Како да се постапи при појава на инфективна дијареа?

Дијареата е честа и во Македонија
Инфективната дијареа спаѓа во најчестите заразни болести во светот, па така и во Македонија. Дијареата е најчест причинител за хоспитализацијата кај децата.
Во 2011 г. во Словенија се забележани приближно 21.000 случаи на дијареа кај децата. Меѓутоа, се оценува дека зачестеноста на дијареата е за пет пати поголема бидејќи кај поблагите облици на дијареа родителите не бараат совет од доктор.
Процентот на деца на кои им е потребно лечење во болница поради дијареа изнесува приближно 5%. Хоспитализацијата е потребна пред сè поради дехидрација и општа лоша состојба, што е последица на дијареата.
Почесто, заболуваат децата кои одат во градинка, лица со ослабен имунитет, лица кои често се лекуваат со антибиотици, и патници кои патуваат во помалку развиените држави. Текот на болеста е потежок кај доенчињата и постарите лица (над 75 години), кај кои хоспитализацијата е почеста.
При акутна дијареа се препорачува употреба на докажано ефикасни пробиотски култури кои го намалуваат времетраењето и интензитетот на дијареата.
Итни мерки при појава на дијареа:
- Не е потребна посебна диета при појава на дијареа. Треба само да се погрижиме за доволен надомест на електролити (со консумирање на солена храна и со рехидрациски раствори кои можете да ги купите во аптека). Да се погрижиме за хигиенските услови.
- Најважно е рацете добро и често да се мијат со проточна вода и сапун. Потребно е да се измијат рацето после одењето во тоалет и пред секоја подготвка на храна и пијалоци. Децата треба соодветно да се надгледуваат при миењето на рацете за да се измијат темелно.
- Мораме да се погрижиме за чистењето и дезинфекцијата на предметите (играчките), и површини кои се во контакт со фекалии, а кои често ги допираме ( површините каде што се пресоблекуваат доенчињата, кваките на вратите...)
- Многу е важно детето кое има дијареа да не оди во градинка и да остане дома минимум еден ден по престанокот на дијареата. Исто така вработените во градинката мора да бидат внимателни при појава на акутна дијареа (првенствено ротавирусни инфекции), односно просториите и површините за играње да бидат темелно исчистени и дезинфицирани. Споменатиот вирус може да остане на површините уште неколку недели или месеци.
- Ако дијареата се појави кај возрасно лице, тоа лице не смее да подготвува храна за другите членови на семејството.