Бактерии кои предизвикуваат инфективни дијеареи

Доц. Др Матеја Логар, д- р по медицина
Високите температури овозможуваат брзо размножување на бактериите кои ја предизвикуваат дијареата, оттаму во топлите месеци таа е сè почеста.

Со доаѓањето на пролетта и подолгите денови се менува и нашиот начин на користење на слободното време. Подолго сме во природата и често јадеме надвор. Меѓутоа, сезоната за пикнизи покрај убавите работи носи и определни ризици и опасности.

Месото кое што го подготвуваме често е термички лошо обработено, храната ја чуваме надвор од фижидер, а сето тоа овозможува развој на бактерии кои причинуваат инфективна дијареа. Повеќе од 90% од акутните дијареи (тегобите траат помалку од две недели) имаат инфективно потекло, што значи дека можеме да се заразиме со бактерии кои не опкружуваат.

Три најчести бактериски предизвикувачи на дијареа се салмонела, кампилобактер и Escherichia coli.

Каде се крие салмонелата?

За појава на тегоби при инфекции настанати од салмонела во телото треба да се внесат релативно голем број на бактерии, а тоа значи дека инфекцијата со салмонела настанува со консумирање на заразена храна. Живината ја излачува салмонелата преку изметот, па оттаму салмонелата често се наоѓа на лушпите од јајцата.

Салмонелата исто така може да биде присутна во белката од јајцето и жолчката. Се проценува дека со салмонела е заразено дури 50-60% од пилешкото месо. Исто така, можеме да се заразиме и кога јадеме сирови јајца или производи во кои има сирови јајца (мајонез, крем, пудинг и сладолед) и термички неправилно обработено пилешко месо.

Салмонелата од работните површини каде што сме го подготвувале пилешкото месо може да се пренесе на овошјето и зеленчукот кое подоцна го обработуваме на истата површина. Салмонелата, исто така може да се најде и на овошјето и зеленчукот преку ѓубривото загадено со човечки или животински измет кој содржи салмонела.

Салмонела може да пренесат и домашните миленици како што се желката, игуаната, глодарите и птиците, а преку нив пред сè се инфицираат малите деца кои се во близок контакт со милениците. Инфекциите со салмонела често се јавуваат и преку продорот на канализацијата во водоводниот систем.

Кампилобактериите се втори најчести причинители на инфективна дијареа

Според епидемиолошките карактеристики, инфекциите причинети од кампилобактериите во голема мера се слични со салмонелозите и исто така спаѓаат во зоонози, што значи дека можат да се пренесат преку животните. Во последните неколку години инфекциите причинети од кампилобактериите се на второ место по зачестеноста на бактериски причинители на инфективната дијареа, веднаш после салмонелата.

Инфекциите од салмонела и кампилобактериите се почести во летните месеци, кога повисоките температури им овозможуваат побрзо размножување.

Escherichia coli– многу распространета бактерија

Видовите на Escherichie coli се распространети низ целиот свет. Со оваа бактерија најчесто можеме да се заразиме преку заразена храна и вода. Исто така можен е и директен пренос од заразено лице на здраво лице. Главни преносители се мувите и другите инсекти.

При дијареа важен е внесот на вода

Како да се постапи при појава на инфективна дијареа?

Акутната инфективна дијареа по правило поминува за 3 до 7 дена без посебно лекување. Важно е да внесуваме доволна количина на течности за да не дехидрираме. Дехидрацијата е многу честа кај доенчињата и малите деца, постарите лица и оние кои имаат потешки болести. За време на акутната дијареа советуваме блага промена на режимот на исхрана.

Не се препорачува млеко, освен доењето. Лицата мора да јадат храна која содржи доволно калории, а од друга страна не ја забрзува работата на цревата (перисталтиката) и не се вари тешко. Советуваме пациентите да јадат варени продукти кои содржат скроб (компир,тестенини) и житарки (ориз,пченица,овес), исто така може и варен зеленчук, супа од зеленчук, банани, јогурт и сл.

Во обемното испитување во кое е проучувано влијанието на пробиотските култури во текот на актуната дијареа, утврдено е дека пробиотската култура значајно го скратува времетраењето на дијареата и го намалува бројот на празнења на цревата. Пробиотската култура е докажано безбедна и не е поврзана со изразени несакани дејствија.

При акутна дијареа се препорачува употреба на докажано ефикасни пробиотски култури кои го намалуваат траењето и интензитетот на симптомите.

 

Најдобро е да се спречи

Дијареата може да се спречи со придржување до правилата за подготвка на храната. Важно е редовно и темелно миење на рацете и користење на чиста вода за пиење.

За доволен внес на витамин Д одберете го најдоброто

back to top