Што сѐ треба да содржи домашната аптека на семејство во кое има деца?

Социјалниот живот и интересните случки со училишните другари и другарчињата од градинка носат и нешто помалку пријатни средби со вирусите и бактериите кои децата во текот на играта и дружењето меѓусебно ги разменуваат. Мала е можноста да успееме да ги заштитиме своите деца од настинки и инфекции бидејќи нивниот имун систем има многу важна улога во борбата против микроорганизмите кои се присутни насекаде. Но сепак, со добро опремена домашна аптека која содржи голем број на препарати за подобрување на здравјето можеме на нашите најмали и себе да ги направиме полесни голем дел од здравствените тегоби. Затоа, што сѐ треба да содржи домашната аптека на семејство во кое има деца?
домашна аптека на семејство со деца

Кога имате покачена телесна температура

Ако имате деца, во домашната аптека мора секогаш да имате на располагање супозитории, сируп, прашок или таблети за намалување на телесната температура. За да ја потврдиме температурата, потребен ни е термометар за мерење телесна температура, која обично се мери под пазувите. За многу мали деца мерењето на температура се препорачува да биде под јазикот или во ректум. Сѐ повеќе се користат и инфрацрвени термометри со чија помош може да се измери температурата во уво.

Ако е телесната температура покачена, препаратите кои содржат парацетамол се најсоодветни за намалување на температурата кај мали деца. Со таквите лекови не само што ја контролираме температурата туку можеме и на нашите дечиња да им ја ублажиме болката и да им го намалиме чувството на малаксаност. Таквите лекови се достапни во аптека без рецепт и се користат според упатствата од фармацевтот, зависно од возраста и телесната тежина на детето.

Пастили против болка во грлото и сируп против кашлица

Децата често ги мачи болка во грлото, која обично престанува во рок од неколку денови, но понекогаш таа не може да помине без помош од педијатар. При појава на првите знаци  на болка во грлото добро е да имате при рака пастили кои го дезинфицираат грлото и ја ублажуваат болката.


Пастилите за грло ги има со различни вкусови, а најчесто се збогатени со витамини и децата ги сакаат. Пред да го купите било кој производ, секогаш проверувајте дали тој е соодветен за возраста на вашето дете.

Уште една позната детска тегоба е кашлицата па во вашата домашна аптека секогаш мора да имате и два различни сирупи против кашлица. Односно, ако вашето дете има влажна, продуктивна кашлица, ќе му треба сируп за полесно искашлување. Меѓутоа, ако го мачи сува и иритирачка кашлица, неговата состојба може да ја подобри сируп за смирување на кашлица.

Физиолошки раствор и антихистаминик

Во секоја домашна аптека во семејство во кое има деца физиолошкиот раствор е незаменлив бидејќи ја влажни слузницата на носот при настинки и алергии, го олеснува дишењето кога “носињата се затнати“ и го спречува напредокот на воспалителните процеси.

Без разлика дали детето има алергија или не, исто така во домашната аптека е препорачливо да се има и лек против алергија, кој во случај на ненадејна алергиска реакција (може да се појави при убод од инсекти) ќе ви пружи соодветна прва помош во домашни услови.

Млечно-киселински бактерии

Цревните инфекции особено се чести кај малите деца. Во текот на зимските месеци преовладуваат вирусните, а во текот на летните месеци бактериските цревни инфекции. Најчеста последица на цревните инфекции е дијареата, кој може да биде пропратен со повраќање, болки и грчеви во стомакот, температура, главоболка и општа малаксаност.

Бидејќи дијареата и повраќањето можат многу брзо да го дехидрираат и ослабат детскиот организам, најважно е  да се надополнат изгубените течности и електролити.

Значи детето мора што повеќе да пие течност, а ако не може да ја пие треба трпеливо да му даваме со лажичка. Ако се сомневаме дека детето е дехидрирано, што се манифестира со сува уста, ретко мокрење и темна урина, мора да му дадеме на детето раствор за рехидрација.

За регулација на цревната флора уште при првите знаци на цревна инфекција, како дијареа и повраќање,  се препорачува на детето да му се дадатмлечно-киселински бактерии кои се достапни во секоја добро снабдена аптека во облик на капсули, а за малите деца и во облик на капки. Важно е секој кој е заболен од цревна инфекција да зема млечно-киселински бактерии најмалку уште една недела по престанокот на симптомите на истата.  

Пробиотиците треба да имаат свое место во секоја домашна аптека

За ˃˃ борбените рани ˂˂

За малите немирни јунаци мораме секогаш да имаме при рака средство за дезинфекција, стерилна газа, завој и фластери со кои ќе им ги санираме повредите и раните кои само сведочат за нивното весело, разиграно и полно со живот детство.

Кога домашната аптека не е доволна?

Секогаш побарајте лекарска помош ако вашето дете тешко дише, има дијареа или температура а не може да пие течности, ако е детето има висока температура во текот на неколку дена или грчеви кои се јавуваат како последица на високата температура.

По правило родителите најдобро си ги познаваат своите деца, поради тоа треба да ги следат своите инстинкти кога им говорат дека нешто не е о ред со нивното дете и дека треба да го однесат на лекар. На крајот, некогаш и искусните педијатри се водат по мајчината интуиција. Кога станува збор за здравјето на детето, подобро да е три пати многу отколку еднаш малку.

Цревните инфекции се особено чести кај мали деца. Пробиотиците нека ви бидат секогаш при рака!

 

Мисли на себе, грижи се за себе

Ако самите ние се разболиме, нема да им бидеме од никаква корист на нашите деца. Заради тоа е важно да родителите мислат и на себе и првенствено да се грижат за себе си. Така, во домашната аптека не треба да недостасува следново:

  • и лекови за ублажување на болка,
  • помош при варење на храната,
  • смирување на желудникот,
  • витамини и препарати за зајакнување на имуниот систем.

Ако се грижиме за себе си, нашето здравје ќе биде посилно, а на своите најмали ќе можеме да им пружиме нега секој пат кога ќе им биде потребна.

back to top