Антибиотици и пробиотици: Првите ги уништуваат штетните бактерии, а другите населуваат здрави

Асс. Таја Железник Рамута, мр микробиолог.
Илја Илич Мечников (1845-1916) бил руски биолог и добитник на Нобеловата награда кој ја проучувал работата на имунолошкиот систем. За разлика од тогашните мислења дека цревните микроорганизми се штетни и истите треба да се отстранат од организмот, тој бил убеден дека цревните проблеми можат да се надминат со правилна исхрана. Правилната исхрана ја забранувала употребата на алкохол и тешка храна, а истовремено барала да се консумира кисело млеко или јогурт бидејќи тие содржат пробиотски бактерии. Мечников бил еден од првите кои ја препорачувале употребата на пробиотици за одржување на здрави црева.

Антибиотици и дијареа

После употреба на антибиотици, често следи појава на дијареа. Поради неселективно делување, антибиотиците, освен штетните, патогени бактерии ги уништува и добрите бактерии кои позивно влијаат на здравјето и со таквата промена во структура на микробите (односно на бактерите кои живеат во одредена средина, во овој случај цревата) доведуваат до појава на дијареа.

Дека употребата на антибиотици може да предизвика појава на дијареа, е забележано уште во 50-тите години од минатиот век, само неколку години по започнувањето со употреба на првиот антибиотик. Дијареата се јавува кај 5-49% од пациентите кои земаат антибиотици и може да се појави на почетокот на терапијата или до два месеци по завршување на терапијата со антибиотици. Дијареата особено често се јавува кај лицата кои употребуваат антибиотици со широк спектар на дејство, кај постарите лица, кај пациентите кои подолго време се хоспитализирани и при орална употреба на антибиотици.

Антибиотиците можат да предизвикаат дијареа

Пробиотиците во голема мера придонесуваат за намалување на појавата на дијареа при антибиотска терапија

Светската здравствена организација пробиотиците ги дефинира како “живи микроорганизми кои во соодветни количини позитивно влијаат врз здравјето на домаќинот”. Клиничките испитувања докажале дека пробиотицитеимаат важна улога во третман и спречување на дијареа при антибиотска терапија.

Антибиотици и дигестивни нарушувања

Едно од поголемите испитувања е спроведено во 2017 година од страна на научничката Сара Блајберг и соработниците од Универзитетот во Копенхаген. Во студијата, таа се концентрирала на анализа на фреквенцијата на појавата на дијареа по употреба на антибиотици кај вкупно 3631 испитаници.

Од испитаниците кои заедно со антибиотици употребувале и пробиотици, кај само 8% се појавила дијареа, која во просек траела три дена; овој процент кај испитаниците кои не употребувале пробиотици изнесувал 17%, а дијареата во просек траела пет дена. Како особено ефикасни се покажале пробиотиците кои во својот состав содржеле бактерија Lactobacillus rhamnosus GG или Saccharomyces boulardii CNCM I-745.

Докажано е дека пробиотиците имаат важна улога во лекувањето и спречувањето на дијареа за време на антибиотска терапија.

Како делуваат пробиотиците?

Пробиотските бактерии се натпреваруваат со штетните, патогени бактерии за хранливите материи и просторот за живот во цревата. Така, од една страна на патогените бактерии им ги одземаат хранливите материи, а од друга страна го завземаат местото во цревата кое инаку би го населиле патогени бактерии. Покрај тоа, пробиотските бактерии излачуваат и таканаречени бактериоциди, молекули кои делуваат антимикробно против штетните бактерии и ја нарушуваат сигнализацијата помеѓу патогените бактерии кои како резултат на тоа не можат да функционираат толку хармонично. Пробиотиците исто така го стимулираат имунолошкиот одговор, кој поефикасно делува на причинителите на болести.

На што друго треба да се внимава при изборот и употребата на пробиотици?

Само квалитетни пробиотици може да обезбедат корисен ефект на организмот и затоа кога купуваме пробиотик мораме да внимаваме на повеќе фактори. Најважно е да се направи правилен избор на пробиотик, при што е многу важно да избереме соодветен бактериски сој.

Бактериите во рамките на истите видови се класифицирани во различни подгрупи, таканаречени бактериски соеви, кои обично со означени со комбинација на букви и броеви. Нивоата на корисни пробиотски бактерии се разликуваат меѓу бактериските соеви.Така, на пример, пробиотскиот сој Lactobacillus rhamnosus GG (каде што Lactobacillus е род, rhamnosus е име на видот, а GG го означува сојот) спречувадијареа предизвиканаод ротавируси и дијареа предизвиканаод употребата на антибиотици, атопичен дерматитис и инфекции на респираторниот систем, а другиот бактериски сој од истиот вид, Lactobacillus rhamnosus PB01 (PB01 е сојот), ја подобрува подвижноста на сперматозоидите и го зголемува прагот на болка, но не придонесува за превенција на дијареа која се појавува како резултат на употребата на антибиотици.

Само квалитетните пробиотици имаат позитивно влијание врз организмот, па затоа треба да внимаваме кога одбираме пробиотик.

Пробиотиците се живи микроорганизми и затоа нивната ефикасност е временски ограничена, бидејќи со тек на време тие изумираат. Затоа е многу важно да купувате пробиотици од докажан производител чии производи се фармацевтски проверени и кои гарантираат дека доволен број на пробиотски бактерии ќе преживеат до крајот на рокот на употреба. Исто така, пробиотиците треба да ги чуваме како што е пропишано во упатството од производителот и да го почитуваме рокот на употреба што е наведен на пакувањето.

Извори:

  1. Agamennone V. in sodelavci, 2018. A practical guide for probiotics applied to the case of antibiotic-associated diarrhea in the Netherlands. BMC Gastroenterology, 18: 103.
  2. Aggarwal J. in sodelavci, 2013. Probiotics and their Effects on Metabolic Diseases: An Update. Journal of Clinical and Diagnostic Research, 7(1):173-177.
  3. Daliri E.B. in sodelavci, 2015. New Perspectives on Probiotics in Health and Disease. Food Science and Human Wellness, 4(2):56-65.
  4. Kechagia M. in sodelavci, 2013. Health Benefits of Probiotics: A Review. ISRN Nutrition, 2013:481651.
  5. Kolaček S. in sodelavci, 2017. Commercial Probiotic Products: A Call for Improved Quality Control. A Position Paper by the ESPGHAN Working Group for Probiotics and Prebiotics. Journal of Pediatric Gastroenterology and Nutrition, 65(1):117-124. 
  6. Mackowiak P.A., 2013. Recycling Metchnikoff: Probiotics, the Intestinal Microbiome and the Quest for the Long Life. Frontiers in Public Health, 1:52.
  7. McFarland L.V., 2008. Antibiotic-associated diarrhea: epidemiology, trends and treatment. Future Microbiology, 3(5): 563-578.
  8. Markowiak P. in Slizewska K., 2017. Effects of Probiotics, Prebiotics and Synbiotics on Human Health. Nutrients, 9(9):1021.
  9. Guarner F. in sodelavci, 2017. Probiotics and prebiotics. World Gastroenterology Organisation Global Guidelines.

За доволен внес на витамин Д одберете го најдоброто

back to top