Витаминот Д и децата

Надја Отт, маг. фарм.
Голем број здрави доенчиња ги добиваат сите потребни хранливи материи преку мајчиното млеко или преку млечната формула. Во испитувањата на Здружението на педијатри утврдено е дека ризикот од недостаток на витамин Д кај доенчињата и децата е зголемен, а најпроблематичен е за децата до тригодишна возраст.
Деца и витамин D

Витаминот Д3 или „сончевиот витамин“ се создава по природен пат во кожата под влијание на УВБ – зраците (сонцето помага во претварање на витаминот Д во облик кој е активен и може да учествува во апсорбција на калциумот). Меѓутоа, доенчињата често не поминуваат многу време на сонце, бидејќи преку зимата е преладно, а преку лето претопло. Друга причина за недостаток на витаминот е тоа што тој премалку се внесува преку исхраната.

Витаминот Д е растворлив во мастите. Овој витамин е многу важен витамин за човекот од неговото раѓање и понатаму. Овој витамин е потребен за нормален раст и развој на коските. Придонесува и за работата на имунолошкиот систем.

Најважна функција на витаминот Д е одржувањето на правилната концентрација на калциумот и фосфорот во крвта. Со тоа се зголемува нивната апсорпција во цревата, се обезбедува минерализацијата на коските како и раст и развој на коскеното ткиво.

Недостатокот од витаминот Д

Недостатокот од витаминот Д кај доенчињата и малите деца може да предизвика и рахитис. Тоа е болест на коските за која што карактеристично е омекнување на коскеното ткиво. Коските стануваат многу осетливи, често и лесно се свиткуваат и кршат.

Други симптоми на болеста се намалената мускулна сила и намалениот мускулен тонус. Поради недостаток на витамин Д децата можат да бидат уморни, што може да биде последица на ослабен имунолошки систем и зголемена осетливост на инфекции.

За здрав раст и развој на коските кај доенчињата, од крајот на првата недела до навршувањето на 1 година од животот се препорачува дневно додавање на 400 I.Е.(10 μg) витамин Д3 во исхраната. Дозирањето на витаминот Д е еднакво и кај доени доенчиња и кај оние на адаптирано млеко.

Родителите можат да се погрижат нивното дете да добие колку што е можно повеќе витамин Д. Поминувајте што повеќе време на отворено и искористете ги благите сончевите зраци во раните пролетни денови!

back to top