извори на витамин д

Урша Јарц, мр. фарм.
Човековиот организам може сам да го произведе витаминот Д во кожата со помош на сончевата светлина или може да се внесе преку храната. Особено во зимските месеци, од октомври до април, тешко е да се внесе доволна количина на витамин Д само преку храната, па затоа е неопходно да се наполни преку додатоци во исхраната кај сите старосни групи.
Храна која е извор на витамин D

Витаминот Д се создава под дејство на UV зраците во кожата кај голем број на ‘рбетници и некои габи. Животните го синтетизираат витаминот Д во облик на Д3,   додека во габите настанува Д 2. Растенијата содржат многу мала концентрација на витамин Д.

Витамин Д во исхраната

Значителни количини на витамин Д природно содржат само некои прехранбени намирници па затоа во некои држави достапни се одредени производи збогатени со витамин Д. Во САД витамин Д почнал да се додава во млекото уште во триесеттите години на минатиот век и со тоа рахитисот кај децата практично се искоренил.

Во храната најважен извор на витамин Д претставуваат рибиното масло, масните риби како лосос, скуша и сардини, како и  црниот дроб и жолчката од јајце.

Витамин Д во исхраната

Синтеза на витамин Д

Бидејќи синтезата на витамин Д под дејство на сончевите зраци се одвива во два степени, при подолготрајна изложеност на сонце нашето тело не може да произведе поголема количина на витамин Д. Односно, само првиот степен на синтеза зависи од UV зраците, а во текот на вториот степен се произведува онолку витамин Д колку што му е потребно на организмот.

При редовна изложеност на сончева светлина во текот на сончевите месеци не е потребно да се додава витамин Д. Во случај на ниска изложеност на сончева светлина од октомври до април внесот на витаминот Д преку храната станува доста важен.

Посебно е важно да се обрне внимание на популацијата која ни во пролет не е доволно изложена на сончева светлина, на пример доенчиња, адолесценти и постари лица кои се задржуваат во затворени простории.

Недостатокот на витамин D може многу да влијае врз здравјето на доенчињата, децата и повозрасните лица.

Додатоци во исхраната со витамин Д

На пазарот се достапни голем број на различни додатоци на исхрана кои содржат витамин Д. Достапни се и прехранбени производи збогатени со витамин Д, како што се млеко и храна за деца.

Здруженијата на педијатри препорачуваат во исхраната на децата до една година да се додаваат 400 IU (интернационални единици) витамин Д дневно што одговара на 10 µg, а во исхраната на тинејџерите од 400 до 1000 IU на ден.

Покрај тоа, се препорачува витаминот Д да се зема во облик на масна суспензија или воден раствор бидејќи на тој начин не е потребно да се земаат додатоци кои влијаат на стабилноста на витаминот Д и кои можат да предизвикаат алергиски реакции.

За правилен раст и развој на коските се препорачуваат WAYA Biotic D3капки и тоа во дози од 7 капки за доенчиња и деца до две годишна возраст. Таа доза содржи 400 IU (10 µg) витамин Д3 , а покрај тоа содржи и пробиотска култура Lactobacillus rhamnosus GG за урамнотежена цревна микрофлора.

Извор:

  1. Benedik E., Fidler Mis N. New recommendations for vitamin D intake. Zdrav Vestn 2013; 82 supl 1: I-145–51.
back to top