Седум корисни совети при користење на антибиотици

Урша Јарц, мр. фарм.
Зборот антибиотик доаѓа од латинскиот јазик и значи “против живот” (anti-против; bios-живот). По дефиниција, антибиотик е супстанција која го забавува размножувањето на бактериите или ги уништува и се употребува за лечење на бактериски инфекции. 1 Против другите микроорганизми, како што се вируси и паразити, антибиотиците се потполно неефикасни.
Правилно користење на антибиотик

Бактериите ги среќаваме на секој чекор. Само на кожата и во цревата има неколку милиони различни видови бактерии. Поголемиот број не предизвикуваат никакви проблеми, со некои од нив, како што се бактериите во цревата, живееме во симбиоза. Но, некои бактерии, кога ќе се размножат премногу, предизвикуваат бактериска инфекција која е потребно да се лечи со антибиотици.

Изследването от 2016 г. показва, че 53 % от българите вярват, че антибиотиците са ефективни при лечение на грип и настинки. 2

Антибиотикот секогаш мора да биде препишан од страна на лекар и тоа секогаш после извршен преглед на пациентот. Се користат според упатството бидејќи во спротивно нема да бидат ефикасни или може да предизвикаат несакани ефекти.

Седум корисни совети при користење на антибиотици

1. Кога и како треба да користиме антибиотик?

Поголемиот број на антибиотици потребно е да се земаат во точно определено време. Ако лекарот препишал антибиотик кој треба да се зема на секои 8 часа, навистина мора да се зема на секои 8 часа, а не на секои 10 или 5 часа, поради неговата ефикасност. Ако сте пропуштиле една доза, не смеете потоа да земете двојна доза. На децата најчесто им се препишува антибиотик во облик на суспензија. Во тој случај за ефикасно лекување потребно е шишето пред употреба добро да се протресе.

2. Може ли антибиотиците да се земаат со храна?

Зависи кој вид на антибиотик. Храната може да го зголеми или намали нивното дејство. Мора да се следат упатствата кои ги даваат лекарот и фармацевтот. Антибиотикот може да се зема пред јадење, за време на јадење или после јадење. Поимот “на гладно” или ”на празен желудник” значи дека лекот мора да се зема барем еден час пред јадење. Лекот испијте го со доволна количина на течност, најдобро со вода .3

3. Треба ли да се избегнуваат некои намирници?

Во текот на терапија со одредени антибиотици потребно е да се избегнуваат некои намирници. Одредени антибиотици не се препорачува да се земаат со производи кои содржат калциум, магнезиум и слични минерали. Избегнувајте млеко и млечни производи како и шумливи таблети со калциум и/или магнезиум, односно, јадете барем два часа пред или два часа после земањето на антибиотикот. На ефикасноста на лечењето со антибиотици можат да влијаат и алкохолот и грејпфрутот.

Советите за употреба на одредени антибиотици се наведени во соодветните упатства, но за се што треба ќе ве предупредат во аптека.

4. Колку долго треба да се користат антибиотиците?

Толку долго колку што ќе Ви препорача лекарот. Иако можно е само по неколку денови да се чувствувате многу подобро, потребно е да се придржувате до пропишаното време на лекување. Во спротивно може да преживее мала количина на бактерии која ќе развие отпорност на антибиотикот. Ако после периодот на лекување ви останат неколку таблети или малку сируп едноставно оставете ги на место предвидено за тоа “отпад за лекови” и немојте да ги чувате “за некој друг пат”.

Совети за употребата на антибиотици

5. Смеам ли да му дадам на пријател антибиотик кој ми останал од претходното лекување?

Не. Бактериската инфекција мора да ја потврди лекар и во однос на дијагнозата да препише соодветен антибиотик. Иако вашиот пријател може да има слични тегоби како вашите, на значи дека му е потребен истиот антибиотик. Може да дојде до алергиска реакција или до интеракција со останатите лекови со што може сериозно да се наруши неговата здравствена состојба.

6. Смеам ли да земам антибиотик со останатите лекови?

Треба да му кажете на Вашиот лекар и фармацевт кои други лекови или додатоци во исхрана ги користите секојдневно. Лекарот во однос на тоа може да одбере друг антибиотик и да ви посоветува одреден режим на исхрана.

Антибиотикот секогаш мора да биде препишан од страна на лекар и тоа секогаш после извршен преглед на пациентот. Се користат според упатството бидејќи во спротивно нема да бидат ефикасни или може да предизвикаат несакани ефекти.

7. Како може да се избегнат несаканите ефекти?

Секој лек, не само антибиотиците, предизвикуваат несакани ефекти кои најчесто се благи и минливи. Најчести несакани ефекти при употреба на антибиотици се дигестивни проблеми како слабост и дијареа. Значи, антибиотиците не разликуваат лоши од добри бактерии и затоа тие можат да ја нарушат рамнотежата на цревната флора. За намалување на несаканите ефекти од антибиотиците во текот на лекувањето се препорачува да се користи пробиотска култура. Ефикасноста на одредени соеви, како што се Saccharomyces boulardii и Lactobacillus rhamnosus GG, при спречување на дијареја предизвикана од употреба на антибиотици е докажана со клинички испитувања.4,5

За намалување на несаканите ефекти од антибиотиците во текот на лекувањето се препорачува да се користи пробиотска култура.

Правилната и сигурна употреба придонесува за подобри резултати во лечењето, ретка употреба на антибиотици и намалена отпорност на микроорганизмите на антибиотици. За тоа придонесува и истовремена употреба на сигурни и ефикасни пробиотски култури уште од првиот ден од употребата на антибиотик. Производите WAYA Biotic LGG® содржат докажана, микроинкапсулирана пробиотска култура Lactobacillus rhamnosus GG (LGG®). 

back to top