Дијареата нека не патува со вас

Доц. Др Матеја Логар, д- р по медицина
Дијареата при патувањата е голема здравствена потешкотија, која придонесува за висок процент на заболувања и ги онеспособува луѓето при патувањата. Пред сè, заболуваат луѓето кои патуваат од индустриски развиени држави во земјите во развој.
Проблеми со варење и дијареа на патување

За дијареа зборуваме, доколку во 24 часа три пати или повеќе пати имаме неформирана столица со уште еден придружен симптом:

  • нагон за повраќање,
  • лоша општа состојба,
  • повраќање,
  • грчеви во стомакот,
  • зголемена телесна температура,
  • грчеви во анусот и слузаста или крвава столица.

Во кои делови на светот постои голема веројатност поголем дел од времето да го поминете во тоалет?

Појавата на дијареата за време на патувања е пропорционална со вашите грешки при исхраната. Главен самостоен фактор на ризик за дијареа при патување е и подрачјето кое го посетуваме. Со оглед на ризикот за добивање дијареа, светот можеме да го поделиме на три области:

  • области со голем ризик (20-50% веројатност за дијареа при патувања): Латинска Америка, Африка, делови од Средниот исток, Доминиканска Република, Хаити и Азија;
  • oбласти со среден степен на ризик (8-20% веројатност за појава на дијареа при патувања): Јужна Европа, Израел, Јужна Африка и поголем дел од Карипските острови
  • oбласти со мал степен на ризик (до 7% веројатност за појава на дијареа при патувања): Kанада, САД, средна и северна Европа, Јапан, Австралија, Нов Зеланд и некои делови од Карипските острови.

Кај најмалку 90% од лицата кои патуваат, дијарејата се јавува во првите две седмици од почетокот на патувањето, но може да се појави било кога во текот на патувањето или дури и по враќањето дома.

Дијареата на патувањето можете да ја спречите или олесните со вистинските пробиотици.

Што е најризично за јадење?

За време на патувањата, дијареата најчесто ја предизвикуваат бактерии, а поретко рота вируси и норо вируси. Најризични за да се појави инфекција се влажните и сирови намирници (ладни салати и слатки, хамбургерите, сирови, ладни сосови, неизлупено овошје, непастеризирано млеко и млечни производи, вода од водовод), додека пак сувата храна воглавно се смета за сигурна (леб,тврди сирења,лупено овошје,флаширана вода и газирани пијалоци).

Храната е начелно сигурна ако за време на готвењето температурата во средината била повисока од 71 °C и ако после готвењето јадењето не е подгревано. На туристите им се советува да пијат сигурни пијалоци и да не ја пијат водата од чешма.

Можеме да се заразиме и за време на пливање. Затоа на патниците не им препорачуваме пливање во слатки и солени води во кои е можно да е спроведена локална канализација.

Во патната аптека влегуваат и пробиотиците

Пред тргнување, патниците и туристите се советуваат околу тоа што претставува безбедна храна и пијалок, меѓутоа, тие ретко се придржуваат кон истите. Неантибиотските средства се најважен начин за спречување на дијареата при патувањето.

Пробиотските производи кои содржат култури на Saccharomyces boulardii, мешавина од бацили од Lactobacillus и Bifidobacterium bifidum во многу испитувања се докажале како ефикасни при спречување на појавата надијареа при патувањата. Пробиотиците имаат и добар сигурносен профил, така што патниците добро ги поднесуваат и при подолга примена.

При појавата на дијареа надополнете ги изгубените течности и електролити

Кај поголем број случаи појавата на дијареа за време на патувањата не е ниту тешка нити пак опасна по животот. Затоа лекувањето е насочено кон намалување на тегобите и траењето на дијареата.

Прва цел е да се спречи појавата на дехидрацијата која побрзо се развива кај доенчињата, малите деца, старите лица и трудниците, а кај здравите постари лица дехидрацијата е ретка.

Лицата со благ облик на дијареа кај која не е потребно приспособување на дневните активности можат да ги надоместат течностите и електролитите ако комбинираат солени печива, односно солени и бистри супи, овошни и газирани сокови, слатки пијалоци кои не содржат кофеин.

Пробиотиците можат поволно да делуваат и врз скратување на времетраењето на дијареата бидејќи го подигнуваат имунолошкиот систем, се натпреваруваат со штетните бактерии за сврзните места на цревната слузница и го спречуваат размножувањето на штетните бактерии.

Кај децата, постарите лица и трудниците со тежок облик на дијареа потребно е интензивно надокнадување на течности со орални рехидрациски раствори (ОРС). ОРС содржат вода, шеќери и NaCl. Не се потребни посебни ограничувања при исхраната. Кога станува збор за тежок облик на дијареа придружена и со дополнителни симптоми, во предвид доаѓа и антибиотско лекување.

При дијареа рехидратацијата е најважна мерка!

Совети за туристи

Патувањата во тропските и субтропските области стануваат се подостапни и попривлечни за се поширок круг на луѓе. За жал, дијареата при патувањата во тие предели е премногу честа: заболуваат до 50% од туристите кои патуваат во тие делови на светот.

Иако заболувањето по правило е благо, сепак може да ги расипе плановите за годишниот одмор. Затоа е важно уште пред тргнувањето да знаете што можете да сторите за да ја спречите појавата на дијареа. За жал, познато е дека повеќето луѓе не се придржуваат кон препораките за сигурен начин на исхрана и дека дијареата може да се јави и при строг начин на исхрана.

Покрај придржувањето до препораките за сигурна исхрана, пробиотската култура е уште една од можностите за спречување на појава на дијареа за време на патувањата. Туристите исто така мора да бидат запознаени со можностите за самолекување и да знаат кога треба да побараат лекарска помош.

back to top