После празници се јавува горушица

Најчесто луѓето ги поминуваат празниците заедно со оние кои најмногу им значат. Засладување со колачиња за време на божиќните празници, новогодишна вечера, сочна велигденска торта со ореви или роденденска торта не собираат сите нас на трпеза за време на славењето. Во тоа време на нашите чинии обично има најмногу месо и месни производи, слатки колачи, алкохолни и газирани напитоци. За жал, сето ова може често да не изненади со горушица за време на празниците.
После празници се јавува горушица

Во оваа статија ќе дознаете повеќе за горушица и останати симптоми на рефлукс, ќе ги дознаете клучните причини за горушица и ќе научите како успешно да се справите со неа.

Горушица и останати симптоми на рефлукс

Горушица претставува чувство на печење во градите предизвикано од рефлукс, односно враќање на желудочна киселина преку хранопроводот спрема грлото.

Помеѓу желудникот и хранопроводот се наоѓа помал мускул кој ја пропушта храната во желудникот и спречува да се врати содржината од желудникот, но кај некои луѓе неговата функција може да биде нарушена. Тоа може да го оштети хранопроводот, што некои луѓе го чувствуваат како горушица.

Најчестите симптоми на рефлукс, со веќе споменатото чувство на печење во градите се:

  • болка во градниот кош при лежење или наведната положба
  • чувство на врел, кисел, горчлив или солен вкус во грлото (регургитација)
  • нарушувања во голтање

 

Горушица се јавува барем еднаш неделно кај секој четврт жител на развиениот свет. Честа е кај луѓе со прекумерна телесна маса, кај оние кои јадат пребрзо, бремени жени и повозрасни луѓе, бидејќи кај нив полека се нарушува функцијата на мускулот кој го одвојува желудникот од хранопроводот.

Траењето на горушицата може да варира кај луѓето. Понекогаш може да потрае само неколку минути, а кај некои луѓе и неколку часа.

Горушица се јавува барем еднаш неделно кај секој четврт жител на развиениот свет.

Кога се јавува горушица?

Кога стоиме, гравитацијата ни помага желудочната киселина да не се движи од желудникот во хранопроводот. Меѓутоа, при лежење по оброк или прејадување може да се појави внатрешен притисок на мускулот затворач, со што се потиснува желудочната киселина во хранопроводот. Поголема телесна маса може да го зголеми тој притисок, а масната храна дополнително го забавува варењето и ја зголемува горушицата.

Причини кои исто така влијаат на чувството на горушица:

  • пушење
  • возраст
  • внес на одредена храна
  • внес на одредени лекови (на пр. против болки)

Масната храна дополнително го забавува варењето и ја зголемува горушицата.

Осум совети за ублажување на горушица

Дали знаете дека со помош на неколку корисни совети можете многу да направите за контрола на горушицата?

 

  1. Намалете ја количината на храната која ја консумирате

 

Прекин на прејадување со сигурност е голем предизвик, но се смета за еден од најважните начини за отстранување на проблемите поврзани со горушица. Навикнете се оброкот да го завршите порано, бидејќи на тој начин ќе Ви биде полесно да запрете со консумирање на вкусните празнични јадења, а со тоа и непријатното чувство нема повеќе да биде дел од празничните денови. Можете да си помогнете со користење на помали чинии во кои нема да можете да ставите голема количина на храна.

  2. Дознајте повеќе информации

 

Препознајте ги намирниците кои го надразнуваат желудникот и предизвикуваат горушица, а со тоа обидете се да ги избегнувате. Овде можете да ги пронајдете најчестите намирници кои предизвикуваат горушица: линк

 3. Не јадете непосредно пред спиење

Вашиот последен оброк би требало да биде четири часа пред спиење.

 4. Бидете пребирливи

Доколку не сакате чорба од боранија, немојте да ја јадете. Јадете го она кое навистина го сакате, но внимавајте количината на оброкот да биде умерена.

 5. Јадете полека, со внес на мали парчиња

Замислете дека сте дегустатор на вина – првите неколку голтки се за проба и уживање. Затоа уживајте и во исхраната. Потрудете се вистински да ја доживеете. Изедете само едно парче, наместо цела чинија колачи.

 

  6. Прошетајте по вечерата

Пешачење по вечера е многу здрава навика бидејќи помага во варењето – и ја спречува горушицата.

  7. Не носете тесни пантолони

Тесни пантолони можат да намалат апетит, но и да го притиснат желудникот и со тоа да ја зголемат можноста за појава на горушица.

  8. Престанете да пушите или барем малку намалете ја бројката на цигари

Пушењето многу ја зголемува можноста за појава на рефлукс и чувство на печење, односно горушица.

 

Веруваме дека добиеното знаење ќе Ви користи во успешното соочување со болни и гради кои печат од појавата на горушица, а со тоа и ќе си обезбедите и безгрижно уживање за време на празниците. Добар апетит!

back to top