Вистинско време за здрави бактерии

Сара Шипицки, мр. фарм.
Дали некогаш сте се запрашале како, покрај правилната исхрана и редовната физичка активност, би можеле да го регулирате своето варење и да отстраните одредени проблеми со варењето? Сигурно сте се запрашале, а постои и вистински начин за тоа – со употреба на пробиотици. Уште во 20 век пробиотиците отворија потполно ново подрачје во биомедицината во кое постојано се пронаоѓаат нови откритија, но и низ бројни студии се потврдуваат веќе постоечките.

Според Светската здравствена организација (WHO) пробиотиците се дефинираат како  „живи микроорганизми кои кога се земаат во соодветни количини, овозможуваат здравствена корист за домаќинот". Пробиотиците често ги нарекуваме и здрави или корисни бактерии.

Цревна микробиота

Нашите црева се домаќини на билиони разновидни бактерии. Со еден збор сите овие бактерии можат да се именуваат како микробиота, односно цревна микробиота. Можеби ќе наидете и на назив микробиом, кој го означува вкупниот генетски материјал на сите микроорганизми кои се наоѓаат во нашиот гастроинтестинален систем.

Нашата микробиота се бори против штетните бактерии и служи како поддршка во одбраната од нив, делува на имуниот систем и помага во варење на храната, но исто така влијае и на бихејвиоралните и невролошките функции, што го покажале неодамнешните студии.

Врз нашите бактерии во цревата може да влијае нашиот стил на живот. Во голема мера тоа е исхраната, потоа физичката активност, разни вируси и инфекции, но и стресот кој во денешно време е сопатник на секој модерен човек. Со сето ова следуваат промени во составот и разновидноста на цревниот биом.

Бројот на бактериите во нашите црева може да се намали и да предизвика цревен дисбаланс, како и гастроинтестинални тегоби како дијареја, запек, успорено варење, подуеност и грчеви или други здравствени проблеми. Затоа е многу важно да се одржува цревната рамнотежа која ја одликува правилен сооднос помеѓу здравите и штетните бактерии.

Кога се препорачува да се земаат пробиотици?

  • За регулирано варење
  • Кога постои можност за појава на гастроинтестинални тегоби
  • Кога користиме антибиотици
  • Кога патуваме
  • При појава на ротавирус
  • Кога исхраната не ни е избалансирана
  • Кај постари лица, кога варењето заради физиологија на организмот е поспоро
  • Кога сме во почест контакт со луѓе во затворени простории, на пр. во зима, во училишта, градинки, канцеларии и трговски центри
  • Кога гастроинтестиналните тегоби често циклично се јавуваат и не поминуваат

Зошто треба да земаме пробиотици кога користиме антибиотици?

Антибиотиците се како двојни оружја. Нивна задача е да ги уништат патолошките микроорганизми или микроби кои предизвикале одредена бактериска инфекција. Меѓутоа тие не се селективни па попатно ќе ги уништат и здравите бактерии во цревата. Тоа ќе предизвика дисбаланс на цревната флора и размножување на несакани бактерии.

За да не дојде до тоа секогаш се препорачува со антибиотикот да се зема пробиотик, со соодветна временска разлика. Здравите бактерии од пробиотската култура се натпреваруваат со штетните бактерии за место во нашите црева и за нутриенти, го зголемуваат бројот и разновидноста на бактериите, ќе обезбедат понатамошна рамнотежа и спречуваат гастроинтестинални тегоби.

Антибиотиците исто така уништуваат добри бактерии во цревата, па затоа се препорачува земање пробиотици со антибиотска терапија. Овие обезбедуваат рамнотежа во цревата и ги спречуваат можните дигестивни проблеми.

Сезонски гастроинтестинални тегоби

Потопло и влажно време, како и високи температури овозможуваат полесно размножување на бактериите, заради што гастроинтестиналните тегоби, како пролив, почесто се јавуваат во пролетните и летните месеци. Така е и со вирусите – кај некои е забележана сезонска појава, а други се појавуваат независно од годишното време.

Ротавирус

На глобално ниво скоро сите деца до пет годишна возраст најмалку еднаш се заразуваат со ротавирус, меѓутоа тоа е најважен предизвикувач на акутна инфективна дијареја кај деца на возраст од шест месеци до две години. Ротавирусот најчесто се јавува во зимските месеци, а може да се разболат и возрасни лица.

Проливот и повраќањето се пратени со голема загуба на течности која може да предизвика дехидратација; заради тоа се препорачува надополнување  на течности и електролити, земање на докажано ефикасни пробиотски култури и добра хигиена за спречување на ширење на вирусот.

Изберете соодветна култура на пробиотик која ќе одговара на сите потреби на организмот.

Патување

При патување промена на рутината и секојдневните активности, како и прилагодување на нова исхрана може да предизвикаат нарушување во варењето, затоа се препорачува користење на пробиотици и една недела пред патувањето.

Покрај горенаведените индикации, нарушено варење со пропратни тегоби како грчеви и подуеност може да се јави кај постарите лица; при неквалитетна исхрана, која е предизвик да се одржува во рамнотежа при ова брзо, модерно темпо на живот; при секојдневни стресни ситуации и при чест контакт со други лица кој не можеме да го избегнеме.

 Целта на сите овие проблеми може да се сведе на заеднички именител – регулирано варење, а адекватно решение за тоа секогаш ќе биде пробиотик. Пробиотските култури меѓусебно се разликуваат и затоа е многу важно внимателно да се одбере соодветна пробиотска култура која ќе ги задоволи сите потреби на организмот.

Најистражуван пробиотик, кој е добар, ефикасен и клинички докажан избор за сите горенаведени тегоби е Lactobacillus rhamnosus GG. Со едноставно дозирање 1x дневно, LGG е безбеден за употреба и во тек на шест месеци.

Изберете го вистинскиот пат до регулирана дигестија!

Литература:

  1. Probiotics in food: Health and nutritional properties and guidelines for evaluation – FAO Food and Nutrition Paper 85. WHO/FAO, 2006
  2. Chao et al. The seasonality of diarrheal pathogens: A retrospective study of seven sites over three years. PLoS Negl Trop Dis., 2019.
  3. Hasan et al. Factors affecting the composition of the gut microbiota, and its modulation. PeerJ., 2019.
  4. Huey Shi L et al. Beneficial Properties of Probiotics. Trop Life Sci Res., 2016.
  5. Jonathan Cohen, William Powderly, Steven Opal. Infectious Diseases, 2nd volume, 4th edition. Section 8, page 1390. Elsevier, 2016.  
  6. Bae. Prophylactic efficacy of probiotics on travelers’ diarrhea: an adaptive meta-analysis of randomized controlled trials. Epidemiol Health., 2018.
  7. Hilton et al. Efficacy of Lactobacillus GG as a Diarrheal Preventive in Travelers. J Travel Med., 1997.
  8. Capurso. Thirty years of Lactobacillus rhamnosus GG: A Review. J Clin Gastroenterol., 2019.
back to top