Запекот и децата: кога цврстата храна и нокширчето предизвикуваат проблеми - главни пресвртници

Спрема некои истражувања запекот се јавува кај речиси една третина од луѓето, главно поради неадекватен начин на живот. Таквиот запек се нарекува и функционален запек бидејќи е предизвикан од различни функционални фактори:
- неправилна исхрана со премалку влакна,
- недоволен внес на течности,
- консумирање на големи количини на месо, чоколадо и други слатки или грицки,
- недоволна физичка активност,
- стрес или вршење голема нужда во непозната околина.
Запекот често се јавува кај доенчиња и деца, односно претставува причина за дури една четвртина од прегледите кајс педијатар или гастроентеролог. Најчеста причина за запек кај доенчињата и деца е стресот поради промените во секојдневниот живот.
Две најчести пресвртници:
1. ЗАПЕК ПОРАДИ ОДВИКНУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ОД ПЕЛЕНИ
Во втората година од животот, повеќето деца се соочуваат со нова стресна ситуација – одвикнување од пелени или навикнување на нокширче. Запекот тогаш се јавува како навика бидејќи е последица на доброволно и редовно задржување на столицата и тој е најчестата форма на запек кај децата.
Имено, во текот на привикнувањето на нокширче, децата доживуваат болка при вршење на голема нужда, нови места и начини на вршење на голема нужда и психолошки фактори како родителски притисок и страв. Децата често немаат време за нужда, особено за време на интересна игра или наутро.
Долгото задржување на столицата може да предизвика апсорпција на целата вода од неа, што ќе ја направи столицата тврда и ќе ја влоши болката при следното празнење на цревата.

Ако се јави запек за време на одвикнувањето од пелени, родителите треба да престанат со ставање на детето на нокширче и мораат веднаш да посетат педијатар.
2. ЗАПЕК КАЈ ДОЕНЧИЊАТА ПОРАДИ ВОВЕДУВАЊЕ НА ЦВРСТА ХРАНА
Кога бебето ќе го наполни четвртиот месец од животот, време е да започнеме да му воведуваме цврстата храна. Тогаш столицата може да стане поцврста, што предизвикува непријатност или дури и болки, поради што доенчето ја задржува столицата. Задржувањето на столицата може да предизвика запек, поцврста и посува столица и последователно задржување на столицата. Така децата влегуваат во маѓепсан круг во кој само родителите можат да им помогнат.
Ако забележите болка при празнењето на цревата или крв во столицата, веднаш обратете се кај вашиот педијатар.
Во повеќето случаи, запек за време на воведувањето на цврста храна се ублажува со додавање на овошни сокови (главно од јаболка, круши или сливи) и влакна во исхраната на доенчиња постари од четири месеци.
На тој начин, во исхраната можете да додадете:
- јачменови снегулки,
- пасирано овошје со многу растителни влакна (кајсии, круши, сливи, праски),
- сладок компир (батат),
- суви сливи,
- грав,
- грашок,
- брокула,
- спанаќ.
Децата исто така треба да пијат од 0,5 до 1 литар течност дневно, најдобро вода.

Кај хроничниот запек, на своето дете од шестиот месец на животот можете да му го понудите производот WAYA Lax Junior, кој ги ублажува проблемите предизвикани од запек. Децата го обожуваат поради одличниот вкус на праска, а вие ќе бидете воодушевени од неговото тројно дејство затоа што:
- нежно ги празни цревата,
- ја омекнува столицата,
- ја регулира работата на цревата,
- не содржи глутен и шеќер.
На овој начин ќе си обезбедите нежна поддршка на себе и на своите малечки при непријатни тегоби.
Нежно и ефикасно го решава запеко
Извори:
- https://www.jpedhc.org/action/showPdf?pii=S0891-5245%2817%2930131-1
- https://www.nasa-lekarna.si/clanki/clanek/tezave-z-zaprtostjo-pri-otrocih-mami-ne-morem-kakat-1-del/
- https://www.nasa-lekarna.si/clanki/clanek/blazje-prebavne-tezave-otrok/
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC8007206/pdf/dic-2020-11-2.pdf
- https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC4178044/pdf/PG-9-23479.pdf
- https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/25036242/
- https://www.tandfonline.com/doi/epdf/10.1080/17474124.2020.1708718?needAccess=true&role=button


