Нервозен желудник: непријатност и горушица во желудникот предизвикани од стрес и анксиозност
Што претставува нервозен желудник?
Надразнет или нервозен желудник, односно емоционален гастритис клинички се дијагностицира како воспаление на внатрешниот ѕид на желудникот. Слузницата на желудникот е оштетена и иритирана од јаките кисели сокови за дигестија, што може да остави мали ранички и улкуси на ѕидот на желудникот, а во одредени случаи можат и да крварат.
Периоди на интензивен стрес со нервоза, раздразливост и анксиозност можат да предизвикаат претерана стимулација на хипоталамусно-хипофизно-надбубрежните оски, зголемено создавање на желудочна киселина и намалување на одбранбените механизми на желудникот.
Главни симптоми на иритиран желудник:
- горушица во горниот дел од стомакот поради зголемена киселост на желудникот
- нарушено варење поради воспаление кое ја менува работата на дигестивниот систем и празнење на желудникот
- чувство на пол стомак и надуеност веднаш по јадење
Психосоматските болести ги опфаќаат нашите мисли и тело. Многу болести можат да се влошат поради емоционални проблеми, стрес или психички тегоби, а во исто време физичките болести можат многу да го загрозат нашето ментално здравје.
Што помага кај иритиран желудник?
Релаксирачки и анти стрес вежби како јога, пилатес, медитација и пешачење се од голема помош во ублажување на мускулната и психолошката напнатост на телото, помагаат за подобра физичка и психичка благосостојба, последователно допринесуваат за здравјето на нашиот желудник.
Ослободете се од симптомите со производот WAYA StopReflux
Доколку горушица е симптом на надразнет желудник, можете да ја ублажите со употреба на производи на база на алгинат како што е WAYA StopReflux.
WAYA StopReflux содржи иновативна комбинација од состојки кои истовремено го штити желудочниот ѕид, ги заздравува улкусите и раните, односно спречува влошување на симптомите:
- магнезиум алгинат: создава гел кој плови поради заради насобраниот јаглероден диоксид и на тој начин се создава чеп кој ја штити физичката бариера, а таа спречува рефлукс (подигнување) на желудочниот сок во хранопроводот
- хијалуронска киселина и хондроитин сулфат: ја заштитуваат слузницата и помагаат во зацелување на слузницата на хранопроводот
Пред употреба прашајте го Вашиот лекар за совет. Медицинскиот производ WAYA StopReflux едноставно се користи – само 1 кесичка по оброк или навечер пред легнување во кревет, односно пред спиење.
Информациите кои се содржани на оваа страница се наменети само во информативни цели и во ниту еден случај не се замена за помош или совет од лекар!
Извори:
- https://www.ezdravje.com/prebavila/zelodcne-tezave/zgaga-in-refluksna-bolezen-poziralnika/
- Bor S, Kalkan İH, Çelebi A, et al. Alginates: From the ocean to gastroesophageal reflux disease treatment. Turk J Gastroenterol 2019; 30(Suppl 2): S109-36.