Статија 2: Опуштен пристап кон одвикнување од пелени
![[Translate to Macedonian:] Metode za odvajanje od plenic](/fileadmin/waya/user_upload/nasveti/Odvajanje-plenick-pristopi.png)
Ја прочитавте нашата статија „Од пелени до тоалет – први чекори за одвикнување од пелени“ и сфативте дека вашето малечко е подготвено да се одвикне од пелени. Јухуху! Но, овој долготраен процес штотуку почнува.
Постојат неколку методи за одвикнување на децата од пелени - од различни методи кои се фокусираат на детето, преку брзи и „ефикасни“ методи кои делуваат за неколку часа или денови, до методи кои треба да ги започнете штом се роди бебето.
Кој пристап ќе го изберете зависи само од вас, но во оваа статија ќе се фокусираме на првиот метод, т.н. пристап насочен кон детето или „опуштен пристап“.
Опуштениот пристап може накратко да се опише како нежен, но структуриран пристап заснован на награди и постепено учење.
Според опуштениот пристап, децата во просек по девет месеци учат да користат тоалет или нокшир, што предизвикува најмалку несогласувања меѓу детето и родителите.
Како да се пристапи кон одвикнување од пелени (во продолжение е прикажано навикнувањето на нокширче, но можете да ги следите истите чекори и за навикнување на WC шоља:
1. Полека претставете му го нокширот на детето. Ако се определите за навикнување на нокширче, ставете го на подот во бањата или во детската соба. Во бањата детето може да го употребува заедно со вас, а во собата ќе се чувствува поопуштено.
2. На неколку минути ставете го детето на нокширче додека е облечено. Ако е немирно, не му се лутете. Наместо тоа, прочитајте заедно некоја сказна или раскажете му приказна додека не се смири. Повторувајте го ова во тек на една или две недели.
3. Следните неколку дена ставете го детето без пелена да седи на нокшир после оброк. Тогаш желудникот му е полн и најголеми се шансите за празнење на цревата. Сепак, немојте да го присилувате детето и не барајте да мора да ги испразни цревата баш тогаш. Прво оставете го да седи удобно на нокширче без пелена.
4. Детето се повеќе ќе биде заинтересирано да седи на нокширот, па сега можете да го ставите да седи на него дури и кога пелената е полна или треба да се смени. Повторувајте го ова неколку пати на ден и објаснете му на детето дека урината или столицата припаѓа во нокширчето и затоа го правите тоа.
5. Со време ќе го навикнете вашето дете да го користи нокширот наутро веднаш штом ќе се разбуди, после јадење и пред спиење. Дури и да не излезе ништо, пофалете го.
6. Детето сега е посигурно во користењето на нокширчето, па можете на кратко да му ја извадите пелената и да го поттикнете самостојно да го користи нокширчето. Ако заборави, нежно потсетувајте го неколку пати во текот на денот. Можеби ќе треба да му помогнете да се соблече и облече.
7. Во следните неколку недели, продолжете го времето без пелена. Детето треба да носи гаќички дома, а кога сте надвор, а не дома, може да се користат пелени во вид на гаќички или обични пелени. Секогаш носете го нокширчето со вас кога излегувате од дома.
8. Ако пелената останува сува кога не сте дома, а кога сте дома, детето самостојно го користи нокширчето, следниот пат кога ќе излезете, можете да ги оставите пелените дома. Но, сепак погрижете се детето да може брзо да стигне до тоалетот или нокширчето доколку му затребаат.
9. За контролирањето на ноќната столица зафатете се само кога детето е целосно независно при користење на нокширчето преку ден.
Совет WAYA – секој пат кога вашето дете ќе мочка или кака во нокширчето, пофалете го или наградете го. Ако се случи незгода, не го карајте детето и не се лутете. Исчистете ја локвата и нежно потсетете го следниот пат да го користи нокширчето.
Предизвици за време на одвикнувањето од пелени
Одвикнувањето од пелени од родителите бара многу трпение и разбирање. Покрај незгодите кои можат да се случат, има и други предизвици кои можат да настанат при одвикнување од пелени за кои е добро да се биде подготвен.
Празнење на цревата веднаш по употреба на нокширче: ако детето мочка или кака веднаш откако ќе седне на нокширот, тоа може да биде знак дека не може да се опушти, се плаши или сè уште не е подготвено да се одвикне од пелени. Обидете се да го опуштите со читање сликовнички додека седи на нокширчето. Ако тоа не е доволно, обидете се повторно со одвикнување за неколку недели.
Страв од користење на тоалетната шоља: малите деца често се плашат од користење на тоалетната школка бидејќи мислат дека водата ќе ги повлече за време на испирањето или дека ќе паднат во садот. Во тој случај, подобро е да го користите нокширчето. Кога детето е самоуверено ќе почне да го користи нокширчето, можете полека да почнете да го навикнувате на тоалетната шоља. Избегнувајте да користите додатоци за тоалетна шоља или детски тоалетни седишта бидејќи тие често се нестабилни и ги продлабочуваат стравовите.
Неконтролирано истекување на урина: многу деца не знаат како да го контролираат својот мочен меур долго по големата нужда која ја извршиле на нокширчето. Не се грижете. Продолжете да ги фалите успешните подвизи, а контролата на мочниот меур наскоро ќе следи.
Одбивање да се користи нокширчето за голема нужда: до 20% од децата не сакаат да какаат на нокширчето или тоалетната шоља. Причините се страв и вознемиреност, кавги со родителите, тежок карактер или болно празнење на цревата поради запек. Во почетокот, можете да користите пелени за празнење на цревата, но во близина на нокширчето и продолжете со опуштениот пристап. Ако детето има запек, прво треба да го решите тој проблем, па дури потоа да почнете да го одвикнувате од пелени. Ви препорачуваме да ја прочитате оваа статија (линк).
Лутење при пуштање на вода од казанчето: многу деца својата столица ја сметаат за дел од телото и се исклучително горди на тоа. Ова може да доведе до бес при пуштање на вода од казанчето бидејќи тие не сакаат нивното достигнување да исчезне. Одвојте време да му објасните на вашето дете што е столица и зошто треба да се измие. Наградете го секое успешно плакнење соодветно.
Тоалетната шоља ја користат само дома: децата често не сакаат да ги испразнат цревата на друго место освен дома. Другите тоалети им се туѓи и може да имаат поинаков начин на користење што не го познаваат или се плашат. Кај навикнување на други тоалети, започнете со познати луѓе (баба, пријатели) и на почетокот секогаш следете го.
Враќање на користење пелени: во периоди на стрес често се случува детето повторно да почне да носи пелени. Ова најчесто се случува кога ќе им се роди брат или сестра бидејќи сакаат да го привлечат вниманието кон себе, или за време на големи семејни промени - преселба, преместување од лулка во кревет, нова личност која се грижи за детето или смрт на сакана особа. Останете смирени и трпеливи и задоволете ја желбата на детето да носи пелени. Погрижете се да поминете многу квалитетно исполнето време со вашето дете. По неколку дена, обидете се да го оттргнете вниманието од пелената и поттикнете го детето повторно да го користи нокширот или тоалетната шоља.
Ви посакуваме среќа и што помалку незгоди!
LИзвори:
- The Perils and Pitfalls of Potty Training, Valerie Kimball, MD
- Toilet Training, Beth A. Choby, MD, and Shefaa George, MD
- Toilet Training: Common Questions and Answers, Drew C. Baird, MD, and Michael Bybel, DO, Carl R. Darnall Army Medical Center, Fort Hood, Texas, Adam W. Kowalski, MD, Winn Army Community Hospital, Fort Stewart, Georgia
- nijz.si/wp-content/uploads/2022/07/predsolski_otroci_prirocnik_za_izvajalce_vzgoje_za_zdravje.pdf