Зошто да се додава витамин Д на децата и по првата година од животот?

Себастјан Розман, м-р. фарм.
Медицината базирана на докази препорачува додавање на витамин Д кај деца постари од една година, бидејќи рахитис (омекнување и ослабување на коските кај деца) може да се развие во текот на детската возраст.

Витаминот Д е многу важен витамин кој има бројни функции во нашето тело. Витаминот Д не е само еден витамин, тој всушност претставува име на група витамини растворливи во масти, кој се состои од витамини Д2, Д3, Д4 и Д5.

Најпознати, а воедно и најголем број претставници на оваа група се витамин Д3 или холекациферол и витамин Д2 или ергокалциферол. И покрај фактот дека двата витамини во ограничени количини се присутни  во храна, најголем дел од витамин Д се добива со изложеност на сончева светлина.

Сончевите зраци со ултравиолетово (УВБ) зрачење во долните слоеви на епидермисот од нашата кожа со хемиска реакција претвораат претходник сличен на холестерол (супстанца слична на холестерол) во витамин Д3. На тој начин со помош на сонцето задоволуваме дури 85 до 90% од потребите на витамин Д.

Педијатрите се согласни дека доенчињата не треба да бидат изложени на директна сончева светлина најмалку 6 месеци од животот, бидејќи нивната кожа содржи премалку пигмент (меланин) кој и дава боја на кожата и обезбедува соодветна заштита од сонцето. Изложеност на директна сончева светлина за време на тој период од животот докажано го зголемува ризикот од развој на рак на кожата подоцна во животот. Сепак, кај деца постари од шест месеци, потребно е претпазливо изложување на сонце. Ова особено се однесува на летните месеци помеѓу 11 и 15 часот, кога интензитетот на сончевите зраци е најголем.

Според горе опишаното, намерното избегнување на сонцето и податоците дека останатите извори на витамин Д се скоро занемарливи во споредба со сончевата светлина, според упатствата се препорачува да се додава витамин Д на децата барем до првата година од животот.

Витамин Д по првата година од животот

Сепак, возраста од една година во никој случај не смее да биде „магична граница“ кога треба да се престане со додавање на витамин Д. Медицината базирана на доказипрепорачува понатамошно додавање на витамин Д кај деца постари од една година, бидејќи рахитис (омекнување и ослабување на коските кај деца) може да се развие во текот на детската возраст.

Научните сознанија во врска со додавање на витамин Д по првата година, говорат во прилог на овие принципи:

  • Препорачливо е Вашите деца да земаат витамин Д од доцна есен до рана пролет (ноември до април) бидејќи сончевите зраци не се доволно силни за да стимулираат доволно производство на витамин Д во кожата и покрај соодветното изложување на сонце
  • Деца кои не се доволно изложени на сонце во летните месеци, се препорачува да земаат витамин Д во текот на целата година
  • Континуирано надополнување на резервите на витамин Д треба да се спроведува кај деца кои покажуваат (постојани) фактори на ризик за развој на недостаток на витамин Д, вклучувајќи:
    • прекумерна тежина
    • веганска диета
    • постојана употреба на заштитни креми
    • потемна пигментација на кожата
    • хронично заболување на бубрезите или црниот дроб
    • синдром на малапсорпција (тешка или намалена апсорпција на хранливи материи во цревата)
    • хронична терапија со лекови
    • институционализација или хоспитализација

Зошто е толку важна доволна количина на витамин Д?

Одамна е познато дека доволна количина на витамин Д во организмот се поврзува со силни и здрави коски. Витаминот Д овозможува здрави коски преку различни механизми кои се поврзани со метаболизам на калциум и фосфор. Витаминот Д постигнува регулација на калциум и фосфор преку зголемување на ефикасноста на апсорпција на овие два минерали во тенкото црево и нивна дополнителна мобилизација од коските. Тоа е особено важно во детството, кога е можен развој на рахитис и нарушувања во создавање на коскена маса.

Витаминот Д, исто така придонесува за здрави коски преку:

  • спречува неволни контракции на мускулите, што може да доведе до грчеви и спазми
  • соработува со коскени клетки во правилното преструктурирање на коските
  • спречува ослабување и кршливост на коските, кои поради недостаток на витамин Д честопати се со неправилна форма

Што е со останатите позитивни ефекти на витамин Д?

Во последниве години се покажа дека витаминот Д, покрај тоа што делува на коските, директно или индиректно го регулира изразувањето на најмалку 1250 гени кои влијаат на многу телесни функции. Затоа витамин Д:

  • го намалува воспалението
  • помага во истегнување и контракција на мускулите
  • го зајакнува имунолошкиот систем во борбата против бактериите и вирусите
  • помага во преносот на нервните сигнали помеѓу мозокот и останатите делови на телото

Дали сте знаеле: Количината на витамин Д кај новороденчињата во потполност зависи од состојбата на витамин Д кај младата мајка. Ваквите залихи се причина за тоа што надоместувањето на витаминот Д кај новороденчето не започнува првиот ден, туку втората недела по раѓањето или подоцна.

Дали сте знаеле: По зачнувањето, метаболизмот на витамин Д се менува така што нивото на активниот облик на витамин Д во крвотокот на мајката значително се зголемува со цел да се задоволат зголемените потреби за калциум поради минерализацијата на скелетот на фетусот. Покрај тоа, витаминот Д игра клучна улога во прилагодувањето на имунолошкиот систем потребен за започнување и одржување на нормална бременост.

Зошто да изберете WAYA Biotic D3 капки?

Покрај строго планирана, тестирана и редовно спроведена имплементација на систем за висок квалитет, WAYA Biotic D3 во однос на конкурентите на пазарот има две клучни придобивки:

1. Комбинација на витамин Д3 со сој на пробиотски бактерии Lactobacillus rhamnosus GG

Во прилог на сите здравствени придобивки на витамин Д опишани погоре,WAYA Biotic D3 капки поради присуството на најистражуваниот вид на пробиотски бактерии Lactobacillus rhamnosusGG носат многу дополнителни добри квалитети на здравјето и општата благосостојба. Бактерија Lactobacillus rhamnosus GG и WAYA D3 капки:

  • помага во регулирање на цревната микрофлора во корист на „добрите“ микроорганизми
  • докажано ги намалува симптомите на грчеви кај доенчиња
  • спречува појава или го олеснува текот на дијареата
  • поволно влијае на функционирањето на имунолошкиот систем
  • ги намалува симптомите на одредени гастроинтестинални нарушувања
  • поволно влијае на општата благосостојба на организмот
  • може да ја намали сериозноста на одредени алергии и егзема

Прочитајте повеќе за пробиотиците тука: Пробиотици, пребиотици и симбиотици за оние кои не знаат

2. Оптималната апсорпција на витамин Д3 е загарантирана поради формулацијата на база на масло

Истражувањата потврдуваат дека нашето тело најлесно го апсорбира и користи витамин Д3 кога се администрира во формулација на масло. Голема студија која вклучува преглед на повеќе од 300 научни студии за додаток на витамин Д открива дека носителите на витамин Д3 формулирани врз основа на масло (т.е. маслени емулзии или маслени суспензии) постигнуваат најбрзо зголемување на нивото на витамин Д во човечкото тело.

Дополнително важна предност на витамин Д на база на масло (маслена суспензија) е значително помала фреквенција на грчеви кај новороденчиња во споредба со препаратите без масло. На производите базирани на маслена суспензија не им се потребни разни адитиви (помошни супстанции) кои обезбедуваат стабилност на витамин Д растворлив во масти во препарат базиран на вода. Овие адитиви (помошни супстанции) се главниот виновник за појава на грчеви кај доенчиња.

Благодарение на капалката, дозирањето на WAYA Biotic D3маслени капки е прилично едноставно.

Извори:

  1. https://ods.od.nih.gov/factsheets/VitaminD-HealthProfessional/(Пристапено 7. 3. 2021)
  2. Pludowski P, Holick MF, Grant WB, Konstantynowicz J, Mascarenhas MR, Haq A, Povoroznyuk V, Balatska N, Barbosa AP, Karonova T, Rudenka E, Misiorowski W, Zakharova I, Rudenka A, Łukaszkiewicz J, Marcinowska-Suchowierska E, Łaszcz N, Abramowicz P, Bhattoa HP, Wimalawansa SJ. Vitamin D supplementation guidelines. J Steroid Biochem Mol Biol. 2018 Jan;175:125-135. doi: 10.1016/j.jsbmb.2017.01.021. Epub 2017 Feb 12. PMID: 28216084.
  3. Chang SW, Lee HC. Vitamin D and health – The missing vitamin in humans. Pediatr Neonatol. 2019 Jun;60(3):237-244. doi: 10.1016/j.pedneo.2019.04.007. Epub 2019 Apr 17. PMID: 31101452.
  4. Saggese G, Vierucci F, Prodam F, et al. Vitamin D in pediatric age: consensus of the Italian Pediatric Society and the Italian Society of Preventive and Social Pediatrics, jointly with the Italian Federation of Pediatricians. Ital J Pediatr. 2018;44(1):51. Published 2018 May 8. doi:10.1186/s13052-018-0488-7
  5. Grossmann RE, Tangpricha V. Evaluation of vehicle substances on vitamin D bioavailability: a systematic review. Mol Nutr Food Res. 2010;54(8):1055-1061. doi:10.1002/mnfr.200900578
back to top