Како да ја подготвите Bашата патна аптека

Славка Брајовић Хајденкумер
Заминувате на одмор? Дали ја припремивте вашата патна аптека? Сеуште не? Треба да започнете. Не дозволувајте настинката, воспаление на ушите, дијареа, исекотини и други непријатности да го расипат вашиот долгоочекуван одмор. Ако нешто се случи - особено во местата што не ги познаваме – добро е да имаме лична прва помош која може да ни ја олесни болката и да помогне во санирање на помалите повреди.
На одмор со патна аптека која вклучува пробиотици.

1. Први на листата се лековите кои ни се пропишани

Лековите кои ни се пропишани од страна на лекар и постојано ги земаме, како и медицинските средства за хроничните пациенти се дел од личниот багаж пред другите потребни работи за вашето патување.

Доколку не е поинаку наведено, лековите треба да се чуваат на температура под 25 Целзиусови степени и да бидат заштитени од светлина и влага. Багажот со патната аптека секогаш чувајте го при рака. Ако преминувате државни граници со игли, шприцови и други потребни медицински материјали, тогаш мора да имате потврда од вашиот лекар.

2. Патничко осигурување

Доколку немате важечко здравствено осигурување за во странство или патничко осигурување кога патувате во друга држава, болеста може скапо да ве чини. Затоа е добро да размислите за идејата за патничко осигурување пред да заминете на пат, за да што поподготвени го започнете вашето патување.

3. Покачена температура, гадење и дијареа при патување

Секако на одмор не сакате да настинете, да имате треска и болка, затоа понесете термометар и антипиретик, средство за намалување на телесната температура и за ублажување на болката.

За многу луѓе возењето со автомобил, автобус или брод е непријатно. Во тој случај понесете и лек за мачнини при патување. На одмор и патување често се јавуваат гастроинтестинални проблеми како дијареа, запек и надуеност, и затоа во вашата патна аптека земете и производ со млечно-киселински бактерии кои создаваат здрава рамнотежа помеѓу корисните и штетните бактерии во цревната микрофлора и следствено го зајакнуваат имунолошкиот систем, цревната микрофлора, го стимулираат варењето на храната и ги апсорбираат хранливите материи.

Регулираното варење на храна, особено за време на патување е многу значајно, бидејќи сигурно не сакате вашиот годишен одмор на некоја прекрасна туристичка дестинација да го поминете во тоалет. Во случај на труење со храна и појава на гадење и повраќање, многу се потребни раствори за рехидратација кои ќе ви ја вратат силата после гадењето, губењето на апетит, дијареата и повраќањето.

Пробиотиците се оние кои ќе се погрижат за правилно варење за време на летниот одмор.

4. Плускавци и рани

Каква непријатност и болка може да предизвика еден мал плускавец, не може да се опише. Поради ова фластерите се задолжителни во вашата патна аптека.

Исто така и средствата за дезинфекција, стерилна газа и завој за гребнатини и други повреди на кожата. Бидејќи на годишен одмор сме поактивни од вообичаено, добро би ни дошол крем за локално ублажување на болка во мускулите и умор на нозете.

5. Заштита од сонце и инсекти

Изложеноста на сонце во попладневните часови е доста опасна за кожата и здравјето. Доколку тоа не е можно, облечете облека што покрива поголем дел од кожата, а откриените делови заштитете ги со крема за сончање што е задолжителен дел од патната аптека.

Не заборавајте капа и квалитетни наочари за сонце. За заштита од убод од комарци, крлежи и други инсекти не заборавајте и препарати за заштита од нив.

Ви посакуваме среќни, безбедни и здрави денови на вашиот годишен одмор!

back to top