Зошто е важно внесувањето на витамин Д

Урша Јарц, мр. фарм.
Во однос на некои проценки недостатокот на витамин Д присутен е речиси кај 30% од возрасните и децата. Веќе подолго време е познато дека витаминот Д придонесува за здрави и јаки коски. Во последно време се појавуваат се повеќе информации кои на витаминот Д му препишуваат извонредно значење за нашето здравје. Зошто е потребен витаминот Д?
Зошто е важно внесувањето на витамин Д

Јаки коски

Една од најважните улоги на витаминот Д е одржување на серумската концентрација на калциум и фосфор со поттикнување на нивна апсорбција во цревата, раст и развој на коските и овозможување правилно делување на тироидните хормони за одржување на концентрацијата на калциум во крвта.

Недостатокот на витамин Д го менува метаболизмот на минералите, што предизвикува ниска минерална густина на коските и го зголемува ризикот од губитокот на коскена маса или скршеници. Рахитисот како и меките коски поради недостаток на витамин Д кај децата, од средината на дваесеттиот век е ретка болест во развиените земји поради додавањето на витамин Д.

Од недостатокот на витамин D може да има сериозни последици врз здравјето на детето, меѓу кои најпознат е рахитисот.

Имунолошки систем

Витаминот Д игра важна улога во нормалната функција на имунолошкиот систем што го има потврдено и Европската агенција за сигурност на храната (EFSA). Рецепторите за витамин Д се присутни во повеќето, ако не и во сите, клетки во нашето тело. Така влијае и на клетките на природниот имунолошки систем и овозможува нивно нормално функционирање.

олем број на истражувања ја потврдиле врската меѓу недостатокот на витамин Д и зачестената појава на респираторни инфекции и грип. Ниските вредности на витамин Д се исто така и ризик фактор за појава на туберкулоза. Уште пред да се појават антибиотиците еден од начините за третман на туберкулоза било присилно излегување на сонце.

Витамин D за здрави коски, заби и имунитет

Автоимуни болести

Спроведени се истражувања кои ја проверуваат врската помеѓу недостатокот на витамин Д и разни автоимуни болести како што се мултипла склероза, астма, Chron-ова болест и улцеративен колит. Тоа се се болести чија што фреквенција значително се зголемила во последните 50 години.

Една од причините може да биде и недостатокот на витамин Д што предизвикува поинаква работа на имунолошкиот систем. Причините се уште не се докажани бидејќи се потребни дополнителни, двојно слепи и рандомизирани клинички студии после кои би можело да се препорачува надополнување на витамин Д во случај на тие заболувања.

Рак

Спроведени се исто така и истражувања помеѓу недостатокот на витамин Д и зачестеноста на појавата на некои видови рак како што се рак на дојка, простата и дебело црево.

Одредени докази укажуваат на тоа дека витаминот Д влијае на растот на клетките, ангиогенезата, инвазивноста и метастатскиот потенцијал на туморот. Покрај тоа, лицата кои боледуваат од рак а кај кои се измерени повеќе различни концентрации на витамин Д во крвта, имаат поголеми шансиза излекување од лицата кои имаат недостаток на витамин Д .

Бидејќи механизмот со кој делува витамин Д против ракот не е познат, надополнувањето на витамин Д не може да се смести во препораките за третман на тие болести.

Докажано влијание на витаминот Д

Улогата на витамин Д во телото сеуште не е во целост објаснета, но постојат цврсти докази за некои процеси за кои без сомнеж може да се потврди дека придонесуваат за подобрување на здравјето. Кои се тие процеси за кои Европската агенција за сигурност на храната (EFSA) одлучила дека има доволно докази?

  • Витаминот Д придонесува за нормална апсорбција/искористување на калциум и фосфор
  • Витаминот Д придонесува за нормално ниво на калциум во крвта
  • Витаминот Д придонесува за зачувување на здрави коски
  • Витаминот Д придонесува за работата на мускулите
  • Витаминот Д придонесува за зачувување на здрави заби
  • Витаминот Д придонесува за работата на имунолошкиот систем
  • Витаминот Д игра улога при делбата на клетките

Извори:

  1. The vitamin D deficiency pandemic: Approaches for diagnosis, treatment and prevention. M. Holick. Rev Endocr Metab Disord. Published online 17 May 2017.
  2. Pravst I, Hlastan Ribič C. Ključna hranila za zdravje okostja. Farm Vestn 2012; 63, 290-296.
  3. Jia Guo and Zhangsuo Liu (2017). The Multiple Roles of Vitamin D Besides Calcium-Phosphorus Metabolism, A Critical Evaluation of Vitamin D - Basic Overview, Dr. Sivakumar Joghi Thatha Gowder (Ed.), InTech.
back to top