Антибиотиците и непријатните гастроинтестинални тегоби

Надја Отт, маг. фарм.
Ладното и влажно време во периодот есен - зима е виновно за зголемената изложеност на различни вирусни и бактериски инфекции. Луѓето сè повеќе се задржуваат во затворени простории, често и во поголеми групи, што уште повеќе го олеснува преносот на инфекции помеѓу поединци.
Антибиотици и проблеми со варењето

Бактериите ги сретнувме на секој чекор

На кожата и во цревата имаме неколку милиони различни видови бактерии. Повеќето бактерии не се причина за инфекции и болести, а некои се дури и клучни за сочувување на здравјето.

Сепак, познаваме и неколку штетни бактерии кои се причина за инфекции. Тие се манифестираат со различни симптоми кои пред сè зависат од местото на инфекцијата.

Најчести инфекции се инфекциите на дишниот систем, цревните и кожните инфекции, а кај жените често се јавуваат и вагинални инфекции. И покрај разновидноста на болестите причинети од бактерии, лекувањето кај сите е речиси исто: антибиотиците се главните лекови за лекување на бактериските инфекции.

Антибиотиците и цревната микрофлора

Првиот антибиотик, пеницилинот, откриен е во 1939 година. Набргу после тоа следувале и нови антибиотици кои значеле вистинска револуција во лекувањето на бактериските инфекции и во медицината воопшто, бидејќи биле ефикасни против многу бактерии и спасиле многу животи. Меѓутоа, антибиотиците имаат и своја лоша страна. Поголемиот број антибиотици имаат широк спектар на делување, што значи дека се ефикасни не само против штетните бактерии, туку и против корисните бактерии на цревната флора.

Секоелекување со антибиотици во значителна мера ја нарушува бактерискатарамнотежа на инаку здравите црева. И покрај брзото подобрување на здравјето, по неколку дена консумирање на антибиотик, набргу можат да се појават нови здравствени проблеми.

Често се јавува дијареа, која е прв знак за нарушена рамнотежа во гастоинтестиналниот систем, а може да се појави дури и 2 до 3 недели после завршувањето на третманот со антибиотици. Дијареата е можна дури кај 35% пациенти кои консумирале антибиотици. Затоа се почесто се препорачува истовремено додавање на корисни пробиотски бактерии, што е клучно за брзо и успешно лекување на бактериските инфекции.

Секое лекување со антибиотици во значителна мера ја нарушува бактериската рамнотежа на инаку здравите црева.

Што се тоа пробиотици?

Пробиотиците се живи микроорганизми кои поволно делуваат на здравјето на организмот ако се земаат во доволна количина. Тие се наоѓаат во ферментираните прехранбени производи како што се кефирот и јогуртот, а можат да се купат и во облик на додаток во исхраната. Најпозната и најчеста е употребата на пробиотиците, односно на пробиотските култури кај гастроинтестиналните заболувања како што е дијареата или нервозните црева.

Проучени се многу пробиотски видови, но во лекувањето на гастроинтестиналните заболувања најчесто се истакнуваат бактериите од родот Lactobacillus, особено видот Lactobacillus rhamnosus GG, и родот Bifidobavcterium, како и габата Saccharomyces boulardii. Секој род има карактеристично делување, со тоа што ефектите на поедини пробиотски видови не можат да се генерализираат за сите пробиотици.

Во бројните испитувања докажано е дека истовремената примена на пробиотските култури со сојот L. rhamnosus GG во текот на третманот со антибиотици го намалува ризикот од дијареа за повеќе од 40%.

За спречување на дијареата настаната како последица од консумирање на антибитици во клиничките испитувања најдобро се покажал сојот на Lactobacillus rhamnosus GG. Во бројните испитувања докажано е дека истовремената примена на пробиотските култури со сојот L. rhamnosus GG во текот на третманот со антибиотици го намалува ризикот од дијареа за повеќе од 40%.

Со употребата напробиотските култури и сами можеме да придонесеме за побрзо закрепнување по бактериската инфекција, а пред сè можеме да избегнеме и други несакани дејства на антибиотикот кои негативно делуваат на нашата цревна флора и здравје.

Антибиотиците секогаш треба да ги употребувате според приложеното упатсво, но може да прочитате и во текстот.

back to top