Исхрана при вирусна дијареа кај децата

Тена Нисетео, дипл. инж. прех. тех.
Појавата на дијареа кај доенчињата и децата не е реткост, а причината може да биде бактериска или многу почесто вирусна инфекција. Иако, дијареата понекогаш се чини дека е со безопасни симптоми на гастроентеритис, во детската возраст последиците можат да бидат сериозни.

Доенчињата и децата се со мала телесна тежина, па со зачестена дијареа многу брзо ја губат течноста од телото, поради што постои висок ризик од тешка дехидрација. Имајќи го на ум овој факт, некои родители со сета сила се обидуваат да ја сопрат дијарета, меѓутоа тоа никако не се препорачува.

Имено, дијареата е природен одбранбен механизам на телото со кој телото се чисти од патогени,а со тоа треба да му се дозволи да си ја заврши својата улога во борбата против лошите бактерии и вируси.

Најважна е рехидрацијата

Најдобар начин за спречување на дехидрацијата е правилната рехидрација, односно внесување на течности во телото. Кога детето е болно, родителите сакаат да му удоволат, па затоа од течностите на децата најчесто им даваат овошни сокови и засладени чаеви, што воопшто не е добар пристап. Имено, таквите напитоци содржат многу шеќери, фруктоза и сахарин, кои ја зголемуваат количината на дијареата и нејзиното траење.

Токму затоа правилниот избор на рехидрациски течности во прв ред ги вклучува рехидрациските раствори (ОРС), супите со зеленчук и месо, вода или напиток од цеден лимон, пола лажичка мед и малку сол (на врвот од лажичката) кои се додаваат во околу 250 до 350 ml вода или чај.

Ваквата течност на телото ќе му ги врати изгубените електролити (натриум, калциум, магнезиум, цинк) и вода, со што нема дополнително да се поттикнува дијареата.

Во минатото на лицата со дијареа секогаш им се препорчувала лесна исхрана, односно исхрана која многу често подразбирала вода, чај, банани,ориз, јаболка и двопек, односно таканаречената BRAT диета (bananas, rice, applesauce and toast). Меѓутоа, денес медицината и клиничката диететика препорачуваат поинаков пристап.

Имено, ако се земе предвид фактот дека детето кое што има дијареа, висока телесна температура, повраќа и манифестира други симптоми ја губи енергијата и неговото тело станува исцрпено, важно е да му се даде соодветена исхрана која ќе му ја сочува силата па затоа се препорачува да се воспостави вообичаената детска исхрана. Кај доенчињата продолжувањето на доењето е задолжително, а кај повозрасните деца се препорачува преод во две фази кон вообичаеното детско мени.

При дијареа рехидратацијата е најважна мерка!

Првите денови на дијареа

Првата фаза се однесува на првите два дена од дијареата, односно првите два дена од вирозата. Во тој период се советува малку полесна исхрана која вклучува супи, рехидрациски раствор, кашички од гриз, банани, супа од варен морков и ориз, парчиња варен компир, пилешко и леб.

На детето му се нудат помали, но почести оброци, по можност на секои два часа, помеѓу кои на детето задолжително му се дава рехидрациски раствор.

Втората фаза подразбира збогатување на детската исхрана со намирници кои лесно се варат и кои имаат висока енергетска нутритивна вредност, а тоа се: тестенините, пченкарниот гриз, разновидните житарки, јајцата, сирењето, мали количини на путер и висококвалитетни билни масла. Целта е детето да јаде вообичаена исхрана, секако под услов таа да е избалансирана и разновидна.

Надоместокот на хранливите состојки

Освен течностите, за време на дијареата се губат и многу хранливи материи па затоа со разновидната и балансирана исхрана треба да се зголеми внесувањето на витаминот Ц, калциумот, натриумот и цинкот.

Бидејќи селективното внесување на микронутриенти не е лесно спроведливо, најдобар начин за надомест на витамините и минералите е целосна суплементација во вид на мултивитаминска подготовка која одговара на детската возраст. Со суплементација најдобро е да се започне што побрзо и најсоодветно е да се дава непосредно по оброкот.

Најдобар начин за замена на витамини и минерали

Никако не смее да се заборави дека човековиот дигестивен систем е жив и дека од неговото здравје и внатрешна рамнотежа зависи здравјето на целиот организам.

Дијареата е одбранбен механизам со кој телото се чисти од причинителите на инфекцијата, но во текот на тој процес се нарушува балансот на пробиотските култури кои живеат во дигестивниот систем, поради што модерната медицина, со помош на правилна рехидрација и соодветна исхрана, препорачува задолжителна терапија соклинички испитани пробиотски култури.

Во упатството се препорачува докажано ефикасниот Lactobacillus rhamnosus GG и Saccharomuces boulardii. Со земање на овие „добри’’ бактерии се создаваат неповолни услови за раст и развој на патогените, а резултатот е скратено времетраење на дијареата, подобра искористеност на хранливите материи и подобра функција на имунолошкиот систем.

При акутна дијареа се препорачува употреба на докажано ефикасни пробиотски култури кои го намалуваат траењето и интензитетот на дијареата.

 

Вирусната дијареа во детската возраст е речиси неизбежна, но со паметен пристап, кој во прв ред подразбира соодветна рехидрација, правилна исхрана и враќање на дигестивниот систем во рамнотежа со пробиотски препарати ќе се забрзаат процесот на опоравување.

За доволен внес на витамин Д одберете го најдоброто

back to top