Дијареа и исхрана

Тена Нисетео, дипл. инж. прех. тех.
Дијареата претставува најчесто симптом на гастроинтеснтинално пореметување. Вообичаено се дефинира како зголемен број на столици, повеќе од три пати на ден, кои имаат кашеста до течна конзистенција и поголем волумен. Дијареата често е пропратена со болки во стомакот, грчеви, чувство на перианална непријатност, а нагонот за празнење на цревата е чест.
Диария и диета

Кои се причините за појава на дијареа?

Дијареата најчесто претставува последица на акутна инфекција на гастроинтестиналниот систем (гастроентеритис), која може да биде од вирусно или бактериско потекло, потоа труење со храна, а може да се појави како непосакувана реакција од некој додаток на исхрана или лек (нејчесто антибиотик).

Таков вид на дијареа е акутен, трае од неколку дена па до 1, најмногу 2 недели. Поради големата загуба на течности, електролити и хранливи материи дијареата навистина може значително да ја загрози состојбата на пациентот.

Дијареата може да биде последица на алергии, интолеранција на поединечни состојки од храната (најчесто лактоза) и синдром на иритабилни црева/колон, исто така може да се јави и при анксиозност или стрес. Дијареата во овој случај може да трае многу кратко или малку подолго.

Хроничнатадијареа обично трае повеќе од четири недели и најчесто е последица на тешки  хронични гастроинтестинални заболувања, како воспалителни болести на цревата, целијакија, хроничен панкреатитис и синдром на иритабилни црева. Во подолг временски период лицето почнува да губи тежина, односно да се чувствува се послабо, губи апетит и се јавува потхранетост.

На кој начин да ја третирате дијареата?

Прв и основен начин на лекување на дијареа е откривање и одстранување на причината. Насилно стопирање на дијареата не е решение.

Идејата да се сопре дијареата што побрзо всушност не е воопшто добра. Дијареата е природен начин на организмот на најбрз можен начин да се ослбоди од токсините, односно бактерии, висуи или паразити. Токму од оваа причина забрзано и неприродно спречување на дијареата може да ја влоши состојбата.

Секако, кога се работи за хронична дијареа треба веднаш да се посети доктор, пристапот во таква ситуација е да се најде причината за дијареата колку што е можно побрзо и да се доведе во контрола болеста, а на тој начин да се намали и бројот на столици и функцијата на цревата да се врати во нормала.

Запирањето на дијарејата со сила не е решението.

Компензирање на последиците од акутната дијареа е прва линија на самопомош. Целта е да се спречи состојбата на дехидратација и загуба на енергија. Традиционално, супата претставувала одличен извор на течности, електролити, малку протеини и јаглехидрати и се смета за една од првите течности за рехидратација.

Конзумирањето на чај традиционално се поврзува со лекување, но треба да имаме на ум дека тоа се всушност водени екстракти од лековити билки и секоја билка има свои лековити карактеристики. Ако не се познаваат нивните карактеристики, конзумацијата на чај  може да причини повеќе штета отколку корист, поради што се советува да се избегнува експериментирање и придржување до традиционалниот незасладен чај од шипка.

Денес постојат посебни, јасно формулирани рехидратациски соли или раствори кои се препорачува да се употребуваат за рехидратација при дијареа и тоа целиот период додека трае дијареата. Дополнително, постојат научни докази дека употребата на додатоци во исхраната како одредени соеви на пробиотициби можела значително да допринесе во обновата на цревната микрофлора и на тој начин регилирање на работата на цревата и смирување на дијареата.  

Како да ја прилагодите исхраната при дијареа?

Логично прашање кое си го поставувате кога се во прашање пореметувања на гастроинтестиналниот систем се: што да се јаде, дали постои храна која помага во смирување на дијареата, дали со храната може да се спречи појава на потхранетост, замор и друг последици од дијареата.

Храната има важна улога, но со храната не можеме да ја излекуваме дијареата. И акутната и хроничната дијареа престануваат со одстранување на причината за појавата на дијареата, при тоа со правилна исхрана можеме да одржиме реалтивно добра состојба на организмот.

Една од најпознатите, денес докажано непотребни и во поголем број од случаите напуштени диететски мерки кога е во прашање дијареата е т.н. BRAT-диета (банана, ориз, јаболко и леб, односно на англиски: Banana, Rice, Apple, Toast). Оваа диета е навистина рестриктивна, а целта е да ја спречи дијареата. Денес е познато дека овој вид на исхрана не придонесува до прекин на дијареата, туку ги намалува внесот на хранливи материи кои се губат преку дијареата, мастите кои го успоруваат преминот на храната низ цревата и го потхрануваат пациентот, затоа никако не се препорачува оваа диета.  

Нормална, разновидна, регулирана исхрана без поголеми рестрикции одржува нормален внес на хранливи материи и придонесува до побрзо оздравување.

Со оглед на тоа што организмот има свој природни механизми на одбрана, некои намирници, храна и пијалоци нема да ни одговараат.

Кога се појавува дијареја, следете балансирана и разновидна диета. Ова одржува нормален внес на хранливи материи и придонесува за побрзо закрепнување.

Тогаш е важно да се послуша своето тело и да не се форсира со конзумација на храна која во моментот не ни одговара. При дијареата и понатаму се советува избегнување на слатки пиајлоци, сокови, чаеви и кафе, бидејки ја „влечат” водата во цревата и поттикнуваат цревна перисталтика, што дополнително може да ја влоши состојбата. Истото се однесува и на пикантната храна, храна на скара, мешинки, кои се тешко сварливи и можат на предизвикаат подуеност. Воглавном, овие намирници и храна не ни се воопшти привлечни при дијареа. 

Кога се работи за дневното мени при дијареа, одлучете се за полесно оброци, пр. За доручек земете леб со путер и џем или мед, млечен намаз или каша од просо или овесни снегулки со банана, за ручек е добредијдена супа со зелка или тестенини, рижото или тестенини со лесен сос, печено пилешко месо со варен компир или салата, како ужина земете бисквити и овошје, за вечера добра идеја е качамак со јогурт, гриз или сендвич.

Дијареа: здравата супа е извор на течности, електролити, протеини

Оброците треба да бидат редовни и затоа се советува пет оброци дневно, не мора да бидат обилни, односно се советува помала количина на храна повеќе пати во денот.

Кога се работи за акутна инфективна дијареа, најдобро е да му се дозволи на организмот едноставно на природен начин да се одбрани од причинителот. На телото за тоа време му треба помош и сила, а тоа ќе му го овозможите со правилна рехидратација, исхрана и употреба на додатоци во исхраната како што се пробиотиците, како и препарати со витамини и минерали. 

back to top