Горушица во бременост – симптоми за ублажување на чувството на жарење

Бременоста во животот на многу жени е еден од најубавите периоди, но тоа неверојатно искуство со себе носи бројни непријатности. Една од нив често е горушица или жарење во градите, која може да биде проследена и со проблеми со варење, надуеност и дијареа.

Многу жени првата горушица ја искусуваат во текот на бременоста, бидејќи ова непријатно чувство ги погодува дури третина од идните мајки, посебно во раната бременост и во третото тримесечје.

Иако горушицата во бременоста е честа и најчесто безопасна, може да биде многу непријатна и негативно да влијае на искуството на бременоста и квалитетот на животот кај жените. Откријте ги начините на кои можете да ја ублажите или дури и да ја спречите болката.

Што е рефлукс на киселина во текот на бременоста?

Иако многу луѓе наизменично ги користат изразите горушица и рефлукс на киселина, овие тегоби имаат различни дефиниции:

  • Кај рефлукс сфинктерот (мускул затворач) не затвора комплетно. Тоа овозможува желудочната киселина да се движи од желудникот дохранопроводот. При тоа киселината ја иритира чувствителната слузница на хранопроводот.
  • Горушица, која ја доживуваме како болка или жарење во градите, всушност е симптом на рефлукс на киселина. Горушица се јавува во поодмината бременост бидејќи бебето зазема се повеќе место во стомакот. Тоа го менува распоредот на органите и го зголемува притисокот на желудникот и сфинктерот.

Многу жени првата горушица ја искусуваат во текот на бременоста, бидејќи ова непријатно чувство ги погодува дури третина од идните мајки, посебно во раната бременост и во третото тримесечје.

Зошто се јавува горушицата за време на бременост?

Хормоните кои имаат значително зголемени нивоа во бременоста, можат да влијаат на опуштање на сфинктерот (мускул затворач) на влезот на желудникот. Овој мускул не се затвора правилно, со што се дозволува киселата содржина од желудникот да се врати во хранопроводот, а таа состојба е позната како рефлукс на киселината.

Највлијателен хормон е прогестерон, кој помага во опуштање на мускулите за време на бременоста, како би се апсорбирале хранливи материи кои патуваат до постелката и обезбедуваат здрав развој на детето. Прогестеронот исто така може да ја ослободи блокадата на мускулите, а со тоа киселината од желудникот се враќа во хранопроводот.

Освен хормони, за појавата на горушица во бременост, особено пред крај на тој прекрасен период, влијаат и физичките промени на органите. Матката се повеќе се шири, оставајќи малку место за преостанатите органи. Тие го притискаат желудникот, со тоа и веројатноста и киселината да се истисне од него.

Симптоми на горушица во бременоста

Секоја бременост е поинаква и секоја идна мајка на различен начин ги чувствува непријатните чувства кои се јавуваат, а истото се подразбира и за горушицата. Ќе Ви ги наведеме најчестите симптоми на горушица во бременоста, но нема сите како по правило да се појават и кај Вас:

 

  • чувство на жарење во градите веднаш зад градната коска кое се јавува по оброк и трае од неколку минути до неколку часа
  • жарење во грлото или чувство на топлина, кисела или солена течност во внатрешната страна од грлото
  • болка во градите, посебно по наведнување, лежење или обилен оброк
  • хронична кашлица
  • подригнување
  • засипнатост
  • повраќање
  • чувство на ситост
  • надуеност
  • свирење при дишење или останати симптоми слични на астма
  • општа слабост или недостаток на енергија

Освен хормони, за појавата на горушица во бременост, особено пред крај на тој прекрасен период, влијаат и физичките промени на органите.

Како може да се спречи горушицата за време на бременоста?

Горушица во бременост може да биде исклучително непријатна и може да ја следи бременоста со месеци. Со тоа е важно да се знаат начините со кои можете да ја ублажите или пак да ја спречите.

Најважно е да ги промените Вашите навики во исхраната:

  • Јадете неколку мали оброци во текот на денот. На тој начин храната нема предолго да се задржува во желудникот.
  • Јадете пополека и со уживање и добро џвакајте ја храната.
  • Пијте многу течности помеѓу оброците. Исто така испијте една до две голтки топла вода пред оброк како би ја подобриле дигестијата.
  • Не јадете најмалку 2 до 3 часа пред спиење.
  • Избегнувајте пржена, зачинета или масна храна, бидејќи е тешко сварлива.
  • Ограничете го внесот на кофеин.
  • Не пушете и избегнувајте алкохол. Освен што пушењето и консумирање алкохол кај мајката предизвикува горушица за време бременоста, исто така може да предизвика и здравствени проблеми кај бебето.

 

Покрај промените во навиките во исхраната, постојат и други начини да се решите од горушицата:

  • Седете исправено за време на оброк за да го опуштите желудникот.
  • Не седете и не лежете по јадење. Наместо тоа малку прошетајте и на тој начин ќе му помогнете на варењето.
  • Пределот каде Ви е поставена главата на креветот нека биде повисок од останатиот дел на креветот каде Ви се поставени нозете. Исто така можете да ставите перница под рамената. Со тоа ќе спречите желудочната киселина да се движи спрема градите.

Кај горушица за време на бременост, помогнете си со медицинскиот производ WAYA StopReflux

 Производите за ублажување на горушица на база на алгинат како што е WAYA StopReflux можат да Ви помогнат во спречување на горушица во бременоста. Производот ја ублажува горушицата со механичко спречување на рефлукс за помалку од три минути, зацелува и ја штити слузницата.

Пред употреба консултирајте се со Вашиот лекар или гинеколог.

back to top