Употреба на антибиотици кај возрасни – Антибиотици, исхрана и закрепнување

Тена Нисетео, дипл. инж. прех. тех.
Антибиотиците се лекови кои овозможуваат силна одбрана на организмот од патогени бактерии. Добро е познато дека антибиотската терапија не помага при вирусни инфекции, меѓутоа, кога станува збор за бактериски инфекции, современата антибиотска терапија е многу напредната. Имено, денес, употребата на антибиотиците е целна, а третманот е многу ефикасен и трае сè пократко.
Антибиотици, исхрана и дијареа

Како можеме да му помогнеме на организмот во борбата против инфекциите?

Прашањето е што можеме да направиме за себе и како можеме да му помогнеме на нашето тело да се бори против инфекцијата.

Кога телото е нападнато од бактерии, се јавува воспаление, односно се јавува воспалителен процес кој го поттикнува имунолошкиот одговор на организмот. Во тој момент, можеме значително да му помогнеме на телото во борбата против патогените бактерии со избор на соодветна храна. Честопати се случува да го изгубиме апетитот поради појавата на гадење, повраќање, дијареа и болка, притоа лошо се храниме; главно исхраната се базира на леб или двопек, суви закуски, бисквити и слатки чаеви, поради што организмот не го добива она што му е најмногу потребно и со тоа дополнително се исцрпува. Слатките чаеви можат дополнително да ја влошат дијареата предизвикана од инфекција и/или антибиотска терапија

Исхраната е важна

Антиоксидансите од храната значително ќе го намалат оксидативниот стрес предизвикан од инфекцијата и ќе го стимулираат производството на антитела IgA, кои се имунолошки одговор на инфекцијата. Проантоцијанидините, полифенолите и одредени микроелементи како витамин Ц, витамин Е, витамини од групата Б, цинк и магнезиум дополнително ќе ги зачуваат ткивата кои биле оштетени поради инфекција, земањето на антибиотици и ќе им помогнат да се регенерираат.

Извори на овие хранливи материи се првенствено овошјето, особено бобинките како капини, малини, боровинки, рибизли и аронија и зелен лиснат зеленчук како зелена салата, спанаќ, блитва и кељ. Оваа храна може да се комбинира во смути и да се пие преку ден, при што нема да го оптоварува гастроинтестиналниот систем, а ќе му обезбеди на организмот големи дози на хранливи материи, фитонутриенти и растителни влакна.

Антиоксидансите од храната значително ќе го намалат оксидативниот стрес предизвикан од инфекцијата и ќе го стимулираат производството на антитела IgA, кои се имунолошки одговор на инфекцијата.

Антибиотици и несакани ефекти

За жал, иако лекуваат и спасуваат животи, антибиотиците имаат несакани ефекти. Еден од најчестите и најпознатите е дијареата. Дијареата се јавува поради дејство на антибиотиците врз одредени корисни цревни бактерии кои природно се наоѓаат во гастроинтестиналниот систем. Имено, со уништување на патогени бактерии, антибиотикот многу често ги уништува и корисните, поради што се јавува дисбиоза. Во тој случај, пробиотските додатоци во исхраната помагаат најмногу.

Еден од најиспитуваните и најефикасните соеви е Lactobacillus rhamnosus GG (LGG) во препорачаната доза од 9-10 милијарди CFU (бактериски клетки). Пробиотикот се препорачува да се зема пред, за време и по антибиотската терапија, бидејќи на тој начин главно се намалува негативниот ефект на антибиотикот врз цревната микрофлора, а несаканите ефекти се поблаги и траат пократко.

Земањето на пробиотици не е важно само за воспоставување на рамнотежа во гастроинтестиналниот систем. Добро е познато дека пробиотиците имаат силно имуномодулаторно дејство, кое се препознава на ниво на цревната слузокожа, каде спречуваат врзување и размножување на патогени бактерии, но и на ниво на целиот организам, бидејќи тие ја зајакнуваат одбранбената реакција на организмот.

Дијареата се јавува поради дејство на антибиотиците врз одредени корисни цревни бактерии кои природно се наоѓаат во гастроинтестиналниот систем. Имено, со уништување на патогени бактерии, антибиотикот многу често ги уништува и корисните, поради што се јавува дисбиоза. Во тој случај, пробиотските додатоци во исхраната помагаат најмногу.

Исхрана за време на инфекции

Најновите насоки во однос на исхраната при инфекции поттикнуваат што е можно поизбалансирана и разновидна исхрана. Се препорачува консумирање на секаква храна, а кога станува збор за млеко и млечни производи, акцентот е ставен на ферментираните, како што се ацидофили, кефир, јогурт и кисело млеко; секако треба да внимаваме на тоа дека конзумацијата на овие производи во поголеми количини може да ја зголеми дијарејата и затоа е препорачливо да се земе пробиотик пред сè.

Сепак, често поради малаксаност, недостаток на апетит и гадење, едно лице не може да внесе доволно хранливи материи, а од друга страна, човечкото тело троши повеќе од своите резерви отколку вообичаено во борбата против инфекцијата. Тогаш се препорачува да се земе мултивитамински додаток кој содржи зголемена доза на витамин Ц (околу 500 мг на ден), витамин Е и цинк како најсилни антиоксиданти и хранливи материи кои учествуваат во многу имунолошки реакции.

Еден од најиспитуваните и најефикасните соеви е Lactobacillus rhamnosus GG (LGG) во препорачаната доза од 9-10 милијарди CFU (бактериски клетки). Пробиотикот се препорачува да се зема пред, за време и по антибиотската терапија, бидејќи на тој начин главно се намалува негативниот ефект на антибиотикот врз цревната микрофлора, а несаканите ефекти се поблаги и траат пократко.

Целта на исхраната за време на акутна бактериска инфекција е снабдување на организмот со сите потребни хранливи материи на дневна основа. На тој начин, телото нема да ги исцрпи сите свои резерви и ослабне, туку ќе има сила да одговори правилно и силно на инфекцијата, така што многу брзо ќе зарепне по инфекцијата и со тоа ќе биде многу помалку подложно на нови болести.

back to top