Грчеви кај доенчиња

Во првите месеци од животот на доенчињата честа е појавата на стомачни грчеви, односно колики. Обично се јавуваат кај едно од пет новороденчиња, а почести се кај момчињата. Поради ненадејните болки во стомакот, доенчињата неутешно плачат, ги стискаат рачињата, ги виткаат колената и се вцрвуваат во лицето.
[Translate to Macedonian:] Krči ali kolike pri dojenčkih so pogosti

Неутешниот плач кај доенчињата најчесто се јавува доцна попладне или навечер и трае:

  • најмалку три часа дневно
  • најмалку три дена неделно и
  • најмалку три последователни седмици

Додека плаче, бебето бара да цица или пак бара цуцла, а кога ќе му биде понудено, веднаш одбива. Грчевите често се проследени со гасови и отежнато празнење на цревата..

Дали сте знаеле?

Коликите најчесто се јавуваат помеѓу втората и третата недела од животот и престануваат во четвртиот или петтиот месец.

Причини за појава на грчеви или колики кај новороденчиња

Иако не е констатиран точниот причинител за појавата на грчеви, постојат бројни објаснувања, меѓу кои:

  • недоволно развиен гастроинтестинален систем кај доенчињата
  • забрзана работа на цревата кај доенчињата (перисталтика)
  • за време на хранењето доенчињата голтаат премногу воздух (кој во цревата предизвикува надуеност и појава на грчеви; тегобите се почести кај доенчињата кои се хранат со цуцла со поголем отвор)
  • алергија или преосетливост кај доенчињата на некоја состојка од храната (храна богата со јаглехидрати) или на состојка од храната која ја конзумирала мајката (протеини од кравјо млеко, јајца); поголемиот број алергии се минливи и можат да се спречат со диетална исхрана
  • лактозна интолеранција (недостаток на ензимот лактаза кој во цревата помага во разградување на лактозата)
  • коликите исто така можат да бидат знак за сериозно заболување, па најдобро е доенчето да го прегледа педијатар

Vzroki za krče oz. kolike pri dojenčku

Повеќето здрави новороденчиња ги добиваат сите потребни хранливи состојки преку мајчиното млеко или со употребата на млечни формули. Па оттаму, поради грчевите не се престанува со доење, а доколку детето се храни со млечна формула, треба да се обидеме да ја замениме. Млечната формула со ознаката AC, има прилагоден состав за деца со грчеви.

Често е погрешно верувањето дека мајката која што дои новороденче кое има грчеви треба да биде на диета. Тоа не е потребно, освен доколку кај новороденчето е потврдена алергија на кравјо млеко или јајца. Поради непотребната диета на мајката ќе ѝ бидат скратени важни хранливи состојки и енергија, која и е повеќе од потребна, а на новороденчето нема ни малку да му помогне.

[Translate to Macedonian:] Pediatri ob pojavu krčev priporočajo tudi probiotične kapljice z mlečnokislinsko bakterijo Lactobacillus rhamnosus GG

Дали сте знаеле?

При појавата на грчеви, педијатрите исто така препорачуваат капки кои содржат пробиотска култура на млечно-киселинската бактерија Lactobacillus rhamnosus GG.

Како можете да му помогнете на своето бебе кога има грчеви?

  1. Земете го бебето во прегратка и нежно лулајте го или така движете се низ домот.
  2. Завиткајте го бебето во ќебенце да би се чувствувало удобно, па така лулајте го во количка или во неговото креветче.
  3. Можете исто така да го ставите бебето во носилка која е добро прицврстена на своите гради. Бебињата сакаат да го почувствуваат мајчиното срцебиење, ги смирува.
  4. Некои бебиња се смируваат возејќи се во автомобил.
  5. Нежно масирајте го стомачето на бебето со топло бебешко масло.
  6. Ставете на бебешкото стомаче загреана пелена и нежно масирајте. Можете да користите и бебешки термофори против грчеви кои се исто така практични.
  7. Педијатрите препорачуваат капки кои содржат пробиотик ( млечно-киселинска бактерија) Lactobacillus rhamnosus GG, и тоа оние кај кои бактериите се најдобро заштитени односно микроинкапсулирани.
  8. Тивкото пеење исто така може да го смири бебето.
  9. Проверете ја својата исхрана ако доите бебе. Исфрлете ја храната која предизвикува гасови (грашок, грав, зелка), намалете го внесот на газирани пијалоци, кафе, чоколада, бибер, лути пиперки, чили и други јаки зачини.
  10. Оставете го бебето на кратко во неговото креветче со тивка и смирувачка музика ( Mozart, Beethoven), после неколку минути самото ќе се смири.

Родители, пред сè бидете трпеливи и смирени. Погрижете се да го запазите редот при хранење на детето и погрижете се при јадење детето да не голта премногу воздух; се препорачува масажа на стомачето, а освен тоа можете да употребите билни капки или капки со пробиотик со витамин Д или без него.

Литература:

  • Guarino et al: European Society for Pediatric Gastroenterology, Hepatology, and Nutrition/European Society for Pediatric: Infectious Diseases evidence-based guidelines for the management of acute gastroenteritis in children in Europe update 2014. J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2014;59:132–152.
  • https://www.mojpedijatar.co.rs/stomacni-grcevi-kod-beba/ Asist. dr Miloš Ješić, pedijatar neonatolog, dostop 14. 2. 2020.
  • https://www.mojpedijatar.co.rs/grcevi-kod-beba-infantilne-kolike/ Dr Goran Vukomanović, dostop 14. 2. 2020.
  • de Weerth et al. Intestinal Microbiota of Infants with Colic: Development and Specific Signatures. Pediatrics. 2013 Feb;131(2):e550-8.
  • Savino et al. Intestinal microflora in breastfed colicky and non-colicky infants. Acta Paediatr. 2004 Jun;93(6):825-9.
  • Pärtty. Infant colic crying and gastrointestinal tract, Causes, Consequences and Cure. University of Turku, Turku, 2013.

Изберете докажан квалитет!

back to top