Иритабилен колон

Синдромот на иритабилен колон или нервозни црева спаѓа во најчестите функционални гастроинтестинални тегоби. За функционални пореметувања во гастроинтестиналниот систем говориме тогаш кога со испитувањата не може да се најде физиолошката причина за тегобите – нема патолошки промени во гастроинтестиналниот тракт, а пациентите сепак имаат изразени тегоби кои можат во значителна мера да влијаат на квалитетот на животот.
Иритабилен колон

Што претставува синдром на иритабилен колон?

Се работи за пореметување во мотилитетот на целиот гастроинтестинален тракт кое воглавном ги погодува луѓето во средни години, а можеби и порано.

За синдромот на иритабилен колон говориме тогаш кога постои трајна или зачестена болка во стомакот која се јавува барем еднаш неделно и е поврзана најмалку со два од овие критериуми: болката се јавува при празнење на цревата, променета е зачестеноста на столицата и/или се менува конституцијата на столицата.

Синдромот дури може да се појави и кај деца, бидејќи некои деца на физички или психички стрес реагираат со болка во стомакот. Кај децата почесто се развива синдром на иритабилен колон отколку кај останатата популација. Кај жените се појавува три пати почесто отколку на мажите.

Причини за појава на иритабилен колон

Причините сеуште не се познати. На појавата на синдромот влијаат различни фактори, пр.:

  • возраст,
  • пол,
  • генетика,
  • хормонски промени,
  • некои лекови,
  • инфекции на гастроинтестиналниот тракт,
  • алергии,
  • некои видови на храна,
  • стрес…

Vzroki za razdražljivo črevesje

Симптоми на иритабилен колон

За нервозни црева карактеристични се:

  • Болка и непријатност во стомакот кои се намалуваат после празнење на цревата.
  • Пaциентите чувствуваат подуеност, често чувствуваат потреба за голема нужда или чувство на непотполно празнење на цревата.
  • Столицата може да биде почеста – повеќе од три пати дневно – или поретка – помалку од три пати дневно.
  • Обично се менуваат периоди на запек и чести столици.
  • Може да се менува и обликот на столицата: грудваста, тврда, тенка како олово, во облик на топчиња, мека или течна.
  • Во столицата може да се јави слуз.
  • Обично жените се жалат на запек, а мажите на дијареа.

Дали сте знаеле

Акутната форма на раздразливи црева во стресни ситуации ја доживеал секој од нас. Хроничен облик, кој се јавува приближно кај 14% од возрасните, се смета за болест кај современиот човек и поврзана е со стресот.

Докторите по општа медицина заедно со вас ќе се обидат да ги најдат причините кои ја влошуваат вашата состојба. Во периодот на барање и исклучување на друго заболување можеби ќе биде потребно и неколку пати да се посети доктор. Подоцна ќе одите на доктор само кога нема да бидете во можност сами да ги совладате симптомите.

Како да се олеснат тегобите при иритабилен колон?

  • Најважна е правилната исхрана. Треба да содржи повеќе овошје, зеленчук и житарици.
  • Оброците треба да бидат помали.
  • Храната треба да се џвака добро и споро, бидејќи на тој начин се избегнува голтање на воздух.
  • Треба да се внесува доволно течности.
  • Се препорачува доволна физичка активност, бидејќи тоа претставува добар начин на совладување на стресот, а ја поттикнува и работата на цревата.
  • Со употреба на пробиотски производи се трудиме да воспоставиме цревна рамнотежа.

Литература:

  • Lacy et al. Rome Criteria and a Diagnostic Approach to Irritable Bowel Syndrome. J Clin Med. 2017 Oct 26;6(11).
  • Dolinar-Kante. Razdražljivo Črevo. Združenje zdravnikov družinske medicine. 2014.
  • Kim et al. Sex-Gender Differences in Irritable Bowel Syndrome. J Neurogastroenterol Motil. 2018 Oct 1;24(4):544-558.
  • Guarner et al: World Gastroenterology Organisation Global Guidelines: probiotic and prebiotics. February 2017.

Изберете докажан квалитет!

back to top