Запек или констипација

Себастјан Розман, м-р. фарм.
Запек - непријатно искуство кое е поврзано со квалитетот на живеењето.

Секој од нас понекогаш има запек. Тоа не е причина за паника бидејќи зад појавата на запек најверојатно ретко стои некоја сериозна болест. Секако се работи за непријатно искуство кое е поврзано со квалитетот на живеење на оние кои се соочуваат со запек.

(Психолошки) Хроничен запек

Кога запекот преминува во хроничен проблем, тогаш може во потполност да го промени секојдневниот начин на живот на личноста. Имено, луѓето со хроничен запек честопати доживуваат:

· постојана потреба за близина на тоалет

· чувство на срам поради природата на својот проблем

· намалена самодоверба

· ментална исцрпеност

Студиите покажале дека луѓето кои се соочуваат со хроничен запек имаат идентичен пад на квалитетот на здравјето, социјалните контакти и психолошка благосостојба, исто како што е карактеристично за луѓето кои се соочуваат со сериозни здравствени проблеми како остеоартритис, ревматоиден артритис, хронични алергии или дијабетес.

Затоа Ве покануваме да дознаете нешто повеќе за појавата на запек, причини, што може да направите и како пробиотиците може да Ви помогнат во борбата против појавата на запек.

Појавата на запек е доста честа

Појавата на тврда столица или запек е една од најчестите гастроинтестинални тегоби, бидејќи врз основа на анализата на амбулантски посети и пополнети прашалници, се проценува дека дури 15  проценти  од  популацијата страдаат од оваа состојба. Треба да се истакне дека тврдата столица ги погодува жените два пати почесто од мажите. Бремените жени се особено изложени на ризик, и тоа во последните месеци од бременоста, кога поради значително зголемување на дејството на половите хормони и појавата на механички препреки како резултат на промените во градбата на телото, и кај нив оваа непријатна состојба се јавува доста често.

Појавата на запек, сепак се поврзува со возраста на личноста и познато е дека фреквенцијата на симптомите на тврда столица се зголемува со возраста и претставува големо оптеретување за повозрасните лица. Во литературата се вели дека по60-тагодина од животот дури30% од луѓето страдаат од запек, меѓу кои жените повторно преовладуваат.

Што претставува запек и зошто се јавува?

Просечното време помеѓу потребата од една до друга посета на тоалетот доста се разликува зависно од индивидуата. Иако празнењето на цревата неколку пати на ден е сосема нормално кај некои луѓе, гастроинтестиналниот систем кај други оптимално функционира со празнење на цревата само неколку пати неделно.

Тврдата столица ја класифицираме како тегоба:

  • кога индивидуата не може успешно да ја елиминира столицата повеќе од три последователни дена
  • кога празнењето на цревата е отежнато
  • кога празнењето на цревата е проследено со болки
  • кога е потребно прекумерно напрегање
  • кога ќе се појави чувството на непотполно празнење на цревата

Појавата на запек или констипација е грубо поделена на примарна (причинител непознат) и секундарна (причинител болест или земање на лекови).

Слика: Шематски приказ на различните видови на запек

Треба да се истакне дека тврдата столица ги погодува жените два пати почесто од мажите.

Примарен запек >

Најчест вид на примарен запек е оној со нормално време на поминување, каде и покрајнормалната брзина на минување на столицата низ дебелото црево пациентите имаат запек. Тој вид на запек често се испреплетува со синдромот на иритабилни црева. Пациентите најчесто посочуваат дека ги имаат и овие непријатни појави:

  • надуеност
  • болка или непријатност во пределот на стомакот
  • тврда столица
  • отежнато празнење на цревата

Вториот вид на примарен запек е оној со побавно време на поминување, каде (како што и самото име кажува) брзината на минување на столицата е значително намалена. Кај тие пациенти се јавува дисфункција во моторните активности на дебелото црево, што најверојатно се јавува поради неправилности на нервниот систем во цревата. За овој тип на запек е особено карактеристичназначително намалената реакција на дебелото црево при внесување на оброци или при будење наутро.

Третиот вид на примарен запек сепореметувања во празнењето на цревата. Луѓето кои имаат ваков вид на запек имаат потешкотии да ја елиминираат столицата од ректумот. Најверојатна причина е недостатокот на координација, односно дисинергија на мускулите кои учествуваат во празнењето на цревата.

Секундарен запек >

Секундарниот запек се јавува како последица наболест (ендокрини и метаболички нарушувања како што е намалена функција на тироидната жлезда), опструкција (карцином на дебелото црево), земање на одредени лекови (опијати, антихипертензиви, антидепресиви, анаболни стероиди) или се јавува како резултат наначинот на живот (исхрана сиромашна со влакна, недоволен внес на течности, неактивен начин на живот).

Како да си помогнете при запек?

Само лекување на запекот, кое во медицината се нарекува како терапија од прв избор, можеме поради олеснување, односно превенција на запекот да ја спроведуваме сами. Таквото само лекување вклучува:

  • прилагодување на исхраната
  • доволен внес на течности
  • физичка активност
  • употреба на пробиотик
Прилагодување на исхраната >

Главната состојка во нашата исхрана која влијае на столицата се диеталните влакна. На лицата кои се соочуваат со запек им се советува исхрана која содржи најмалку 25 до 30 грама диетални влакна на ден. Диеталните влакна потребно е да се воведуваат постепено и на тој начин се избегнуваат несакани ефекти. Многу луѓе кои имаат запек, особено оние кои истовремено имаат синдром на иритабилни црева пријавуваат несакани ефекти при зголемен внес на диетални влакна, како болки во стомакот, надуеност и грчеви, и затоа при воведување или зголемување на количеството на диетални влакна, потребно е внимание и само опсервирање на тоа како реагира нашиот организам на додадени диетални влакна.

Како извор на диетални влакна во борбата против запекот се препорачува консумација на пченични трици, интегрални житарици, леб и тестенини.

Доволен внес на течности >

Несомнено е дека доволна количина на вода е основа за нашето здравје и општата благосостојба. Доколку чувствувате запек, погрижете се секојдневно да испиете доволно вода, бидејќи за здрав и функционален гастроинтестинален систем исто така е потребно доволно количество на вода. Европската агенција за сигурност на храна во своите директиви предложува како препорачана дневна количина на вода да биде најмалку 2 литри за мажи и најмалку 1,6 литри за жени.

Кај лица кои се борат против запекот и секојдневно ја консумираат предложена количина на вода, нема докази кои потврдуваат дека внесот на дополнителна количина на вода ги ублажува, односно ги елиминира симптомите на запек.

Физичка активност >

Физичката активност има корисно влијание во намалувањето на зачестеноста на гастроинтестинални симптоми кои се поврзани со запекот и дополнително имазаштитен (протективен) ефект од влошување на тие симптоми. Зголемување на физичката активност е препознаена како чекор на интервенција за решавање на запекот кај повозрасните лица, бидејќи тие се активни само во ограничени количини. Од друга страна, доказите за младата популација кои би го потврдиле позитивното влијание на зголемената физичка активност на запекот, се многу ретки и недоследни.

Испитувањата покажуваат дека пробиотиците го подобруваат времето на апсорпцијата на храна, односно нејзините разградливи продукти низ цревата и позитивно дејствуваат на конзистенцијата на столицата, со што се подобрува зачестеноста на празнењето на цревата.

Пробиотици

Испитувањата покажуваат дека пробиотиците го подобруваат времето на апсорпцијата на храна, односно нејзините разградливи продукти низ цревата и позитивно дејствуваат на конзистенцијата на столицата, со што се подобрува зачестеноста на празнењето на цревата. Со тоа пробиотиците покажуваат корисни ефекти против повеќето симптоми на запекот.

Одредени симптоми на запек кои пробиотиците ги ублажуваат:

· намалуваат надуеност

· значително ја намалуваат зачестеноста на чувството на непотполно празнење на цревата

· значително ја намалуваат појавата на тврда столица

Судејќи спрема испитувањата, дополнителната предност на пробиотиците пред вообичаените лекови против запек е фактот дека не предизвикуваат значителни несакани ефекти.

Лекови против запек

Доколку само лекувањето на запекот не доведува до сакани резултати, препорачуваме консултација со лекар и совети за лекување со лекови или друго специјалистичко лекување.

Постапката во лекување на запек обично се одвива чекор по чекор:

1. Најпрво треба да се исклучат останати болести и секундарни причини за запекот.

2. Пациентите се советуваат на само лекување со прилагодување на исхраната и начинот на живот.

3. Се воведува лекување со осмотски лаксативи (полиетилен гликол или лактулоза), производи за омекнување и формирање на столицата.

4. Се воведува премин од осмотски на стимулативни лаксативи, супозитории и/или клизма (бисакоиди или натриум пикосулфат).

5. Во краен случај за ублажување на најтешките форми на запек се користи оперативен зафат. Дијагностицираните физички блокади (тумори) во дебелото црево се отстрануваат хируршки.

Извори

  1. Black CJ, Ford AC. Chronic idiopathic constipation in adults: epidemiology, pathophysiology, diagnosis and clinical management. Med J Aust. 2018 Jul 16;209(2):86-91. doi: 10.5694/mja18.00241. PMID: 29996755.
  2. Forootan M, Bagheri N, Darvishi M. Chronic constipation: A review of literature. Medicine (Baltimore). 2018 May;97(20):e10631. doi: 10.1097/MD.0000000000010631. PMID: 29768326; PMCID: PMC5976340.
  3. Tack J, Müller-Lissner S, Stanghellini V, Boeckxstaens G, Kamm MA, Simren M, Galmiche JP, Fried M. Diagnosis and treatment of chronic constipation--a European perspective. Neurogastroenterol Motil. 2011 Aug;23(8):697-710. doi: 10.1111/j.1365-2982.2011.01709.x. Epub 2011 May 24. PMID: 21605282; PMCID: PMC3170709.
  4. Dimidi E, Christodoulides S, Fragkos KC, Scott SM, Whelan K. The effect of probiotics on functional constipation in adults: a systematic review and meta-analysis of randomized controlled trials. Am J Clin Nutr. 2014 Oct;100(4):1075-84. doi: 10.3945/ajcn.114.089151. Epub 2014 Aug 6. PMID: 25099542.
back to top