Зошто е потребно да се користат пробиотски култури при терапија со антибиотици?

Урша Јарц, мр. фарм.
Секоја терапија со антибиотици може сериозно да ја наруши рамнотежата меѓу штетните и корисните бактерии во цревата што многу брзо може да предизвика нови здравствени проблеми. Најчести несакани ефекти од терапијата со антибиотици се дигестивните тегоби.
За време на антибиотската терапија секогаш користете пробиотици

Заедницата на сите микроорганизми кои живеат во цревата се нарекува цревна микрофлора. Наместо нас и за нас тие извршуваат голем број на задачи. Помагаат да се разгради храната која ја јадеме, нé штитат од штетни бактерии и патогени и ја стимулираат обновата на клетките и го одржуваат цревниот ѕид цврст. Покрај тоа влијаат на развојот и работатана имуниот систем и со тоа многу придонесуваат за нашето здравје.

Здравата микрофлора се одликува со рамнотежа меѓу корисните и штетните бактерии. Како таква успешно се справува со штетните надворешните фактори кои можат да предизвикаат различни стресни состојби (неурамнотежена исхрана, стрес, инфекции, патувања, антибиотици).

Ако се надворешните фактори стресни (пример лекување со антибиотици), нејзината рамнотежа може толку да се наруши што не може брзо да се воспостави стабилна состојба. Во сите такви случаи може да помогнат пробиотските култури.

Пробиотските култури помагаат да се одржи цревната рамнотежа и помагаат во варење на храната.

Дијареја при терапија со антибиотици

Во текот на употребата на антибиотици најчести несакани ефекти се дигестивните проблеми, како што се дијареја, надуеност, слабост и болка во стомакот. Антибиотиците, како што веќе кажавме, не ги разликуваат корисните од штетните бактерии така да покрај штетните бактерии ги уништуваат и корисните бактерии во цревата.

Дијареата предизвикана од антибиотици може да се појави на почетокот на лекувањето или дури и до осум седмици после завршувањето на терапијата со антибиотици и тоа кај секој трет пациент кој е на терапија со антибиотик.

Секоја антибиотска терапија значително ја нарушува бактериската флора на здравите црева.

Со користење на пробиотски култури може да се воспостави рамнотежа на цревната флора

Пробиотици се живи микроорганизми, најчесто бактерии на млечна киселина, кои ако се земаат во доволни количини позитивно влијаат на здравјето на човекот.

Се наоѓаат во ферментирани прехранбени производи, како што се кефир и јогурт, а можат да се купат и какододатоци во исхраната. Најпозната и препорачлива употреба на пробиотици е при дигестивни нарушувања како што се дијареа и надразнети црева.

Пробиотските култури во системот за варење се натпреваруваат со бактериите кои се штетни за здравјето, ја разградуваат храната, влијаат на нејзиното варење и помагаат во зајакнување на природната отпорност на организмот.

Погрешно е мислењето дека една пробиотска култура ги има сите од горенаведените поволности бидејќи сите меѓусебно се разликуваат. Некои се поуспешни во борбата со штетните бактерии, други во поттикнување на системот за варење и/или регулирање на имунолошкиот систем. Пробиотската култура може да биде ефикасен помошник на цревната микрофлора само ако е внимателно одбрана, тестирана и со докажана ефикасност.

Кој пробиотик да се одбере?

Испитани се голем број на соеви, но за третман на дигестивните тегоби најмногу се истакнуваат бактериите од родот Lactobacillus и Bifidobacterium  односно габата Saccharomyces boulardii. Секој сој има свој карактеристичен механизам на дејство и затоа ефектите на индивидуалните пробиотски соеви не можат да се прифатат за сите пробиотици.

Во спречувањето на дијареа која е настаната како последица од терапија со антибиотици најмногу клинички докази има за сојот Lactobacillus rhamnosus GG (LGG®). Истовремена употреба на пробиотик кој содржи сој LGG®, со антибиотска терапија го намалува ризикот од појава на дијареа за 60%1. Со употребата на пробиотици можеме и сами да помогнеме за побрзо опоравување после бактериска инфекција, а пред се можеме да избегнеме непријатните дигестивни тегоби и да ја зголемиме можноста за побрзо заздравување од антибиотикот.

Докажано е дека истовремена употреба на пробиотик кој го содржи сојот L. rhamnosus GG при терапија со антибиотик го намалува ризикот од појава на дијареа за повеќе од 60%.

Се препорачува пробиотската култура да се зема уште на почетокот на антибиотската терапија и да се продолжи да се зема се до завршувањето со терапијата со антибиотик. Имајќи во предвид дека антибиотиците може негативно да делуваат на пробиотиците, за оптимален ефект се препорачува антибиотиците и пробиотските култури да се земаат со разлика од барем два часа.

Правилната и безбедна употреба овозможува подобри резултати во лечењето, ретка употреба на антибиотици и ја намалува отпорноста на микроорганизмите на антибиотици. За тоа придонесува и истовремената употреба на сигурни и ефикасни пробиотски култури веќе од првиот ден на користење на антибиотици. Производите WAYA Biotic LGG® содржат докажана микроинкапсулирана пробиотска култура Lactobacillus rhamnosus GG (LGG®).

Извори:

  1. Vanderhoof JA. Lactobacillus GG in the prevention of antibiotic-associated diarrhea in children. J Pediatr. 1999 Nov;135(5):564-8
  2. Floch MH. et al. Recommendations for probiotics use – 2015 update. J Clin Gastroenterol.2015;49:S69-73.
  3. Del Piano M, Carmagnola S, Ballarè M, Sartori M, Orsello M, Balzarini M, Pagliarulo M, Tari R, Anderloni A, Strozzi GP, Mogna L, Sforza F, Capurso L. Is microencapsulation the future of probiotic preparations? The increased efficacy of gastroprotected probiotics. Gut Microbes. 2011;2:120-3
back to top