Зошто е важно да се земаат пробиотици за време на бременоста?
Бременоста е еден од најубавите и најмагичните периоди од животот. Им се радуваме на новиот живот и новите искуства, а истовремено размислуваме како најдобро да се погрижиме за себе и своето бебе.
Жените за време на бременост и доење многу често се прашуваат како да ги спречат или намалат тегобите кои се јавуваат во тој период. Проблемите во гастроинтестиналниот тракт и појавата на запек се чести придружни тегоби кај бремените жени. Подоцна, кога ќе дојде на свет и новороденчето, се соочуваме и со појава на колики и други гастроинтестинални тегоби кај детето, а постои голема можност за појава на алергии. Што да превземеме за да ги спречиме или намалиме тие тегоби?
За време на бременоста и доењето многу важна е разновидната исхрана богата со микроелементи како што се витамините и минералите, како и употребата на корисни млечнокиселински бактерии (пробиотици), за кои се покажало дека имаат корисен ефект врз рамнотежата на цревната микрофлора. Нивниот составот е специфичен, меѓутоа во стручната литература се наведени одредени соеви на млечнокиселински бактерии кои поволно влијаат на работата на цревата.1
Најновите истражувања покажуваат дека цревната микрофлора (која се состои од над 1000 видови на различни бактерии, квасци и археи) има важна улога во одржувањето на здравјето. Преку внесување на одредени бактерии може да влијаеме на цревната микрофлора. Имено, внесувањето на пробиотици, односно корисни млечнокиселински бактерии за време на бременоста и кај доенчињата има заштитна улога против прееклампсија, гестациски дијабетес, вагинални инфекции, алергии и дополнително има поволно влијание врз зголемувањето на телесната тежина на мајката и новороденчето.2 Употребата на пробиотици помага и во воспоставување на рамнотежа на цревната микрофлора, а со тоа и во намалување на различните гастроинтестинални тегоби.
Употребата на пробиотици помага и во воспоставување на рамнотежа на цревната микрофлора, а со тоа и во намалување на различните гастроинтестинални тегоби.
Дијабетес кај бремени жени и вагинални инфекции
Според научните истражувања, употребата на пробиотици за време на бременоста може да го подобри метаболизмот на гликозата и на тој начин да ја намали инциденцата на гестациски дијабетес и прееклампсија.5 Дијабетес за време на бременост може да значи и зголемен ризик од развој на дијабетес (особено Тип 2) и после бременост, а децата на бремени жени со гестациски дијабетес се склони кон дебелина и дијабетес подоцна во животот, за време на доцниот пубертет и раната зрелост.6
Пробиотиците исто така покажуваат поволен ефект во одржувањето на вагиналната микрофлора. Нивната употреба може да ја намали фреквенцијата на вагинални воспаленија.5
Алергии кај деца
Светската алергиска организација (World Allergy Organisation – WAO) препорачува употреба на пробиотици кај бремени жени кај кои постои зголемен ризик за развој на алергии кај нивните деца. Деца со зголемен ризик се оние кај кои барем еден родител, брат или сестра имаат или веќе имале алергиски ринитис, астма, егзема или алергија на храна.7
Истражувањата во кои е вклучена корисната бактерија Lactobacillus rhamnosus GG покажале добри резултати во превенција од појава на алергии. Ако мајките земале Lactobacillus rhamnosusGG за време на бременоста и децата по раѓањето, ефикасноста се покажала во превенција од појава на рана атописка болест кај деца со зголемен ризик од алергии.
Ако мајките земале Lactobacillus rhamnosus GG за време на бременоста и децата по раѓањето, ефикасноста се покажала во превенција од појава на рана атописка болест кај деца со зголемен ризик од алергии.
Гастроинтестинални тегоби во бременоста и кај доенчињата
Гастроинтестиналните тегоби се честа непријатна појава за време на бременоста. Пробиотската бактерија Lactobacillus rhamnosus GG помага во регулација на цревната микрофлора и затоа се препорачува во одржување на регулирано варење.
Меѓутоа, по бременоста се соочуваме и со гастроинтестинални тегоби кај доенчето. Коликите се честа појава, а ги препознаваме по неутешниот плач на доенчето, стиснување на рацете во тупаници и виткање на нозете кон стомакот. И тука Lactobacillus rhamnosus GG може да помогне. Имено, докажано е дека го намалува плачењето кај деца со колики за 60%.9 Препарат со пробиотска бактерија Lactobacillus rhamnosus GG во нашата домашна аптека исто така ќе ни помогне при дијареа (кај доенчето или мајката) и кај други гастроинтестинални тегоби.
Безбедна употреба на пробиотици во бременост
Бројните истражувања покажуваат дека употребата на пробиотици за време на бременоста е безбедна. Нема предупредувања во однос на употребата на докажани пробиотици за време на бременоста и доењето, а нема ниту информации за можни несакани последици кај бремени жени и доилки.3, 4
Исклучително е важно да се изберат квалитетни, проверени и докажани пробиотици. Lactobacillus rhamnosus GG е една од најистражуваните бактерии со докажана ефикасност при голем број на индикации (WAYA Biotic).
Уживајте што е можно повеќе за време на бременоста, бидете опуштени и ставете се на прво место. За да немате грижи и да ги намалите тегобите, помогнете си со употреба на пробиотици.
Извори и литература:
- Guarner et al. World Gastroenterology Organisation Global Guidelines: probiotic and prebiotics. February 2017.
- Gomez Arango et al. Probiotics and pregnancy. Curr Diab Rep. 2015 Jan;15(1):567.
- Luoto et al. Impact of maternal probiotic-supplemented dietary counselling on pregnancy outcome and prenatal and postnatal growth: a double-blind, placebo-controlled study. Br J Nutr. 2010 Jun;103(12):1792-9.
- Elias et al. Are probiotics safe for use during pregnancy and lactation? Can Fam Physician. 2011 Mar; 57(3): 299–301.