Сочувајте го вашето и здравјето на вашето семејство и уживајте во летото!

Надја Отт, маг. фарм.
Во пролет и лето често одиме на излети, јадеме надвор, патуваме и се движиме во природа. Истовремено сите сакаме да бидеме полни со енергија и здрави. Плановите може да ни ги расипе топлото време, променетата исхрана или самото возење до море.
Проблеми со варење и дијареа во летниот период

Дигестивни тегоби

За летото е карактеристично зголемено размножување на бактериите во храната и водата. Затоа пикникот во природа или патувањето кои треба да бидат безгрижни можат да станат непријатни и проследени со дигестивни тегоби.

Кај таквите тегоби од голема важност е доволното внесување на течности, се препорачуваат рехидрациски раствори и веднаш по појавата на дигестивните проблеми да се консумираат и пробиотски производи како што се WAYA Biotic.

Дигестивни проблеми при патување

Патувањата подразбираат и промени во исхраната; заразените продукти не ретко предизвикуваат дијареа и мачнина. Се препорачува неколку дена пред патувањето превентивно да се земат пробиотици кои ќе ја подготват цревната флора на можни инфекции од штетни бактерии.

На патувањата треба да се избегне сирова храна и пиење вода од чешма, бидејќи тоа значи поголема шанса за инфекција. И покрај тоа, во првите две седмици од патувањето може да се појави дијареа која тешко се ублажува. Важно е на телото да му се обезбедат доволно течности и електролити кои нашиот организам ги има изгубено.

При дијареа рехидратацијата е најважна мерка!

Мачнина за време на возењето

Најчесто децата чувствуваат мачнини за време на патувањата со автомобил, особено ако станува збор за подолги релации. Мирното возење и одмори ќе направат да се чувствуваме подобро бидејќи можеме да вдишеме свеж воздух и да се одмориме под сенка.

Ако на детето му е многу лошо, тоа со повраќањето ќе изгуби многу течности и електролити, што доведува до дехидрација. Тоа ќе го исцрпи и обично уште некое време детето нема да има аптетит.

Патната аптека мора да содржи и рехидрациски раствор, кој помага при тегоби причинети од дехидрација. Ако гадењето е навистина тешко, можете да употребите таблети против гадење за време на патувањето (меѓутоа тие често предизвикуваат поспаност).

Дехидрација поради спортски активности на отворено

Во летните месеци повеќе се движиме надвор, децата одат во детски кампови каде што се вклучени во многу спортски активности, а и голем број тренинзи се одвиваат во природа. Ова е, се разбира и повеќе од добро за здравјето и општата состојба на телото, но мора да внимаваме на големите загуби на течност.

Нашето тело се штити од жештината преку ладење и потење. На тој начин губиме течности и мораме да ги надоместиме бидејќи во спротивно ќе дехидрираме.

Симптомите на дехидрација се манифестираат како зашеметеност, вртоглавица, голема жед, а ги забележуваме дури откако дехидрацијата веќе напредувала. Стручните лица не препорачуваат активност на отворено за време на највисоките температури (од 11:00-16:00ч), а мораме да обезбедиме и соодветна заштитна крема со висок заштитен фактор, капа и лесна облека.

Најподложни на дехидрација се доенчињата, децата и старите лица, па затоа кај нив советуваме консумирање на рехидрациски раствор (електролити). Во летните месеци, кога надворешните температури се многу високи, на телото му се потребни повеќе течности.

back to top