Здраво варење при брз начин на живот

Сара Шипицки, мр. фарм.
Сведоци сме на фактот дека модерниот начин на живот го наметнува своето забрзано темпо, поради што луѓето не посветуваат доволно време на себе, на здравата исхрана, физичката активност и малите работи кои ги радуваат. Тоа со себе носи зголемена количина на стрес кој влијае на квалитетот на животот и на здравјето. Во целиот тој поврзан круг особено се истакнува гастроинтестиналниот систем, за кој е исклучително важно да биде здрав и ,,во функција”, а причини за тоа има многу.
[Translate to Macedonian:] V hitrem tempu življenja ljudje ne posvečamo dovolj časa zdravi prehrani in telesni aktivnosti. Na udaru so prebavila, prebavne težave so pogostejše.

Дека варењето на храната е неизоставен фактор за вистинско здравје, потврдува и фактот дека 29-ти мај е посветен на одбележување на здравото варење (World Digestive Health Day). Целта на одбележување на тој ден во здравството е да се подигне јавно свеста за превенција, дијагностицирање и третман на гастроинтестиналните нарушувања, а секоја година се посветува тема на одредено нарушување или заболување. WDHD оваа година се фокусира на цревниот микробиом кој претставува назив за трилион микроорганизми кои се наоѓаат во нашите црева

Зошто цревата се толку значајни?

Во денешно време многу луѓе страдаат од прекумерна телесна тежина, хроничен замор, хронична болка, алергии, разни воспаленија и инфекции. Со бројните тестови и терапии кои се навистина неопходни во некои случаи, често се заборава дека оштетените црева можат да бидат причина за многу проблеми.

Цревата обезбедуваат варење и апсорпција на главните хранливи материи, го штитат домаќинот од инфекции и разни патогени микроорганизми, штитат од развој на алергии и се во постојана комуникација со мозокот. Дали знаевте дека дури 70% од клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат во цревата? Затоа развојот на имунолошкиот систем зависи од воспоставувањето на урамнотежена и разновидна цревна флора.

Дали знаевте дека дури 70% од клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат во цревата?

Како до редовно варење?

Денешниот седечки начин на живот оневозможува луѓето да ја трошат количината на внесена енергија дневно, а исто така може да биде и причина за појава на т.н. мрзливи црева. За да ги одржите цревата здрави, следете ги следниве совети, кои веќе ви се сигурно добро познати, но вреди да ги повторите.

  1. Пијте доволно вода! Се препорачува да се пие најмалку 8 чаши вода дневно.
  2. Секој ден конзумирајте свежо подготвен, избалансиран дневен оброк кој треба да содржи протеини, јаглехидрати, незаситени и есенцијални масти, како и витамини и минерали.
  3. Секој залак храна добро џвакајте го.
  4. Избегнувајте засладени, газирани, ароматизирани и алкохолни пијалоци затоа што содржат многу калории.
  5. Намалете го конзумирањето на слатки. Премногу шеќер може да предизвика запек и да ги оштети коските и забите.
  6. Конзумирајте доволно диетални влакна дневно, но сепак не претерувајте. Препораката е помеѓу 20 и 30 g влакна дневно. Влакна се наоѓаат во храна од типот на интегрални житарици, овес, овошје и зеленчук.
  7. Јадете риба 2–3 пати неделно. Рибата е лесно сварлива храна, богата со омега-3 масни киселини, кои се важни за нормално функционирање на срцето, ги штитат крвните садови, го намалуваат нивото на холестерол и имаат антиинфламаторно дејство.
  8. Спијте најмалку седум часа на ден затоа што за време на спиењето сите клетки во телото се регенерираат.
  9. Вклучете физичка активност затоа што го подобрува протокот на крв, го зајакнува тонусот на мускулите, го подобрува метаболизмот и го олеснува физичкиот и менталниот стрес.

Здрави бактерии

Дали знаете дека во човечкото тело има повеќе клетки на микроорганизми отколку човечки клетки? Се проценува дека бројот на бактериски клетки е десет пати поголем од бројот на човечки клетки, па затоа не изненадува фактот што интересот за пробиотици и анализа на цревната флора е значително зголемен во последните години.

Исто како и во моментите на нарушено здравје кога си помагаме со соодветни лекови и други методи за подобрување на нашето здравје, така и во истите тие моменти мора да им помогнеме на нашите микроорганизми да обезбедат баланс помеѓу добрите и лошите бактерии. Ова го правиме со употреба на пробиотици.

Постојат многу пробиотски соеви на пазарот; затоа важно е да се избере соодветен сој за одредена индикација, притоа да се обрне внимание на својствата и клинички докажаната ефикасност.

Lactobacillus rhamnosus GG е најиспитуваниот пробиотски сој во светот, а оваа млечно киселинска бактерија инаку е и нормално присутна во цревата на човекот. Според светските насоки Lactobacillus rhamnosus GG се препорачува кај акутна дијареја, за спречување на дијарејата при земање антибиотици како и за одржување на баланс кај цревната микрофлора.

Lactobacillus rhamnosus GG е најиспитуваниот пробиотски сој во светот.

Рецепт за здраво варење

Точно дефиниран и достапен рецепт за потполно здраво варење нема затоа што зависи од повеќе фактори. Меѓутоа, примената на сите наведени совети чекор по чекор обезбедува здраво варење и здрави црева, што е исклучително важно за нормално функционирање и соочување со големиот број на дневни активности кои се неизбежни за модерниот човек.

Добрите бактерии и правилната исхрана се вистинскиот пат до регулирано варење. Започнете да се грижите за вашите црева навреме затоа што тие нè штитат!

Референци:

  1. Bischoff SC. Gut Health: A new objective in medicine? BMC Med, 2011.
  2. Karl JP in sod. Effects of Psychological, Environmental and Physical Stressors on the Gut Microbiota. Front Microbiol, 2018.
  3. Vighi G in sod. Allergy and the gastrointestinal system. Clin Exp Immunol, 2008.
  4. Thursby E i Juge N. Introduction to the human gut microbiota. Biochem J, 2017.
  5. Floch in sod. Recommendations for Probiotic Use. J Clin Gastr, 2011.
  6. World Digestive Health Day. https://www.worldgastroenterology.org/
back to top