Гастроинтестинални тегоби

Правилното варење е особено важно за добро здравје. Никој не се чувствува добро ако го измачуваат проблеми со варењето (дијареа и запек), односно ако во цревата и стомакот се чувствува подуеност и притисок.
[Translate to Macedonian:] Vse o prebavnih težavah

Особено голема улога во обезбедувањето на добро варење има цревната микрофлора. Регулираното, односно добро варење на храната е особено важно за здравјето, всушност токму гастроинтестиналниот тракт овозможува снабдување на организмот со хранливи материи, а од телото ги отстранува непотребните материи.

Дури 70% од клетките на нашиот имунолошки систем се наоѓаат во цревата и затоа рамнотежата во цревата е исклучително важна за правилната работа на имунолошкиот систем.

Кога гастроинтестиналните процеси не се одвиваат токму онака како што би требало, може да се појават тегоби.

Најчести тегоби со варењето се:

Дијареа

Акутна или изненадна дијареа е пореметување на варењето кое се карактеризира со мека или течна столица, често празнење на цревата (≥ 3 pпат во текот на 24 часа) и поголема количина на столица од вообичаеното.

Запек

Запекот е пореметување во празнењето на цревата (дефекација) и е многу честа појава кај децата. При запек не е секогаш важно колку пати лицето има столица (2 пати неделно или помалку), туку и кои симптоми и знаци се јавуваат поради нередовната столица.

Симптомите се: болки во стомакот, подуеност, појава на свежа крв во столицата поради оштетување на слузокожата на анусот, инконтиненција на столицата, парадоксална дијареа при која столицата се излеава иако имате запек.

Желудочни тегоби

Тегобите се манифестираат како болка и нелагодност во горниот дел од стомакот и долниот дел на градниот кош, чувство на полн желудник, подуеност после оброк, подригнување, мачнина и горушица (чувство на печење во епигастриумот).

Грчеви

Во почетните месеци од животот бебињата често имаат грчеви во стомакот, односно колики. Коликите најчесто се јавуваат кај едно од пет новороденчиња, но почести се кај машките деца. При овие изненадни болки во стомачето бебето неутешно плаче, ги стиска рачињата, ги свиткува колената и поцрвенува во лицето.

Нервозни црева

Синдромот на иритабилен колон или нервозни црева е една од најчестите функционални пореметувања во гастроинтестиналниот тракт. За функционалните пореметувања на гастроинтестиналниот тракт зборуваме тогаш кога со анализи не може да се најде физиолошката причина за појава на тегоби - нема патолошки промени во гастроинтестиналниот тракт, а пациентот сепак има изразени тегоби кои значително влијаат на квалитетот на неговиот живот.

Подуеност

Луѓето ја доживуваат подуеноста како непријатност во стомакот, испуштање гасови, блага болка во стомакот, подригнување, зголемен обем на стомакот.

Флатулениција

Флатуленција е непријатна појава при која се ослободуваат гасови (флатуси) од цревата.

Болки во стомакот

Болката во горниот дел на стомакот е честа бојата, а причините може да бидат ГЕРБ (гастроезофагијална рефлуксна болест) и улкус на желудник и дванаесетпалечно црево.

Набројаните гастроинтестинални тегоби може да се јават поединечно, а понекогаш истовремено се присутни и повеќе од една тегоба со варењето. Знаците на овие тегоби меѓусебно се препокриваат. Prebavne težave: simptomi

Совети за регулирано варење

  • Разновидна и редовна исхрана (разновидна исхрана, редовни оброци на 4-часовно растојание помеѓу оброците )
  • внес на доволно голема количина на вода (незасладена)
  • се препорачува исхрана со голема содржина на влакна (растворливите влакна делуваат поблаго на цревата од оние кои се нерастворливи)
  • вклучување на производи со здрави млечнокислеински бактерии кои природно се наоѓаат во цревата (добар извор е ферментирана храна, а достапни се и производи со микроинкапсулирани млечнокиселински бактерии во облик на капки и капсули)
  • ограничувањето на внесот на масна и пржена храна, протеински намирници со висока биолошка вредност
  • избегнување на лоши навики (алкохол, цигари)
  • контрола на стресот (релаксација) и редовна физичка активност
  • храната треба добро да се соџвака и да не се голтаат преголеми залаци
  • треба да се избегнува прејадување.
back to top