Недостаток на витамин Д
![[Translate to Macedonian:] Pomanjkanje vitamina D3](/fileadmin/waya/user_upload/pomanjkanje-vitamina-d.png)
Последици при недостаток на витамин Д
Како најчеста последица на недостатокот на витамин Д кај новороденчињата и децата се јавува рахитисот. Тоа е болест на коските која се карактеризира со омекнување на коскеното ткиво, коските стануваат осетливи, често и лесно се виткаат и кршат. Како симптоми може да се јават и слабост во мускулите и намален мускулен тонус.
Ниската концентрација на витамин Д кај возрасните предизвикува деградација на коските. Можни се дури и спонтани скршеници на коските. Недостатокот на витамин Д допринесува за појавата на остеопороза во староста, како резултат на намалената апсорпција на калциум.
Благи симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Д се исцрпеност, болки во мускулите и коските.
Зошто е важно земањето на витамин Д?
За јаки коски
Недостатокот на витамин Д го менува метаболизмот на минерали, што предизвикува ниска минерална густина на коските и го зголемува ризикот од губење на коскената маса или скршеници.
За имунолошкиот систем
Повеќето клетки во нашето тело содржат рецептори за витаминот Д. На тој начин влијае и на клетките од имуниот систем и овозможува нивно нормално функционирање.
За здрави заби
Витаминот Д потребен е и во процесот на нормално создавање и минерализирање на забите. Клучен е за нивниот раст, развој, како и одржување на здравите заби.
Кога постои можност за недостаток на витамин Д?
Недостаток на витамин Д се јавува при намалено изложување на сонце, како резултат на неговото намалено создавање и/или кога не го внесуваме доволно со исхраната.
Тоа е особено важно кај доенчињата и децата. Имено, доенчињата не ги изложуваме директно на сонце и ако нивната исхрана се заснова на доење, тогаш не се внесува доволно витамин Д.
Препорачливо е кај доенчињата уште од нивната прва недела да се додаде витаминот Д во исхраната. Употребата на витамин Д се препорачува и кај деца до 18 години како и кај постари особи, односно кај сите оние кои не внесуваат доволно витамин Д со исхраната или не се изложуваат доволно на сонце.

Витаминот Д во исхраната
Постојат малку природни извори на витамин Д. Мрсните риби (харинга, скуша, туна, сардела, лосос) и маслото од црниот дроб на бакаларот се најбогати извори на витаминот Д3, а помали количини има во говедскиот црн дроб и жолчката. Добар извор на ергокалцифероли, односно на витамин Д2 се печурките и квасецот. Денес, токму овие две форми се додаваат во млекото и млечните производи, како и во другите намирници кои природно имаат многу малку витамин Д.
Во испитувањата на Здружението на педијатри утврдено е дека ризикот од недостаток на витамин Д кај доенчињата и децата е зголемен, а најпроблематичен е за децата до тригодишна возраст.
Додавање на витаминот Д
Додавањето на витаминот Д се препорачува кај сите деца во првата година, без разлика дали се доени или не, а кај некои и во понатамошниот раст и развој.
Со оглед на фактот дека токсичноста на витаминот Д е веќе утврдена, се препорачува тој да се дава под надзор на стручно лице. Големите дози на витамин Д може да предизвикаат пред сè хиперкалцемија, која потоа се поврзува со појавата на голема жед, застој во растот, анорексија, повраќање, намален IQ, и со калцификација на мекото ткиво и создавање на бубрежен камен.