ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА – ЗА ЗАШТИТА И ЗДРАВЈЕ НА СЛУЗНИЦАТА НА ХРАНОПРОВОДОТ

Сигурно многупати досега сте слушнале за хијалуронската киселина, бидејќи таа се смета за единствена состојка која помага кај многубројни проблеми. Се користи за хидратација на кожата, лекување на болки во зглобови, лекување на рани во усната празнина и лекување на воспалени непца, а истовремено е клучна за раст на клетките и заштита на слузницата на хранопроводот. Откријте како може да Ви помогне при рефлукс на киселина и проблеми поради горушица.
[Translate to Macedonian:] HIALURONSKA KISLINA – ZA ZAŠČITO IN ZDRAVJE SLUZNICE POŽIRALNIKA

Што претставува хијалуронска киселина?

Хијалуронска киселина, важна состојка на епидермот е многу важна молекула во процесот на заздравување и има важна улога во раст на клетките. Киселината природно се наоѓа во нашиот организам и младата кожа сама ја произведува, а со стареење нејзиното производство се намалува.

Хијалуронската киселина се наоѓа во стаклестото тело на окото, папочната врвца, течноста во зглобовите, рскавица и хранопроводот. Поради своите исклучителни својства делува антивоспалително и антиоксидативно, штити од инфекции, а истовремено ги обновува ткивата, го забрзува заздравувањето и го намалува отокот.

Како желудочната киселина може да го оштети хранопроводот?

Рефлукс на киселина (гастроезофагеален рефлукс) значи враќање на желудочна содржина во хранопроводот. Главен симптом на овие дигестивни проблеми е горушица, односно болки и чувство на жарење во градите, а може да биде проследена со повраќање, подригнување и кисел вкус во устата.

По долготрајно надразнување и оштетување на слузницата на хранопроводот поради желудочна киселина, може да се појават и останати тегоби:

  • воспаление на хранопровод, кое исто така може да предизвика болка при голтање
  • стеснување на дел од хранопроводот, со што се отежнува голтањето на тврда храна
  • улкуси, болни отворени рани на слузницата на хранопроводот

Освен оштетувањето на долниот дек на хранопроводот, честа појава на горушица може да го оштети и горниот дел од грлото, особено ако желудочната киселина дојде до задниот дел од грлото или носни дишни патишта.

Испитувањата покажуваат дека хијалуронската киселина може да го ублажи оштетувањето на хранопроводот предизвикано од желудочна киселина и поттикнува брзо заздравување

Kој производ помага за обнова на слузницата на хранопроводот?

Една од главните состојки на иновативниот производ WAYAStopReflux е хијалуронска киселина со висока молекуларна маса која е слична на природната хијалуронска киселина во човековото ткиво. Хијалуронската киселина во овој производ помага во зацелување на оштетувањата на хранопроводот поради желудочната киселина и поттикнува побрзо заздравување со ублажување на горушицата.

WAYAStopReflux механички го спречува рефлуксот за помалку од три минути.

Извори:

back to top