Што се пробиотици и зошто треба да се употребуваат заедно со антибиотици?

Пробиотици се живи микроорганизми кои ако се употребуваат во соодветна количина, поволно делуваат на здравјето на пациентот. Најпозната и најчеста препорака за употреба на пробиотици е при проблеми со варење на храната, дијареа или иритабилен колон.
[Translate to Macedonian:] Antibiotiki in prebavne težave. Priporoča se jemanje probiotikov.

Бактериски инфекции

Бактериите ги среќаваме насекаде околу нас. На кожата и цревата ги има повеќе од милион различни видови. Повеќето бактерии не предизвикуваат тегоби и болести, а бактериите кои се наоѓаат во нашите црева имаат голема улога во зачувување на здравјето. Кај бактериските инфекции клучно е лечење со антибиотици.

Поради тоа, клиничките истражувања покажуваат дека кај пациентите кои употребуваат пробиотици во комбинација со антибиотик постои значајно намалување на ризикот од дијареа.

При терапија со антибиотици честа појава се дигестивните тегоби. Антибиотиците делуваат и врз нормалната флора, што доведува до можност за раст на патогените организми. Употребата на пробиотици се смета дека ја надополнува нормалната гастроинтестинална флора и ја превенира прекумерната колонизација на патогените бактерии. Најчести несакани ефекти од употребата на антибиотици се дигестивните тегоби.

Може да се појави дијареа, надуеност, мачнина и болка во стомак. Тие може да се појават уште при почетокот на употреба на антибиотик, па се до два месеци по земањето на антибиотикот. Дијареа како последица од употреба на антибиотици може да се појави кај 5%–40% од луѓето.

Главните ризик фактори за појава на дијареа при употреба на антибиотик се:

• употреба на антибиотици

со широк спектар, како што се беталактамските антибиотици (со или без клавулонска киселина), цефалоспорини, клиндамицин

• деца помали од 6 години и лица постари од 65 години,

• лица кои имале дијареа при употреба на антибиотик,

• при продолжена антибиотска терапија

• кај хоспитализирани пациенти

 

Дијареа како последица од употреба на антибиотици може да се појави кај 5%–40% од луѓето.

Дијареа асоцирана со употреба на антибиотици е најчеста и најпроучувана состојба што наметнува употреба на пробиотици. Водичите од Infectious Diseases Society of America (IDSA) од 2017 година препорачуваат пробиотици како опција за намалување на симптомите на оваа состојба.

За спречување на дијареа која може да биде предизвикана од употреба на антибиотици, во клиничките испитувања за најдобар се покажал сојот на Lactobaciillus rhamnosus GG. Истовремената примена на пробиотик од сојот Lactobaciillusrhamnosus GG заедно со антибиотик го намалува ризикот од дигестивни проблеми: дијареа и течна столица за 65%. Се препорачува 109–20CFUs (colony forming units) дневнo.

Пробиотскиот сој Lactobaciillusrhamnosus GG поволно влијае и во зголемувањето на отпорноста на организмот. Со користење на пробиотик можеме да помогнеме за брзо опоравување после бактериска инфекција, да ги избегнеме непријатните тегоби со варење на храната и да ги зголемиме шансите за подобро лекување со антибиотиците.

Се препорачува да се отпочне со пробиотикот пред употреба на антибиотикот и да се продолжи со завршување на антибиотската терапија. Со оглед на тоа дека антибиотикот може лошо да делува на пробиотикот се препорачува негова употреба два часа пред или после земањето на антибиотик.

Пробиотичниот вирус Lactobacillus rhamnosus GG се покажа во клиничките испитувања како најдобар за спречување на дијареја предизвикана од антибиотици.

 

Антибиотиците не лечат вирусни инфекции!

Повеќето настинки се предизвикани од вируси и тогаш лечењето со антибиотици нема никаков корисен ефект. Кога антибиотикот се зема неправилно, односно кога се зема при вирусни инфекции, кога лечењето трае прекратко или се употребува недоволна доза, тоа може да доведе до развивање на отпорност на бактеријата на антибиотикот и уништување на неговата ефикасност. При следна инфекција постои ризик од резистенција на антибиотикот. Лекувањето тогаш може да трае подолго и да има потежок тек на болеста.

При употреба на антибиотици важно е да ги следите советите и препораките на Вашиот лекар.
Антибиотикот секогаш мора да биде препишан од страна на лекар и тоа секогаш после извршен преглед на пациентот. Се користат според упатството бидејќи во спротивно нема да бидат ефикасни или може да предизвикаат несакани ефекти. При употреба на антибиотици, исто така е важно да не ја прекинувате терапијата прерано, дури и тогаш кога се чувствувате подобро.

Со цел да ги спречите дигестивните тегоби земете клинички докажани пробиотици. На тој начин успешно ќе ја завршите терапијата и ќе ја зголемите шансата за оздравување.

Референци:

  1. Thad Wilkins et al., Probiotics for Gastrointestinal Conditions: A Summary of the Evidence. Am Fam Physician 1,96(3):170-179. 2017
  2. https://nfic.ff.ukim.edu.mk/probiotici-mehanizam-na-dejstvo-indikacii-doziranje-i-bezbednosni-merki-pri-nivna-primena/
  3. www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/24280886 I Szajewska et al. Aliment Pharmacol Ther. 2015 Nov; 42(10):1449-57
  4. Vanderhoof et al: Lactobacillus GG in the prevention of antibiotic-associated diarrhea in children. J Pediatr.
back to top