Што претставуваат грчевите и како да му помогнете на бебето?

Тена Нисетео, дипл. инж. прех. тех.
Болките во стомакот, често карактеризирани како „грчеви“ се појавуваат во било која возраст кај човекот. Најчесто се работи за функционални абдоминални пореметувања кои се дефинирани како пореметувања кои не се поврзани со други медицински состојби. Дијагнозата на функционалните гастроинтестинални пореметувања се поставува врз основа на Римски (IV) критериуми; кога се работи за бебиња, најчесто тоа се инфантилни колики, додека кај поголеми деца тоа е констипација, синдром на иритабилни црева и функционална абдоменална болка.
Спасми, колика кај бебиња: Како да се намали болката?

Што претставуваат инфантилните колики?

Инфантилните колики, познати како грчеви кај доенчињата се јавуваат во најрана возраст и траат 3 до 4 месеци. Главни симптоми се неутешен плач, нервоза и иритабилност, а најинтензивната фаза е токму на возраст од 4. До 6. недела. Иако не изгледа така, овие деца се здрави и напредуваат нормално.

За жал причините поради кои настанува ова пореметување се уште не се потполно познати. Меѓутоа, постојат различни теории, некои од нив тврдат дека се работи за незрелост на невролошкиот и гастроинтестиналниот систем, како и променета микробиота. Од психосоцијална страна грчевите кај новороденчето се поврзуваат со потешкотиите кај мајката, несоодветно зближување на мајката и бебето, како и темпераментот на детето.

Како да се олеснат болките кај новороденчето кои настануваат при коликите?

Неутешниот плач кај бебето многу често предизвикува голема загриженост, стрес и пад на расположението кај родителите кои многу често бараат помош од педијатар, но и алтернативни решенија. Еден од најчестите пристапи е употреба на пробиотски култури, за кои е докажано дека делуваат позитивно, особено кога е во прашање времетраењето на плачот кај бебето.

Со цел ублажување на тегобите, голем број истражувања се посветени на исхраната и додатоците во исхраната. За децата кои се исклучително на доење се препорачува и понатаму да се продолжи со дењето, додека елиминациската исхрана кај мајката не се препорачува. Од друга страна, децата кои се хранети со млечна формула, иако до сега нема доволно научни докази, може да имаат малку послаби симптоми ако се користи формула која има делумно хидролизирани протеини, помалку лактоза или содржи одредени соеви на пробиотици.

Во случај на конвулзии, генерално не се препорачува диета за елиминација кај мајките.

Пробиотиците во гастроинтестиналниот систем делуваат на неколку нивоа. Нивната основна функција е спречување на појава на патогени бактерии во цревата, поттикнување на варењето и апсорпција на некои хранливи материи, како и создавање на масни киселини со кратки ланци и витамин К. Дополнително пробиотиците позитивно делуваат на пропустливоста на цревниот епител и работата на имунолошкиот систем.

Грчеви кај децата

Токму од овие причини пробиотиците често се користат како додаток во исхраната кај децата со функционални гастроинтестинални пореметувања. Децата кои имаат констипација, раздразливи црева и болки во стомакот најчесто користат пробиотици, а денес постојат истражувања кои покажале значителен позитивен ефект од употребата на Lactobacillus rhamnosus GG (LGG) и Lactobacillus reuteri, но и некои бифидобактерии за намалување на симптомите на горенаведените пореметувања.

Секако, со оглед на тоа дека се работи за гастроинтестинално пореметување, освен пробиотиците, многу често проучувани се и пормените во исхраната кои би можеле позитивно да влијаат на намалувањето на симптомите на функционални гастроинтестинални пореметувања.

Децата кои страдаат од запек, синдром на нервозно црево или болки во стомакот, најчесто се лекуваат со пробиотици.

Диета при грчеви кои се јавуваат поради констипација

Како потпора на медикаментозната терапија најчеста диеата која се препорачува при констипација е онаа богата со диететски влакна, односно намирници како зеленчук и овошје, интегрални житарици и нивни производи, како и ферментирани млечни производи, а се препорачува да се избегнува колку што е можно повеќе индустриски односно преработени прехрамбени производи.

Еден од најефикасните видови на исхрана кои се препорачуваат при раздразливи црева а понекогаш и функционални болки во стомакот е т.н. Low-FODMAP диета. Всушност, се работи за исхрана која ги елиминира сите ферментабилни јаглехидрати односно намирници кои ги содржи, а целта на диетата е да се постигне намалување на активноста на цревната микробиота која токму со метаболизирање на олиго-, ди-, моносахаридите и полиолите создава гасови и метаболити кои предизвикуваат тегоби како подуеност, промени во конзистенцијата на столицата, грчеви и болки.

Функционалните гастроинтестинални пореметувања во новороденечка возраст и кај мали деца не претставуваат здравствен проблем, но значително влијаат на квалитетот на животот. Затоа многу е важно да се посвети внимание на нивниот третман, односно намалување на времетраењето на симптомите со сите можни современи начини кои ги нуди современата медицина, нутриционизам и фармакологија.

back to top