Летото е најубавото годишно време и за бактериите

Надја Отт, маг. фарм.
И вашето бебе набрзо ќе го вкуси првиот сладолед, а при тоа сигурно ќе направите и фотографии со извалкано лице и солзи кога ќе му го земете корнетот од рака бидејќи се уште не сте подготвени да му дадете да излиже цела топка.
Проблеми со варење и диареа во летниот период

Внимателно ќе му го извлечете ќебапчето од рака за да не се изгори додека го притиска во рачињата и џвака во устичето. Нозете по прв пат ќе ги закопа во песокот и повеќе од сигурно е дека ќе сака да ги стави во уста.

И да не заборавиме дека повторно ќе добива бакнежи од роднините кога ќе се воодушевуваат колку е пораснато. Веројатно преку летото, ќе издвоите и еден ден за семејно капење во некој базен, а низ главата цело време ќе ви шета мислата: „Само да не се напие од водата во базенот“.

Високите температури за време на летниот период овозможуваат побрзо размножување на микроорганизмите, кои не опкружуваат насекаде, а се наоѓаат и во нас. Некои се дури и добри, пожелни, на пр. пробиотиците - добрите бактерии.

За жал, многу микроорганизми се штетни, а во горенаведените услови весело се размножуваат и бактериите кои предизвикуваат дијареа. Малите деца речиси сè што ќе земат во рака веднаш го ставаат во уста ... и понатаму во дигестивниот систем. Затоа во топлите месеци дијареата е почеста.

Кај децата помали од една година, дијареа е обично со многу потежок облик во споредба со возрасните. Секако дека на своето дете нема да му забраните сè од наброеното, но ви препорачуваме поголемо внимание.

Правила кои би требало да се запазат за да се намали можноста за појава на инфективена дијареа кај децата:

  • Често и темелно миење на рацете. (Како што рековме, малите деца речиси сè што ќе земат во рака веднаш го ставаат во уста.)
  • Темелно миење на намирниците кои не се варат. (Летно време на располагање имаме многу повеќе овошје,а многу видови овошје вашето детето ќе ги проба за прв пат. Нека не му останат во лошо сеќавање.)
  • Темелна термичка обработка на намирниците кои се варат или печат. (Нека замириса на добро испечени ќебапчиња.)
  • Пиење чиста вода. (Секако дека треба повеќе пати да се повтори реченицата да не се пие вода од базен.)
back to top